ЗабаваПоранешна жена на фудбалер: Имам 52 години и сакам да се шетам гола (ФОТО)Поранешна сопруга на фудбалер, а денес инфлуенсерка Лизи Канди (52) сака да се шета гола кога е сама дома.Во интервју за Фаб Дејли, таа рече дека се чувствува послободно колку што старее. "Сега имам 52 години и се чувствувам навистина секси. Ми се допаѓа да сум гола и да ги работам домашните работи без облека. Мислам дека е во ред. Родени сме голи и сите имаме исти делови на телото. Сигурна сум дека поштарот се шокира кога ме виде", се пошегува таа. View this post on Instagram A post shared by Lizzie Cundy (@lizziecundy) За време на пандемијата, таа објавила бројни разголени фотографии од домашна атмосфера, а на некои со маски ги покрива интимните делови од телото. На други, ја коси тревата во фустан и потпетици и ги фарба sидовите во костим за капење. Како што вели, со вакви фотографии сака да им донесе насмевка на лицата на луѓето. View this post on Instagram A post shared by Lizzie Cundy (@lizziecundy) "Важно е да бидете сигурни во себе, и да бидам искрена, никогаш не сум изгледала подобро, па зошто да не го покажам тоа. Кога имав 20 години, не мислев дека ќе бидам гола цело време, но самодовербата доаѓа со возраста. Сите сме со различни форми и големини, ајде да одиме да го прославиме тоа “, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Lizzie Cundy (@lizziecundy) Таа додаде дека нејзината самодоверба ја подобрила состојбата во спалната соба. Нејзините синови, 19-годишниот Џејмс и 25-годишниот Џош, кои сè уште живеат со неа, не се толку среќни што нивната мајка често се соблекува гола. View this post on Instagram A post shared by Lizzie Cundy (@lizziecundy) "Знам дека тие понекогаш си ја покриваат главата кога ќе видат што сум објавила. Понекогаш ми велат дека нема веќе да ме фотографираат за Инстаграм. Но, тие не ми велат да престанам, знаат дека тоа е мојата смисла за хумор", додаде таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Нова истрага против Дејан Јованов Деко за давање поткуп, обвинителството бара притворДен пред првообвинетиот за случајот „Пулс“ Дејан Јованов Деко да излезе од притвор, против него е отворена нова истрага, овој пат за давање поткуп.Од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка за него за кривично дело - давање поткуп. Тој се сомничи дека дал поткуп на службено лице во министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови. Поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, велат од ОЈО ГОК, од каде соопштуваат дека службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка.. Јованов утре требаше да излезе од притвор за случајот Пулс, зашто според законот, тој во притвор може да остане најмногу една година од оценката на обвинението..Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МетеоСончево со мала до умерена облачност и температура до 26 степениУтрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Според УХМР ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.Како што соопшти владината прес-служба, Фон дер Лајен ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата. Премиерот Мицкоски во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, во изјава за медиумите повтори дека Владата е подготвена за разговор и решение, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата дека го кочи евроинтегративниот пат со неотварањето, односно неприфаќањето на уставните измени. – Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни. Ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение – истакна Мицкоски. Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давковa во Вила Водно. Ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ. На средбите се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook