Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
1Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
2ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
3Директорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САД
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
СветПораката на Трамп ја симна цената на нафтата под 100 долари за барел Конфликтот би можел да заврши за две до три недели, без разлика на епилогот од преговорите со Иран.Конфликтот би можел да заврши за две до три недели, без разлика на епилогот од преговорите со Иран, американскиот претседател Трамп со досега најоптимистичка порака, која експресно ја симна нафтата под 100 долари за барел, а европските берзи забележаа силен раст. -Ако дојдат на маса, ќе биде добро. Но, независно дали ќе дојдат. Ги вративме назад. Ќе им бидат потребни 15-20 години за да го обноват тоа што им го уништивме. Имав една цел. Тие нема да имаат нуклеарно оружје. Таа цел е постигната, нема да имаат нуклеарно оружје. Ја завршуваме работата. Мислам дека можеби за две недели и неколку дена повеќе ќе ја завршиме работата. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Подоцна, тој во интервју за „Телеграф“ повторно предупреди дека сериозно размислува да го напушти НАТО, нарекувајќи го „хартиен тигар“ поради неодлучноста на сојузниците да помогнат во мисијата во Иран. Стигна одговор од Лондон. -Ова не е наша војна. Нема да бидеме вовлечени во конфликтот. Каков и да е притисокот врз мене и другите, без разлика на бучавата, ќе работам за британскиот национален интерес со сите одлуки што ги носам. , изјави Кир Стармер, премиер на Британија. Паралелно со политичката криза меѓу сојузниците, се нижат и предупредувањата за продлабочување на енергетската криза, чии последици допрва ќе ги почувствува и Европа, веќе кон крајот на април, оцени првиот човек на меѓународната агенција за енергетика. -Загубата на нафта во април ќе биде двојно поголема од загубата во март. Рефлексот (на Европа) беше побавен од другите. Тоа е прашање на Азија, на Блискиот Исток. Не, не, не. Енергетските пазари се глобални. Првото прашње е дека европските влади треба да сфатат дека тоа е голем проблем што ќе се појави во Европа. , изјави Фатих Бирол, шеф на меѓународната агенција за енергетика Австралија, пак, ги повика граѓаните да штедат гориво. -Ако тргнувате на пат, не земајте повеќе гориво отколку што ви е потребно. Само наполнете како и вообичаено. Во текот на наредните недели, ако можете користете воз, автобус или трамвај до работа. Месеците пред нас можеби нема да бидат лесни. Сакам да бидам директен. Ниту една влада не може да вети дека ќе ги елиминира притисоците што ги предизвикува оваа војна. , изјави Ентони Албанезе, премиер на Австралија Цената на суровата нафта Брент во март забележа раст од дури 64 проценти, што претставува најголем месечен скок од Заливска војна пред 35 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаШасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужуваПравдата е темелот на правната држава, чуварот на слободата, достоинството на секој човек и најсилниот доказ за вистинската зрелост на институциите. Без независно судство, професионално обвинителство и одговорни институции, нема правна сигурност, нема еднаквост и нема вистинска доверба. Како министер за правда, мојата определба е да градиме правосудство во кое законот ќе биде над секој интерес, правдата нема да зависи од ничија моќ, а секој граѓанин ќе има еднакво право на заштита и правично постапување. Ни треба судство кое одлучува независно, непристрасно и во разумен рок. Обвинителство кое постапува професионално, одлучно и неселективно. Институции што ќе ја оправдаат довербата не со зборови и ветувања, туку со конкретни резултати, интегритет и одговорност. Довербата во правдата не се бара – таа се заслужува. Не со декларации, туку со дела. Не со ветувања, туку со резултати. Затоа, реформите нема да ги мериме само според бројот на донесени закони, туку според промените што граѓаните реално ќе ги почувствуваат: поефикасни постапки, поквалитетни одлуки, поголема правна сигурност и еднаква примена на законот за сите. Европската иднина на државата подразбира европски стандарди во секоја институција, доследност во спроведувањето на реформите и одговорност без исклучок. Тоа не е само наша обврска на европскиот пат, туку пред сè обврска кон граѓаните и нивното право да живеат во праведна и уредена држава. Правдата е обврска. Одговорноста е должност. Довербата се заслужува. Честит 25 Октомври – Европски ден на правдата! Министер за правда д-р Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортистиВо изминатите 11 месеци, Општина Кочани реализираше и започна значајни проекти за подобар живот на граѓаните, со фокус на инфраструктурата, социјалната грижа и младите.Се реконструира булеварот „Теодосија Паунов“, во должина од 1.040 метри, инвестиција од 88 милиони денари, од кои 85 милиони се обезбедени од Министерството за транспорт. Изведени се атмосферската канализација, тротоарот и велосипедската патека, а поставен е и завршниот асфалтен слој на едната коловозна лента. Започна и изградбата на домот за стари лица, со вкупна вредност од околу 247 милиони денари. Државата учествува со 200 милиони денари, а Општина Кочани со околу 47 милиони денари, со цел да се обезбедат подобри услови за грижа и достоинствен живот на повозрасните сограѓани. Посебно внимание се посветува на младите. За академската 2025/2026 година доделени се стипендии на 31 студент, во износ од 4.000 денари месечно за 10 месеци, а за спортските клубови и младите спортисти се обезбедени над 7 милиони денари. Со инвестиции во инфраструктурата, социјалните услуги и младите, Општина Кочани продолжува да гради град со повеќе можности, подобри услови и посигурна иднина за сите граѓани. Кочани напредува со работа, одговорност и конкретни резултати, се наведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на годишна конференција за спроведување на законот во САДДиректорот на Царина, заедно со директорите на БЈБ и Финансиска полиција, на највлијателната годишна конференција за спроведување на законот во САД.На покана на Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот Оддел при Министерството за правда на САД, директорот на Царинска управа Бобан Николовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, присуствува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции, која се одржува во САД. Поканата за учество на еден од најголемите и највлијателните годишни настани во областа на спроведување на законот, претставува признание за остварените резултати на Царинската управа во успешно гонење на криминалот. Тоа се огледа во фактот што, во периодот од јули 2024 до денес, Царинската управа поднесе 422 кривични пријави до надлежните јавни обвинителства. Преку вмрежување со органите за спроведување на законот на светско ниво, се овозможува значително зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал. Истовремено, конференцијата претставува одлична можност за запознавање со најновите технологии и иновации во областа на откривањето и сузбивањето на криминалот. На настанот учествуваат повеќе од 600 изложувачи кои ги претставуваат најновите технолошки решенија, овозможувајќи директен увид во современите алатки и практики за спроведување на законот. Минатиот месец со поддршка и донација од Министерството за правда на САД, на три гранични премини, беше воведен систем за телесни камери. Примената на современа технологија во оперативното работење се очекува да резултира со зголемена ефикасност во спречување на нелегална трговија. Продолжуваме да ја зајакнуваме соработката на национално и меѓународно ниво, со цел поефикасна борба против организираниот криминал и заштита на границите. Царинска управаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook