Поранешната сопруга на Кевин Костнер е вљубена во неговиот пријател (ФОТО) - Канал 5

Поранешната сопруга на Кевин Костнер е вљубена во неговиот пријател (ФОТО)

Во мај минатата година светските медиуми ја пренесоа веста дека актерот Кевин Костнер се разведува од Кристина Баумгартнер по 18 години брак.

Поранешната сопруга на Кевин Костнер е вљубена во неговиот пријател (ФОТО)

По болниот развод, Кристин повторно ја најде среќата - со финансиерот Џош Конор, пријателот на Кевин и поранешен сосед на сега веќе разведениот пар.

Кристин (49) се гледа со Конор по разделбата со Кевин, потврди нејзина пријателка за магазинот People.

„Џош на почетокот беше само пријател“, додава изворот. Кристин, вели таа, сака да се дружи со Конор. "Тој е разведен татко и разбира низ што минува таа. И двајцата го сакаат животот на океанот и на плажа. Тоа е нешто што ја прави Кристин среќна", рекла пријателката.

За време на сослушувањето за издршка на децата во август 2023 година, адвокатот на Кристин, Џон Рајдел, ги негирал гласините за романса меѓу двајцата. Потоа изјавил дека Конор ѝ бил само пријател и ништо повеќе.

Друг извор, исто така, се огласи за новата романса, велејќи дека Кристин и Конор „се забавуваат, иако претходно имале цврсто пријателство“. Бидејќи Кристин и Конор се на „исто место во нивните животи“, додава тој, романсата би можела да процвета. „Тие многу се забавуваат заедно“, вели изворот.

Инаку, Кристин и Конор биле фотографирани на почетокот на август на одмор на Хаваи. Тогаш медиумите објавија дека Кристин го налутила Кевин со својот потег. „Нему му се гади од тоа. Не знае што да мисли или кому да верува“, открил извор за In Touch Weekly.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

На 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Медведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.

Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите.

Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура.

Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру.

Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер