Поранешна германска актерка го обвини Роман Полански за силување

За електронското издание на “Њујорк тајмс”, 61-годишната поранешна германска актерка Ренате Лангер тврди дека Полански ја силувал кога имала 15 години.

Тој наводно прво ја силувал во неговиот дом во Гштад, и потоа еден месец подоцна во Рим каде имала мала улога во неговиот филм „Che”.

Лангер е четврта жена што го обвинува Полански за сексуално насилство.

Според поранешната актерка, таа кажува што се случило сега, бидејќи не сакала нејзините родители тогаш да знаат за тоа, а од неодамна тие биле починати.

Според Њујорк тајмс, Лангер пријавила се во швајцарската полиција, каде што сега ја испитуваат можноста за отпочнување на кривично дело.

Во Швајцарија не постои закон за истекување на рокови ако случајот е силување за малолетници, пишува весникот.

84-годишниот Полански е на листата на лица кои ги бара Интерпол од 1977 година, кога судот во САД го прогласи за виновен за заведување на Саманта Гејмер која во моментот на злосторството имала 13 години.

Режисерот постигнал договор со истрагата и бил 42 дена во затвор.

Потоа бил ослободен, но судијата последователно го повикал обвинителството да го побара Полански за да биде осуден на 50 години затвор.

Режисерот потоа избегал во Европа.

Во септември 2009 година Полански, кој има полско и француско државјанство, беше задржан во швајцарскиот град Цирих по барање на американските власти.

По десет месеци домашен притвор режисерот беше ослободен со кауција од 4,5 милиони долари, а една година подоцна Министерството за правда на Швајцарија одлучи да го одбие барањето на САД за екстрадиција на Полански и конечно го ослободи.

Во јануари 2015 година, САД испратија барање за екстрадиција на режисерот од Полска, но окружниот суд во Краков исто ја одби.

Во пресудата се наведува дека Полански веќе го издржал терминот што му бил наметнат во договорот со американската правда.

Расистички навреди кон Нико Вилијамс

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, беше цел на расистички навреди од трибините на натпреварот против Атлетико Мадрид во 33. коло од шпанската Ла Лига.

Дваесетиедногодишниот Шпанец го постигна единствениот гол за баскискиот клуб кој ги загуби натпреварот со 3-1.

„Не е нормално да те навредуваат поради бојата на кожата. Знам дека насекаде има глупави луѓе, но ова треба да се промени. Играчите на Атлетико ме поддржаа и разбираат дека е неприфатливо да се пуштаат мајмунски звуци за време на натпревари“, изјави Вилијамс, цитиран од шпанските медиуми.

Вилијамс оваа сезона забележа 32 настапи во сите натпреварувања за Атлетик, постигнувајќи шест голови, а запиша и 14 асистенции.

На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип

 Повеќе од 800 луѓе се заразиле со норовирус (стомачен грип) на пролетниот фестивал во Штутгарт, град во југозападна Германија, јави Би-Би-Си.

Не е познато како се шири вирусот, но бројот на заразени значително се зголеми во текот на неделата.

Претставниците на властите во Штутгарт веруваат дека изворот на инфекцијата не е храната и пијалоците кои се служат во фестивалскиот шатор, бидејќи анализираните примероци биле негативни.

Тестирани се и персоналот, како и садовите и водата што се користат за миење.

Градскиот здравствен институт смета дека вирусот се пренесувал од човек на човек, преку капки, иако не се знае кој го донел вирусот - посетител или вработен.

Посетителите набрзо се пожалиле на повраќање, дијареа и гадење.

Градските здравствени власти објавија дека до петок, 26 април, биле заразени 815 лица. Пролетниот фестивал на падините на реката Некар започна на 20 април и ќе трае 23 дена.

Барнли го осуди навивачкото скандирање за трагедијата во Минхен

Раководството на премиерлигашот Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои за време на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед скандираа навредливи пораки за трагедијата во Минхен во 1958 година.

Раководството на премиерлигашот Барнли го осуди однесувањето на дел од своите навивачи кои за време на саботниот натпревар против Манчестер Јунајтед скандираа навредливи пораки за трагедијата во Минхен во 1958 година, во која, меѓу другите, загинаа осум фудбалери на Јунајтед.

Во саботата Барнли успеа да освои бод против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ (1:1), а на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележат скандирања и недолични гестови меѓу навивачите на Барнли во врска со трагедијата во Минхен.

„Гестовите и скандирањето во врска со трагедијата е целосно неприфатливо однесување и фудбалскиот клуб Барнли не го толерира. Ќе работиме со полицијата и Манчестер Јунајтед за да помогнеме во идентификувањето и кривичното гонење на одговорните лица“, се вели во соопштението на Барнли, пренесе Би-Би-Си. (ББЦ).

Во авионска несреќа во Минхен во 1958 година, загинаа 23 лица, меѓу кои и осум фудбалери на Манчестер Јунајтед.

притисни ентер