СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“
1СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“
Други спортовиПоранешна НФЛ ѕвезда за 40 дена пост без никаква храна, изгубил 45 килограми (ФОТО)Поранешниот играч на НФЛ Расел Окунг постел 40 дена.Не јадел храна, консумирал само вода, а во тој период ослабел дури 45 килограми. Окунг, кој во текот на кариерата играше за Сиетл Сихокс и Денвер Бронкос, беше познат по својата импресивна тежина од 150 килограми. Сепак, и покрај неговите достигнувања, вклучувајќи прстен за Супер Боул, две покани за Про Боул и наградата Big 12 Offensive Lineman of the Year, Окунг не бил задоволен од својот живот. Тоа го натерало да оди на драстична диета која траела 40 дена. Во видеото на Твитер, Окунг го објасни својот потег: "Поминав низ транзиција. Посветив 30 години на мојот повик. Страсно се искачував, ја обликував мојата кариера, се стремев да бидам најдобар. Освоив трофеи и признанија, но набрзо почувствував празнина. Не најдов задоволство во тоа. Не се чувствував поврзан со моето семејство, ниту знаев кој сум навистина. Потоа се молев, барав водство и мудрост и се најдов себеси. Од тој момент имаше само еден одговор...“, изјави Окунг. The journey from being a 330+ lbs @NFL football player to 100+ lbs lighter - has been unreal! A new me, a new chapter. The number one question I keep hearing is: "how did you do it?" pic.twitter.com/bLBDGe1h7c — OKUNG 🕊️ (@RussellOkung) June 6, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00
ФудбалОстанува во затвор поранешната ѕвезда на Премиер лигата- судењето му е закажано за идната година Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон ќе остане во притвор откако новото барање за кауција беше одбиено од судот во Ливерпул. Почетокот на судењето, кое беше закажано за минатата недела, беше одложено за 8 март 2027 година. Обвинение и судска одлука Бартон беше обвинет за нанесување тешки телесни повреди на Кевин Линч, што 44-годишниот поранешен фудбалер го негираше на суд и се изјасни за невин. Наводниот напад се случил на 8 март во Хајтон. Обвинителството тврди дека на инцидентот му претходело заедничко консумирање алкохол во локален голф клуб. Според обвинението, Линч претрпел сериозни повреди на окото во нападот. Тој е поранешен тренер во пониска лига и основач на академија за специјално образование. Бартон се појави на рочиштето преку видео врска од затворот ХМП во Ливерпул. Откако судијата Дејвид Потер го одби барањето за кауција, Бартон само кимна со главата за да покаже дека ја разбира одлуката. Следното прелиминарно рочиште е закажано за 11 декември оваа година, а се очекува главниот претрес да трае околу две недели. Потоа Бартон ќе добие шанса да ја презентира својата одбрана пред поротата. BREAKING: Former footballer Joey Barton will remain in custody until his trial next year after a bail application was refused. 🚨 pic.twitter.com/SenEtKy47d — Sky Sports News (@SkySportsNews) September 7, 2026 Кариера и контроверзии За време на неговата кариера, поранешниот играч од средниот ред беше почитуван поради неговите фудбалски вештини, но стана познат и по инцидентите надвор од теренот. Неговото однесување честопати привлекуваше исто толку медиумско внимание како и неговите игри. Своите најдобри играчки години ги помина во Премиер лигата, каде што играше за Манчестер Сити, Њукасл Јунајтед, Квинс Парк Ренџерс и Барнли. Во Англија беше член на Евертон, а во странство го носеше дресот на Марсеј и Ренџерс. Одигра еден натпревар за англиската репрезентација, во 2007 година против Шпанија. По завршувањето на играчката кариера, се префрли на тренерска работа. Ги водеше Флитвуд Таун и Бристол Роверс, но тој период од неговата кариера беше обележан и со јавни конфликти и дисциплински проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески.Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство. Хипокризија во најчиста форма. На јубилејот на независноста премиерот прво зборува за единство, за жртвите, за иднината. Потоа ја активира истата стара фашистичка реторика на „талог“ кампањата што ја води од Илинден наваму, по теркот од најмрачните периоди. И за да биде пораката кристално јасна, седнува до државниот обвинител. Ова не е државнички говор. Ова е отворена закана. Ова е порака: ние ги контролираме институциите, ние ќе „расчистуваме“, ние одлучуваме кој е талог, а кој е ВМРО, тоа е криминална елита. Додека зборува за правда и за тоа дека „талогот не смее да стане елита“, неговата Влада е најголемиот пример токму за тоа - криминални тендери, задолжувања од 4 милијарди евра за две години, мито дури и кај директорите и возачите, поделби, заплашување на критичарите и медиумите. Граѓаните не се талог. Опозицијата не е талог. Критичарите не се талог. Талог е оној што ја злоупотребува власта, што ги дели луѓето, што седи до обвинителот и испраќа закани на денот на независноста. СДСМ ќе продолжи да ја брани демократијата, слободата на говор и правото на секој граѓанин да не биде обележан како „талог“ само затоа што мисли поинаку. Народот ќе победи. Криминалците ќе одговараат. Власта ќе биде вратена на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСимболот на Брисел , облечен во македонска носија по повод 8- Септември (ВИДЕО)На социјалнит емрежи се појави видео од еден од најпознатите симболи на Брисел, облечен во македонска носија. Еден од најпознатите симболи на Брисел, статуата Манекен Пис, денеска за првпат беше облечен во традиционална македонска носија, по повод 8 Септември – Денот на независноста и 35 години од осамостојувањето на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook