ЛДП: Министерката за финансии на линија со ЛДП го демантираше Премиерот! Бројките не лажат - владините финансии како авион без пилот!
Божиновска со студентите на виенската дипломатска академија: Енергетските приоритети и стратешките проекти на Македонија
1ЛДП: Министерката за финансии на линија со ЛДП го демантираше Премиерот! Бројките не лажат - владините финансии како авион без пилот!
2Божиновска со студентите на виенската дипломатска академија: Енергетските приоритети и стратешките проекти на Македонија
Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
1Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
2МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
ЖивотПорака од Свештената бигорска Обител до верниците по повод почетокот на велигденските постиПо повод денешниот, прв ден на велигденските пости, познат како чист понеделник, Свештената бигорска Обител, упати порака до верниците, посакувајќи благословен пост.- Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, озборувањето, лагата, прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен, е пораката од Свештената бигорска Обител. Во ова древно македонско светилиште, изминатите денови, посебно вчера, на Прочка, присуствуваа неколку илјади верници од сите делови на државава. На умилителната вечерна на простувањето владиката Партениј, игумен на манастирот, меѓу другото рече дека „би требало да живееме во љубов, во милосрдие, во пост и во молитва, зашто таа е нашата вистинска патека". Барајќи прошка, рече дека пред нас е најблагословениот период, духовната пролет на Црквата, Светата Четириесетница. - Срцето ми е исполнето со љубов кон сите вас и со желба за ваше духовно напредување. Барам прошка од сите вас доколку некого сум ожалостил и ве благословувам со цело срце. Нека ви биде постот благословен и богоугоден! Добра Четириесетница! Да си ја дочекаме сите заедно Светата Пасха во радост и во духовно веселие, посака владиката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Министерката за финансии на линија со ЛДП го демантираше Премиерот! Бројките не лажат - владините финансии како авион без пилот!На народот можете да му продавате бајки, ПР-стратегии и евтини изговори за „нафтени кризи“, но кога ќе дојде денот за пресметка — бројките никогаш не лажат! Прес-конференцијата на Министерката за финансии целосно го демантираше Премиерот и го потврди точно тоа на што економските експерти на ЛДП гласно предупредуваа: вториот ребаланс на буџетот не е никаква „навремена заштита на граѓаните“, туку официјално признание за фискален хаос, расипништво и тотална неспособност. Додека Премиерот ги убедуваше граѓаните дека буџетот се прекројува исклучиво поради намалените акцизи за горивата, Министерката ги разобличи овие невистини. Дупката од 86 милиони евра и кратењето на расходите не се резултат на заштеди, туку на тотален колапс на капиталните инвестиции! Ова се поразителните факти кои излегоа на видело од самата шефица на македонскиот буџет: - Скратени се 30 милиони евра од Министерството за енергетика — точно во секторот каде што беа најпотребни инвестиции за енергетска стабилност! - Скратени се над 24 милиони евра за животна средина — поради неспособност да се искористат европските ИПА фондови, што е скандалозно за влада која декларативно се колне во ЕУ! - Закочени се сите клучни проекти — пропаднаа тендери, одложена е дигитализацијата на Трезорот. Помпезно најавуваниот почеток на градба на брзата пруга до Солун и Белград за септември 2026 остана уште една неисполнета бајка. Сите имаме добра меморија! Владата тотално ги игнорира реалните потреби на граѓаните. Наместо итно да направи сеча на непродуктивните трошоци — на измислените функции, непотребните заменички позиции, преплатените управни одбори, луксузните кабинети и советничките армии — таа скрати од развојот на државата. Истовремено, скришум ја задолжи државата за нови 150 милиони евра со висока камата од 5,25% само за да плаќа стари камати и главници! За дебаклот да биде комплетен, Министерката веќе најавува дека во декември веројатно ќе има ТРЕТ ребаланс! Ова е крунски доказ дека во оваа Влада нема ниту план, ниту стратегија, ниту минимална фискална дисциплина. Ова повеќе не е управување со јавните финансии, ова е возење авион без пилот. А кога авионот лета без пилот и без навигација, катастрофата е неизбежна — а опасноста од падот е за патниците, односно македонските граѓани и стопанството! ЛДП бара итно запирање на правењето нови дупки со скапи задолжувања и конечна сеча на сите измислени партиски функции и привилегии пред државата целосно да доживее фискален колапс!