Поранешната девојка на Канје Вест откри: Никогаш не спиевме заедно - Канал 5

Поранешната девојка на Канје Вест откри: Никогаш не спиевме заедно

Манекенката и актерка Џулија Фокс минатата година беше во врска со контроверзниот рапер и продуцент Канје Вест.

Поранешната девојка на Канје Вест откри: Никогаш не спиевме заедно

Убавата менекенка во своите мемоари „Down the Drain“ пишува и за врската со екс сопругот на американската старлета Ким Кардашијан.

„Гардијан“ објави извадок од книгата, а се работи за бизарниот предлог што ѝ го дал Канје.

- Денот го поминавме играјќи „Uno“ и игра која вклучува истакнување на позитивни зборови во речникот - пишува 33-годишната манекенка.

Потоа откри дека во текот на играта Канје и предложил да ги зголеми градите.

- Ќе ти платам операција на градите ако сакаш - и рекол тој, пишува Фокс.

Таа го одбила тој предлог.

Џулија неодамна изјави дека таа и Канје никогаш не спиеле заедно за време на нивната краткотрајна романса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Едно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти.

Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала.

Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени.

Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија.

Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од денеска, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

притисни ентер