Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
1Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
ТехнологијаПоранешен офицер објасни што навистина собориле авионите на САД по средбата со НЛОНеверојатната слика на неидентификуван летечки објект (НЛО), на кој американската авијација наиде минатата година над Алјаска и Јукон, започна вистинска поплава од шпекулации за тоа што всушност претставува точката во форма на потковица на небото.Некои го споредуваа ова НЛО со објектите опишани од Кенет Арнолд во 1947 година и кои ја започнаа употребата на изразот „летечка чинија“, други го споредија со вселенското летало од научно-фантастичниот филм „Прометеј“ (2012). Британскиот Дејли Мејл разговараше со поранешниот офицер на Кралските канадски воздухопловни сили (RCAF) Роки Свонсон, кој добил информации од тројца активни офицери вклучени во случајот на 11 февруари 2023 година. An image of the unidentified object shot down over Canada's Yukon territory in Feb. 2023 has been released through a freedom of information request. Thanks to researcher @Steve_uap2020 for sharing this! See "UAP 23" & read my latest @CTVNews 👉https://t.co/lx7G5AYceB #FOIA 🍁❓🔍 — Daniel Otis (@dsotis) September 24, 2024 Како што изјави за Дејли Мејл, сите тројца рекле дека било тешко да се следи објектот на небото, но дека кога му се приближиле „јасно можеле да видат дека е балон“, слично на кинескиот шпионски балон соборен само неколку дена претходно. - Зборував со тројца вклучени во оваа средба и сите имаат иста приказна. Најчесто, тие првпат виделе бел предмет на бело небо. И тогаш го бараа, и тоа беше мал предмет и имаа проблем да го следат. Летаа во екстремно оддалечена област, обидувајќи се во основа да најдат игла во стог сено - изјави Свонсон за Дејли Меил. Од разговорите со други офицери, тој верува дека сликата е поглед одоздола на воздушна платформа што не е за разлика од голем кинески шпионски балон со опрема за собирање податоци. - Обликот е таков што, ако го видете во три димензии, ќе ви беше јасно дека е балон - рече тој. Темниот регион што му дава облик на ова НЛО е предизвикан од пакетот опрема и неговата сенка. - Никој во воздухопловството не беше возбуден поради овој настан. Не е голема работа, само балон – рече тој. Два F-22 Raptors полетале од воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска за да го пресретнат. Во тоа време, прес-секретарот на Пентагон, бригадниот генерал Пет Рајдер, изјави дека објектот се преселил во канадскиот воздушен простор и дека канадските авиони iCF-18 и CP-140 се приклучиле на формацијата за подобро да го набљудуваат објектот. Објектот набрзо бил урнат, а канадската влада сега објави некои информации за инцидентот, кои ги објави CTVNews.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЈанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврскаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир. Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните. „Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев. Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена. Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации. „Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски. На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за растВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст. За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план. Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски. Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции. За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски. Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија. ВЛЕНТагови: ВЛЕН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуелШкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook