Поранешен извршен директор на Гугл: Вештачката интелигенција можат да ја користат и терористи

Вештачката интелигенција можат да ја користат терористи или непријателски држави за да повредат невини луѓе.

Поранешен извршен директор на Гугл: Вештачката интелигенција можат да ја користат и терористи

Поранешниот извршен директор на Гугл, Ерик Шмит изјави дека е загрижен дека вештачката интелигенција можат да ја користат терористи или непријателски држави за да повредат невини луѓе.

„Вистинските стравови што ги имам не се оние за кои повеќето луѓе зборуваат со вештачката интелигенција, јас зборувам за екстремен ризик“, изјави Шмит за Би-Би-Си.

Технолошкиот милијардер, кој беше на високи позиции во Гугл од 2001 до 2017 година, рече дека „Северна Кореја, или Иран, па дури и Русија“ би можеле да ја усвојат и злоупотребат технологијата за создавање биолошко оружје.

Истрагата за пожарот во „Пулс“ продолжува – нови претреси во Кочани и Виница

Документација, мобилни телефони и компјутери одзела полицијата при претресот во домот на сопственикот на дискотеката Пулс во Кочани, Дејан Јованов Деко.

Истрагата за пожарот во „Пулс“ продолжува – нови претреси во Кочани и Виница

Одземени се предмети и од претресите во два угостителски објекти од кои едниот е кафе барот Класик, исто така сопственост на Јованов а кој беше демолиран ден по пожарот.

-Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети. Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација. Во ДПИ - Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј..-МВР

Претходно во полициска станица биле спроведени сопругата и ќерката на Дејан Јованов, како дел од лица кои би можеле да имаат определени сознанија, а според информациите ќерката на Јованов ја зела фалсификуваната лиценца од Министерството за економија. Но досега нема информација од обвинителството дали ќе бидат опфатени во истрагата. Засега остануваат осомничен вкупно 34 лица. Сите се во притвор освен тројца, двајца членови на бендот ДНК и управителот на фирмата која раководела со дискотеката. Во истрагата на кочанското обвинителство која ја водат 11 обвинители опфатени се сопствениците, организаторите на концертот, лица од обезбедувањето во дискотеката како и лица од Министерството за економија, ДПИ и ДЗС. Командири, началници и други полициски службеници се дел од истрагата на ОЈО ГОКК.

24 лица загинаа во големи шумски пожари во Јужна Кореја

Најмалку 24 лица загинаа во големите шумски пожари што го зафатија југоисточниот дел на Јужна Кореја.

24 лица загинаа во големи шумски пожари во Јужна Кореја

Уште 26-мина се повредени , од кои 15-ина критично во огнените стихии кои принудија на евакуација повеќе од 23 илјади луѓе.

Околу пет илјади пожарникари и војници се обидуваат да ги изгаснат пожарите кои досега опустошија околу 20 илјади хектари шума и над 200 објекти.

Како што пренесуваат јужно корејските медиуми, во пожарот изгорел и 1.300 години стар храм во градот Уисе-Онг, иако повеќето вредни предмети што биле внатре навреме биле изнесени на безбедно.

Каратистот Боре Видевски ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче

Обвинетиот Боре Видевски не знае каде е пиштолот со калибар 9мм кој е во негова сопственост, а кој Палевски го посочуваше како „клуч“ за расчистување на убиствата.

Каратистот Боре Видевски ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче

Тој на прашањата на судијата Ивица Стефановски посочи дека со години не знае каде му се наоѓа пиштолот, долго време го чувал дома, но не знаел точно каде завршил откако го извадил надвор од дома.

Видевски и на денешното рочиште негираше инволвираност во двете убиства, додека пак обвинителството читаше негов исказ даден во истрага, при што детално ги опишал грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, посочувајќи го Љупчо Палевски како директен извршител.

-Тогаш слушнав истрел, девојчето беше убиено од куршумот на Палевски. Го прашав зошто го направи тоа, но тој само ги крена рамениците. Кога ја закопавме се вративме во Десна и тогаш пак го прашав зошто ја уби кога за неа требаше да бараме откуп. Тој рече: „Да помине малку време ќе бараме“ - Исказ на Боре Видевски во полициска станица

Видевски потврди и дека партијата Десна имала радиостаници, но дека ги користела само за партиски активности.. Инаку, според обвинителството и исказот на Велибор Манев, токму радиостаници биле користени за комуникација при грабнувањата.

За различните искази пак, неговиот адвокат тврди дека веродостоен е оној кој го дал во обвинителството, бидејќи исказот кој првично го дал во полиција бил под тортура.

-Јавноста може да верува на неговиот став даден во вториот исказ во ЈО, кога бевме заедно, а истиот исказ го даде и овде пред судот на минатото рочиште. Евидентно е употребена тортура од страна на полицијата врз него и тоа е евидентно по неговата здравствена состојба. - Бојан Манев – Адвокат на Боре Видевски

На следното рочиште кое е закажано за втори април, исказ треба да даде обвинетиот Влатко Кешишев.

притисни ентер