Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“ - Канал 5

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“

Клисаровска ја презела функцијата вршител на должноста директор на 2 ноември 2022 година, а била разрешена на 27 февруари 2024 поради истек на временското продолжување.

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“

Недостиг од утрински состаноци, отсуство на групно донесување на одлуки за терапија и неажурирани протоколи, беа дел од недостатоците што ги изнесе поранешната в.д. директорка на Клиниката за Онкологија, Виолета Клисаровска, на судењето за случајот „Онкологија 2“. Таа посочи дека при нејзиното назначување затекнала долг, нееднакви исплати кон добавувачите и судски спорови, како и задоцнета набавка на терапија што доведувала до ризик од прекин во лекувањето. Клисаровска сведочеше дека овие состојби се обидела да ги надмине со воведување на онколошки конзилиум, системски анализи и транспарентно работење.

-Стручниот колегиум е движечката сила на една здравствена организација, а директорот е тој кој треба да ги овозможи сите услови за негово функционирање, сведочеш таа.

Клисаровска ја презела функцијата вршител на должноста директор на 2 ноември 2022 година, а била разрешена на 27 февруари 2024 поради истек на временското продолжување. Вработена е на клиниката од 2002 година, а од 2007 е специјалист по радиотерапија и онкологија. Била и раководител.

Таа пред судот објасни дека при преземањето на функцијата затекнала недостиг од утрински состаноци и недоволна информираност на стручниот колегиум.

- Ваквите утрински состаноци недостасуваа и ние немавме секогаш доволно информации потребни за нормално функционирање - рече таа, додавајќи дека веднаш иницирала нивно воведување.

Во своето сведочење посочи дека препишувањето терапија претходно било индивидуално, што го сметала за проблематично. Затоа иницирала формирање на онколошки конзилиум, за првпат во клиниката, со цел групно донесување одлуки за препишување терапија.

- Сметав дека тоа не треба да биде така и затоа уште првите денови од извршување должноста ја покренав постапката за формирање на онколошки конзилиум. Главната цел беше групна одлука за препис на терапија за лек кој е на листата на условниот буџет - нагласи таа.

Клсаровска детално објасни како функционира конзилиумот, нагласувајќи дека секој лекар реферира пациент со сите значајни параметри на болеста, а одлуката се носи колективно и се потпишува од сите членови.

- Сите имаат право да дадат забелешка, да постават прашања, може да се разгледа историјата во целост и доколку е единствен ставот, секој член се потпишува на одлуката со своето име - рече таа.

Во продолжение таа зборуваше и за финансиската состојба на клиниката при што истакна дека затекнала долг кој започнал да се создава интензивно во 2021 и 2022 година.

- Од прилика за пет до шест месеци, летото 2023 година долгот беше речиси преполовен. Сметам дека тоа беше најмногу благодарение на извршниот ангажман за анализа и многу поважно, презентирање на таа анализа пред повисоките институции – Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Бирото за јавни набавки, па дури и Владата - рече таа.

Таа објасни дека исцрпните анализи значеле добивање податоци за секој лек поединечно, за да се знае колку пациенти го примаат и колку е надминувањето на бројките споредено со одобрените.

- За повеќе лекови имаше сериозни надминувања на бројката, за што веднаш побарав консултации со ФЗОМ, за да може да се изнајде решение за проблемот без исклучување на пациентите, а сепак како институција да бидеме што е можно поблиску до одобрувањата - нагласи таа.

Додаде дека онколошкиот конзилиум редовно давал информации за лековите, количините и проценките за наредните месеци, а на секои три до четири месеци доставувала конкретни табели со број на пациенти по лек до ФЗОМ.

- Она што го затекнав беше и една нееднаквост на исплатите на добавувачите, така што се трудев, освен намалувањето на долгот, сите добавувачи да ги донесам до една блиска рамка на исплата. Сите беа доведени еден период до исплаќање ист месец, или разлика од месец до два - рече таа.

Сведокот зборуваше и за соработката со организацискиот директор Нехат Нухи, нагласувајќи дека односот бил професионален, но дека најголемиот дел од иницијативите биле нејзини.

-Секогаш се трудев да му го образложам секој дел од тоа што го предлагам и одевме заедно, поради потребата од врзан потпис, заедно на состаноците, но мислам дека нема да биде нескромно ако кажам дека многу повеќе лично се ангажирав - истакна таа.

Во сведочењето се осврна и на проблемите со недостиг на терапија, задоцнети испораки и дефектури. Таа објасни дека со анализа успеала да предвиди кога би се појавил недостаток на лекови и навреме да алармира до Министерството и Фондот.

Клисаровска потврди дека била присутна при претресот на клиниката на 1 септември 2023, во просторијата на Нино Васев, каде биле пронајдени лекови од условен буџет, меѓу кои ерлотиниб и кризотиниб. Таа се потпишала на записниците од претресот и нагласи дека биле пронајдени и други лекови од позитивната листа.

Во текот на вкрстените прашања од одбраната, адвокатот Вељо Кадиев, бранител на Нино Васев, ја праша Клисаровска дали состаноците можеле да се одржуваат за време на ковид-пандемијата. Таа одговори дека и покрај околностите, смета оти имало простор за стручни состаноци.

Во врска со онколошкиот конзилиум, Кадиев посочи дека истиот не се одржувал ниту пред Васев да биде именуван за директор, што Клисаровска го потврди.

Се согласи дека клиниката се соочувала со недостиг на лекови, особено биолошка терапија, и нагласи дека проблемот потекнува од тоа што при планирањето на тендерите за Министерството за здравство, не биле консултирани лекарите.

- Мислам дека тука е суштинскиот проблем на Клиниката во смисла при планирање на двегодишниот тендер од страна на МЗ грешка е што како стручен колегиум не сме биле консултирани ниту кои лекови да влезат, ниту, пак, сме биле прашани која би била потребата за количината на истите лекови. Јас тука ја наоѓам грешката и оттука почнува голготата на Онкологија. Затоа таа пракса е прекината. Факт е дека има сѐ повеќе пациенти, потребата за лекови е сѐ поголема и токму затоа најважни се исцрпните анализи, транспарентноста и помошта од повисоките институции - рече таа.

На прашања од Никола Васев, таа рече дека била пасивен сведок при претресот и само потврдила дека биле пронајдени лекови, без да ги проверува датумите. Потврди и дека го повикала Васев да дојде на работа кога службите сакале да разговараат со него, додавајќи дека ситуацијата била непријатна и незаборавна.

На прашање од бранителката на Нехат Нухи, адвокатка Анита Бегова, таа истакна дека соработката со Нухи била професионална, но најголемиот дел од иницијативите, како што рече, биле нејзини, со објаснување кон организацискиот директор поради потребата од врзани потписи.

Во забелешка адвокатката посочи дека теоријата на одбраната е дека работењето на УКРО е системски проблем, а не индивидуален.

На денешното рочиште бранителката на Нехат Нухи повторно предложи мерката притвор за Нино Васев и Нухи да се замени со куќен притвор. Таа аргументираше дека постојат променети околности, повикувајќи се на случајот со Артан Груби, кој по година и едномесечно бегство доби домашен притвор наместо притвор. Бегова нагласи дека пред законот сите граѓани треба да бидат еднакви и дека за Васев и Нухи нема докази дека би се дале во бегство ако им се одреди поблага мерка.

-Сметам дека не постои разлика меѓу Нехат Нухи, Никола Васев и Артан Груби. Конзистентен треба да биде ставот на обвинителството - рече таа, додавајќи дека верува оти ЈО се водело од хумани причини, а не од политички или коруптивни мотиви.

Бранителот Вељо Кадиев го поддржа предлогот, нагласувајќи дека судот не смее да дозволи мерката притвор да премине во казна.

Од друга страна, Јавното обвинителство остана на истиот став и не понуди промена на мерката.

Судот не го прифати предлогот во оваа фаза на постапката притворот да биде заменет со куќен притвор.

- Со оглед дека одлуката на судот по ист ваков предлог беше донесена на 17.2.2026 година, а нема променети околности поради кои судот во ја заменил веќе определената и продолжува на мерка притвор согласно член 165, став 1 од ЗКП - образложи судијката.

Судењето продолжува на 10 март со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството.

Во случајот „Онкологија 2“, Васев и Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината и тврдат дека процесот е политички мотивиран.

Покрај овој предмет, во тек е и постапката „Онкологија 1“, во која Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување пациенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер