Поранешен шеф на разузнувачка агенција ќе биде премиер на Холандија, изборите беа во ноември

Поранешниот шеф на холандската разузнавачка агенција Дик Шуф ​​ќе биде претставен како предложен премиер на идната десничарска влада.

Четирите партии кои ќе ја формираат новата влада, предводена од националистичката ПВВ на Герт Вилдерс, најавија прес-конференција со Шуф за попладневните часови.

Победникот на изборите Вилдерс на почетокот на месецот постигна договор за формирање нова влада со уште три конзервативни партии, откако се исклучи себеси од премиерската позиција. Шуф (67) моментално има висока позиција во Министерството за правда, откако со години ја водеше разузнавачката служба АИВД и антитерористичката агенција НТВ.

Тој би ја предводел владата за која четирите партии велат дека ќе има полабави врски со парламентот. Владата, сепак, ќе мора да се придржува до четиристраниот договор кој има за цел да ја ограничи имиграцијата и исклучоците поврзани со прашањето за азил и правилата за животна средина.

Холандскиот националист Вилдерс претходно постигна договор за формирање десничарска влада со потенцијални партнери, речиси шест месеци по победата на изборите. Со поделени партии за миграциската политика и државниот буџет, тензичните преговори за формирање на десничарска влада се одолговлекуваат откако тој извојува неочекувана изборна победа на 22 ноември.

Договорот значи дека антимуслиманската Партија на слободата (ПВВ) предводена од Вилдерс, централнодесничарската партија ВВД на премиерот во заминување Марк Руте, центристичката NSC и партијата на протестите на фармерите БББ ќе формираат владејачка коалиција со 88 членови во Долниот дом на холандскиот парламент, кој има вкупно 150 места. Како што беше најавено, Владата ќе почне со работа до крајот на јуни.

Видео: Унгарската фудбалска федерација се огласи за тешко повредениот репрезентативец

Фудбалскиот сојуз на Унгарија ја објави состојбата на Барнабас Варга, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска на ЕУРО 2024.

Варга се повреди при судир со голманот на Шкотска Ангус Ган во 68. минута од натпреварот, а по тој судир Варга остана без свест.

Нему му била укажана помош на неколку минути, по што бил изнесен на носилки, опкружен со пехарници.

„Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Фудбалерот на Ференцварош моментално се наоѓа во болница во Штутгарт. Доколку има некаква вест за неговиот статус, веднаш ќе ве известиме“, соопштија од Унгарската фудбалска федерација.

Унгарија инаку на крајот го доби мечот од 3 коло во групата А и ги задржа шансите за пламсна во следната рунда. Шкотска е победена со голот на Кевин Чобот во 100. минута од натпреварот.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на терен со екипите за расчистување на штетите по невремето

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и екипите за расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода, вечерва активно работат на санација на штетите.

Како што истакна, немало премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш. Ги извести граѓаните дека и тој и екипите стануваат на терен и дека сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.

-Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија штета. Не голема, но доволно за интервенција. За среќа, имавме многу малку повици за поплавени домови и неколку паднати дрвја, каде што веднаш интервениравме!

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен.

Сите служби се на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на:

071391250 и 070259942-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Христијан Мицкоски - претседател на Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ќе ја предводи новата Влада, е роден во Скопје на 29.09.1977 година.

Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од декември 2017 година.

Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машински факултет во Скопје

Во периодот 2016-2017 година бил генерален директор и претседател на УО на АД Електрани на Македонија, а од 2015 до 2017 бил советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за енергетика.

Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а претходно бил вонреден професор, доцент, асистент и помлад асистент. Во 2021 и 2012 година работел во ФОНКО клима како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации.

Има објавено 35 меѓународни публикации и научни трудови, како и десетина домашни, автор е на триесеттина стручни апликации, а учествувал и во неклку меѓународни, развојни и научно-истражувачки проекти.

Добитник е шест меѓународни домашни признанија и награди.

Од компјутерски вештини познава AutoCAD, MATLAB/Simulink, Microsoft Visual C++.

Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично, а италијанскиот добро.

притисни ентер