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ЖивотТргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажуваБританецот Карл Бушби, кој во 1998 година тргна на пат околу светот пеш, конечно се врати на британско тло откако го преплива Ламанш, пишува британскиот весник „Индипендент“. 57 годишниот Карл се врати на британско тло по 28-годишно патување низ светот, за време на кое поминал 50.000 километри низ 29 земји, но сепак му преостануваат уште околу 400 километри до крајната дестинација. Поранешниот падобранец од Хал своето извонредно патување го започна во Чиле пред 28 години, а во понеделникот, на 5 октомври, пристигна на плажата Шекспир, јужно од Довер. За време на патувањето, тој помина вкупно 50.000 километри низ 29 земји, придржувајќи се до правилата што сам си ги поставил – да не користи никакви превозни средства и да не се враќа дома сè додека не го заврши својот потфат. Бушби го мина опасниот регион Дариен меѓу Колумбија и Панама за време на конфликтот меѓу колумбиските власти и марксистичките герилци. Тој исто така го оствари првото забележано пешачко преминување на Беринговиот Проток од исток кон запад и стана првиот човек што препливал 184 милји, односно околу 296 километри, низ Каспиското Море. Тоа пристигна во Европа минатата година, а минатиот месец стигна до каналот Ламанш. По 20 часа поминати во вода и три дена на море, за време на кои се бореше со силни ветрови, тој конечно стигна до британскиот брег. Таму го пречекаа неговиот татко, браќата и неколку пријатели. „Чувството е одлично повторно да се биде на британско тло по сите овие години“, изјави Бушби за ITV News. „Не беше лесно, а токму тоа е и поентата – да докажам дека сум поспособен отколку што мислев. Сите можеме да постигнеме многу повеќе отколку што воопшто можеме да замислиме“, додаде тој. Сепак, неговото патување сè уште не е завршено. Крајната дестинација е куќата на неговата мајка во Хал, до која треба да стигне во текот на следниот месец. Кога пред 28 години замина од домот на мајка си, очекуваше дека ќе се врати за само 12 години. Сега е на чекор до целта. „Заминав оттаму пред 28 години и наскоро ќе го завршам патувањето таму. Остануваат уште околу 400 километри, така што морам да побрзам“, изјави Бушби за „Тајмс“. Неговото враќање во Хал ќе го означи крајот на еден од најизвонредните долгорочни патнички потфати, кој траеше речиси три децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска со студентите на виенската дипломатска академија: Енергетските приоритети и стратешките проекти на МакедонијаВо отворена дискусија со идните дипломати, Божиновска ги претстави состојбите и приоритетите во енергетскиот сектор во Македонија.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на работната посета на Виена и учеството во извршната програма за обука „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црно Море/Јужен Кавказ 2026“, оствари средба и одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија. Во отворена дискусија со идните дипломати, Божиновска ги претстави состојбите и приоритетите во енергетскиот сектор во Македонија, стратешките проекти за диверзификација на изворите и модернизација на инфраструктурата, како и активностите за зајакнување на енергетската независност и сигурноста во снабдувањето. Студентите имаа можност да поставуваат прашања и непосредно да се запознаат со предизвиците во креирањето и спроведувањето на енергетските политики и нивната поврзаност со економскиот развој и меѓународната соработка. Во рамките на програмата, министерката учествуваше и на сесијата „Дигитална дипломатија“, посветена на примената на дигиталните алатки во современите дипломатски односи и меѓународната комуникација. За време на посетата на Виена, Божиновска оствари и средба во Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, во насока на одржување на институционалниот дијалог и унапредување на соработката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00