ЖивотПоранешен затвор во САД е на продажба за 195.000 долари, во него се снимале филмови (ВИДЕО)Поранешен затвор во Мисури е на продажба. Неговата цена е 195 илјади долари (околу 180 илјади евра) и е целосно опремен.Имено, во овој затвор затворениците биле сместени 40 години, а потоа бил користен како складиште и локација за снимање филмови. За продажбата на овој имот е одговорна Пола Вос од агенцијата NextHome Vibe Real Estate. „Затворот е недопрен. Подготвен е за вашата визија и имагинација. Ова е приликата што ја чекавте. Продавачот го продава како што е“, рече Пола. Сè уште е целосно опремен со три блока во кои се сместени по 34 ќелии со тоалет и мијалник. Има деловен простор од 5.300 квадратни метри, а зградата од цврста тула и бетон е „изградена да трае“, се вели на веб-страницата на NextHome Vibe Real Estate. Имотот датира од 1960 година и се наоѓа на околу 60 километри од Канзас Сити. Сопственикот, кој го купил овој затвор пред две години и сега го продава, завршил со отстранување на азбестот, исчистил сè и ја обоил надворешноста. „Еден мој пријател го купи затворот на аукција пред две години со планови да го подобри. Тој направи некои подобрувања, како што се отстранување на азбест, бојадисување и чистење. Затворот се користеше како магацин и беше празен околу 20 години. Пријателот имал планови да изгради осум станови и гаражи, но наместо тоа решил да го продаде имотот“, изјави Пола за Newsweek. Продажбата на овој затвор стана вирална на интернет. „Не очекував дека ќе стане вирално. Многу е забавно. Го видов видеото на TikTok и добив повеќе од 500 барања, главно од инвеститори надвор од државата“, вели Пола. @seth.hollingsworth Replying to @peacepotato if we all put up $1 we could buy this 😁 #zillow #zillowtastrophe #zillowgonewild #prison #jail #outerbanks #obx ♬ original sound - sethhollingsworth Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаЈанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежаАктивностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“.Ј.П. Комуналец Кавадарци во соработка со Општина Кавадарци, започна со реализација на проект за откривање дефекти и истекувања во водоводната мрежа, со примена на современа технологија за поефикасно управување со водните ресурси. Во рамки на овие активности, директорот на ЈП Комуналец потпиша Меморандум за соработка со компанијата Ecotip, со цел примена на современи технолошки решенија за откривање дефекти и намалување на загубите на вода во водоводната мрежа. Проектот предвидува поставување на 20 акустични сензори на карактеристични локации во градската водоводна мрежа. Преку 24-часовни мерења и обработка на податоците со специјализиран софтвер, ќе се овозможи попрецизно лоцирање на потенцијалните истекувања и дефекти. Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“, а во наредниот период ќе продолжат и на улиците „Илинденска“, „Тиквешко востание“ и на други локации. Со примената на оваа технологија ќе се овозможи откривање дефекти што тешко се забележуваат со вообичаените методи, без непотребно оштетување на постојната инфраструктура. Очекуваните придобивки се намалување на загубите на вода, побрзо санирање на дефектите и поефикасно одржување на водоводната мрежа. Преку соработката со Општина Кавадарци и компанијата „Ецотип“, ЈП „Комуналец“ продолжува со воведување современи решенија за унапредување на комуналните услуги и поодговорно управување со водните ресурси, во интерес на сите граѓани, објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР ОхридМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид.По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)Најмалку осум лица се повредени откако силни турбуленции го погодија авионот што леташе за Њујорк, принудувајќи го да направи итно слетување.Авионот на „Авијанка“ полета од Меделин, Колумбија, во четврток во 22:40 часот по локално време кон аеродромот ЏФК, но беше принуден да го промени курсот и да слета во Мајами само три часа по почетокот на летот, објави Ен-Би-Си. Авионот „Ербас А320“ се искачи на околу 35.000 стапки додека леташе над Јамајка и Куба, упатувајќи се кон север, пред нагло да се спушти околу 2,5 часа по почетокот на летот. Видео од пилотската кабина објавено од американските медиуми по слетувањето на авионот ги покажа луѓето во состојба на шок. Авионот се спушти 25.000 стапки (7.500 метри) за само неколку минути, според податоците на FlightRadar24, пред да слета во Мајами. „Повеќе пациенти се повредени“, изјавија претставници на противпожарната и спасувачка служба во Мајами-Дејд откако авионот слета околу 3:30 часот наутро, а најмалку едно лице е во сериозна состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook