Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?
2Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?
СветПоранешен геј порно актер ќе стане министер за рамноправност во Колумбија Поранешен порно актер и активист за права на хомосексуалците ќе биде новиот министер за еднаквост на Колумбија.Хуан Карлос Флоријан ќе биде назначен во владата, рече функционерот, потег што сигурно ќе поттикне дебата во длабоко католичката нација, објави Франс 24.. Флоријан, кој бил сексуален работник и креатор на хомосексуална порнографија, ќе го води одделот што гарантира пристап до социјални програми за ранливите заедници. Тој веќе имаше позиција во владата во Колумбија и работеше во разни меѓународни организации. Повеќе од 50 министри поминаа низ владата на левичарот Густав Петар откако тој ја презеде функцијата пред три години.Тагови: Колумбија порно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Драма во Трст: Автомобил падна во морето, кадети од Воената академија го спасиле возачотВистинската драма се одвивала во Трст, кога автомобилот заедно со возачот завршил во Јадранското Море. Благодарение на брзата и одлучна реакција на припадниците на Воената академија од Модена, возачот бил спасен само неколку секунди пред возилото да потоне. Италијанското Министерство за одбрана објави дека членовите на Воената академија, кои во тој момент биле во посета на градот, без двоумење дошле на помош. Војниците скокнале во морето, допливале до возачот и го извлекле на брегот, каде што потоа го предале на екипите на брзата помош. Во официјалното соопштение беше истакнато дека оваа брза реакција е израз на вредностите што Воената академија им ги пренесува на идните офицери на италијанската армија и карабињерскиот корпус, имено храброст, чувство за должност, несебичност и дух на служба. Questa mattina a Trieste, durante una visita in città, alcuni militari in servizio presso l'#AccademiaMilitare di Modena sono intervenuti senza esitazione dopo aver assistito a un drammatico incidente: un'auto è precipitata in mare in Piazza Unità d'Italia con il conducente a… pic.twitter.com/3hjm6Arm9n — Ministero Difesa (@MinisteroDifesa) July 12, 2026 Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, исто така, ја пофали храброста и обуката на војниците. „Тие дејствуваа инстинктивно, ставајќи ги сопствените животи во служба на спасување на друг човек. Тоа е највистинското значење на воениот повик - да ѝ служите на вашата земја и да го заштитите човечкиот живот, секогаш, дури и кога тоа не е официјална обврска. Ви благодарам“, рече Крозето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко ФилипчеИзнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во однос на вчерашните навреди од страна на Мицкоски во Собранието. Филипче посочи дека вистинското извинување подразбира преземање одговорност, а не формален обид за спас на политичкиот углед. „Ќе беше културно и достоинствено ако се извинише, но тој само создаде привид, се извини во празна сала, кога опозициските пратеници ја напуштија салата, само за да направи еден политички театар. Едно срамежливо, изнудено извинете. Меѓутоа, тоа не може да ги избрише навредите и неговиот начин на однесување. Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување и санкции за Јован Стоилковиќ, кој што истото го направи во собраниската сала. Граѓаните заслужуваат почит, достоинство, заслужуваат премиер кој што обединува, а не човек кој што ги дели и ги навредува“, рече Филипче. Тој додаде декаа ваквото однесување не е срам само за премиерската функција, туку и за институциите што Мицкоски ги претставува, и со ваквото однесување премиерот испраќа крајно погрешна порака и до младите и до меѓународната јавност. „Ова е срам и за функцијата која што ја извршува, и за универзитетите, и за Собранието, и за Владата, и за државата. Каква порака им испраќа примерот на младите? На студентите? Каква порака им испраќа на граѓаните на Македонија? При тоа, ова не го гледа само Македонија и граѓаните тука, ова го гледа цела Европа. Вакво однесување од еден претседател на Влада до сега не е видено. Ниту кај нас, ниту пак сега има било каде во Европа. Ваков потценувачки однос кон граѓаните, кон пратениците во Собранието, нема никаде во Европа“, истакна Филипче. Воедно, Филипче укажа дека нервозата на Мицкоски е последица на падот на довербата кај граѓаните и на неговите неисполнети ветувања. „Спуштањето на политичката комуникација на ова ниво не може да се оправда со ништо, најмалку со нервозата што произлегува од падот на довербата кај граѓаните и од личниот рејтинг, кој самиот премиер го урна со секојдневните лаги и неисполнетите ветувања изминатиот период“ , рече Филипче. Скопје, 14.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“ Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“ сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава.На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ,последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината. Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се обезбедат современи услови за учениците и наставниот кадар, а конечно ќе се создадат услови наставата да се одвива исклучиво во една смена. Со доградбата, Општина Центар го заокружува целосниот процес на трансформација на образованието, сите основни училишта на нејзина територија ќе работат единствено во прва смена. „Ова е значаен момент за образованието во Центар. Со доградбата на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ не само што ги зголемуваме капацитетите на училиштето, туку конечно го исполнуваме и едно од нашите најважни ветувања, сите основни училишта во Општина Центар да преминат на едносменска настава. Тоа значи подобри услови за учење, поквалитетна организација на наставата и повеќе квалитетно време за учениците и нивните семејства“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар останува пример во инвестициите во образованието, создавајќи современи, функционални и безбедни училишта, во кои секое дете ќе има еднакви можности за квалитетно учење и целосен развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook