Поранешната канцеларка Меркел од галерија го набљудува изборот на Мерц во Бундестагот - Канал 5

Поранешната канцеларка Меркел од галерија го набљудува изборот на Мерц во Бундестагот

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел беше меѓу неколкуте специјални гости кои од галеријата на парламентот го следеа изборот на конзервативецот Фридрих Мерц за канцелар, јави ДПА.

Поранешната канцеларка Меркел од галерија го набљудува изборот на Мерц во Бундестагот

Меркел и Мерц - двајцата членови на Христијанските демократи (CDU) - се скараа откако Меркел го доби водството на партијата во 2002 година, а Мерц постепено се повлече од политиката за да продолжи кариера во корпоративното право пред да се врати по пензионирањето на Меркел во 2021 година.

Меркел во февруари му честиташе на својот поранешен противник за неговата победа на изборите и му посака „среќа“, потсетува ДПА.

Облечена во бледо жолто сако, Меркел накратко стана, се насмевна и им мавна на собраните пратеници кога претседателката на Бундестагот, Јулија Клекнер, ја поздрави на седницата.

Меркел седеше до Рита Зусмут, која беше претседателка на Бундестагот од 1988 до 1998 година.

Меѓу другите гости беа претседателката на Горниот дом, Анке Релингер, и комесарката за вооружени сили на германскиот парламент, Ева Хегл, пренесе ДПА.

Неделава премиерот Мицкоски ќе го покани Таравари на уште една средба

Неделава премиерот христијан мицкоски ќе го покани претседателот на Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство Арбен Таравари на уште една средба.

Неделава премиерот Мицкоски ќе го покани Таравари на уште една средба

Најверојатно последна на двајцата во својство на премиер и министер. Мицкоски вчера изјави дека најмалку што очекувал од Таравари е да заврши во рацете на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Потпресдателот на ДУИ Бујар Османи рече дека одлуката на Таравари е израз на храброст бидејќи владата е моноетничка.

Хамас подготвен да преговара за прекин на огнот

Хамас соопшти дека ќе го ослободи последниот жив американски заложник како дел од напорите за постигнување на договор за прекин на огнот, отворање на граничните премини и дистрибуција на хуманитарна помош.

Хамас подготвен да преговара за прекин на огнот

Но, Хамас не прецизира кога ќе биде ослободен Идн Александар, кој беше киднапиран на 7 октомври 2023 година. Тој е американски државјанин со израелско потекло.

Лидерот на Хамас, Калил ал-Хаја изјави дека изминатите денови е во контакт со американската администрација. Тој наведе дека Хамас е подготвен „веднаш да почне интензивни преговори“ за постигнување долгорочен прекин на огнот, размена на палестински затвореници за заложниците од Газа и предавање на власта во Појасот Газа на независен тим технократи.

Најавата на Хамас за ослободување на Александар е воочи посетата на американскиот претседател на Блиски Исток. /МИА

Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос.

Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје од петти мај до 11 мај 2025 година со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

притисни ентер