Поранешна манекенка го обвини Трамп за сексуално злоставување во „извртена игра“ со Епштајн - Канал 5

Поранешна манекенка го обвини Трамп за сексуално злоставување во „извртена игра“ со Епштајн

Поранешната манекенка Стејси Вилијамс го обвини републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори и поранешен американски претседател Доналд Трамп дека сексуално ја злоставувал во 1993 година.

Поранешна манекенка го обвини Трамп за сексуално злоставување во „извртена игра“ со Епштајн

Вилијамс тврдеше дека Трамп, кој го запознала преку починатиот обвинет сексуален престапник, Џефри Епштајн, ја допирал на несакан сексуален начин во инцидент во Трамп Тауер за кој таа верувала дека е еден вид „извртена игра“ меѓу двајцата мажи, објави „Гардијан“.

Стејси Вилијамс, која работела како професионален модел во 1990-тите, изјавила дека за прв пат се запознала со тогашниот републикански милијардер Доналд Трамп во 1992 година на божиќна забава, на која отишла на покана на американскиот финансиер Џефри Епштајн, кого го познавала и претходно. Вилијамс тврдеше дека кога пристигнала, Трамп ја повлекол кон себе и ги допирал нејзините гради, како и половината и задникот. Рекла и дека поради била „длабоко вознемирена“ и дека мислела дека го видела Доналд Трамп како му се смешка на Епштајн.

Самиот Епштајн беше обвинет за сексуално злоставување и силување млади девојки, а изврши самоубиство со бесење во затвор во Њујорк во 2019 година. Вилијамс, исто така, рече дека во 1993 година, Трамп на својот агент му испратил разгледница по курир, во која имало слика од неговата резиденција Мар-а-Лаго во Палм Бич, со рачно напишани зборови на задната страна, велејќи: „Стејси - твојот дом далеку од дома. Со љубов, Доналд“. Таа им ја покажа разгледницата на новинарите на „Гардијан“.

„Идејата за тоа чудовиште да се врати во Белата куќа е мојот најлош кошмар“, рече Вилијамс, која рече дека се чувствувала „понижено“ по наводниот напад и дека била жртва на „болна игра“ на Епштајн и на Трамп

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер