Поранешната адвокатка на Трамп се мажи за турски милијардер: Свадба вредна околу 10 милиони долари - Канал 5

Поранешната адвокатка на Трамп се мажи за турски милијардер: Свадба вредна околу 10 милиони долари

Алина Хаба, поранешната приватна адвокатка на американскиот претседател Доналд Трамп, се омажи за турскиот милијардер Турхан Милдон и сподели детали од раскошната церемонија на социјалните мрежи. 

Поранешната адвокатка на Трамп се мажи за турски милијардер: Свадба вредна околу 10 милиони долари

Двојката стапи во брак во саботата во хотелот „Волдорф Асторија“ во Њујорк.

Според извор цитиран од „Њујорк пост“, свадбата чинела приближно 10 милиони долари. Церемонијата се одржа во големата сала за свечености на хотелот, која беше украсена со околу 900.000 цвеќиња донесени од разни делови на светот.

Младенците си ги разменија заветите пред прекрасен аранжман од бели и розови рози, додека целата сала беше исполнета со црвени цвеќиња.

Посебно внимание привлече големата цветна декорација поставена на таванот, од која висеа светкави реси. По церемонијата, Хаба и Милдон го одиграа првиот танц на песната „Hier Encore“, во изведба на француски пејач ангажиран специјално за таа пригода.

Хаба смени дури три фустани во текот на вечерта. На почетокот, таа носеше прекрасна бела венчаница украсена со тантела и долг шлеп. Подоцна облече долг, светкав фустан со тенки прерамки, додека за забавниот дел од вечерта избра краток бел фустан со корсет со светки и цветни детали на здолништето.

Нејзиниот сопруг се одлучи за класичен црн костум, бела кошула и пеперутка-вратоврска. За организација на целата прослава ја ангажирале компанијата „YSD Events“, а гостите ги забавувал оркестар од 30 члена.

Децата на Алина, Клои и Лук, го поминаа речиси целото време од вечерта покрај младенците.

На прославата присуствуваа бројни истакнати личности од политичкиот круг на Трамп, како и други јавни личности. Меѓу гостите беа поранешниот боксер Мајк Тајсон, директорот на ФБИ Каш Пател, американскиот адвокат Тод Бланш и соработничката од Белата куќа, Марго Мартин.

На свадбената прослава настапи и познатиот рапер Нели. Хаба и Милдон се запознаа претходно оваа година на еден настан во Центарот „Кенеди“, по што нивната врска стана јавна.

Ова е трет брак на Хаба. Од 2011 до 2019 година таа беше во брак со адвокатот Метју Ајет, со кого има две деца. Потоа, од 2020 до почетокот на 2026 година, таа беше во брак со претприемачот Грег Рубен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Бројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност.

Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир.

Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата.

Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен.

Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик.

Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката.

Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови.

Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка.

Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање.

Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. 

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер