Порака од Али Ахмети до Македонците во врска со македонско-бугарскиот спор - Канал 5

Порака од Али Ахмети до Македонците во врска со македонско-бугарскиот спор

Али Ахмети во изјава за Канал 5 вели дека верува во решавање на македонско-бугарскиот спор и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми.

Порака од Али Ахмети до Македонците во врска со македонско-бугарскиот спор

Прашање: Кој е вашиот личен или партиски став на ДУИ околу ветото со Бугарија?

-Демократската унија за интеграција одсекогаш имала конструктивен став. Јас ги бранам и ДУИ ги брани државните интереси, но нашите силни определби да инсталираме мир, стабилност безбедност и иднина на нашата земја, при што сме посветени на решавање на тешките теми кои што бараат навистина храброст и државност и едниствената алтернатива е земјата да ги реши претходните спорови кои што се пречка за понатамошно унапредување на интегративните процеси, како што имавме храброст да го репиме 20 годишниот спор со грчкката страна, истата храброст за поголеми државни интереси, треба да работиме посветено. Јас сум многу сигурен дека домашните авторитети, во овој случај премиерот на земјата господинот Заев, го ставил над своите лични интереси интересот на државата, на иднината на државата, на граѓаните, на мирот, на стабилноста и верувам дека ова толку сензитивно прашање ќе се заврши, ќе се затвори, вели Ахмети.

Прашање: Бугарија има неколку условувања, едно од тие условувања е и она вчерашното да не се користи придавката македонски, нема ли да се продлабочи јазот со се повеќе барања од бугарската страна?

-Ова се зензитивни прашања и што подолго ние доцниме толку повеќе емоции се влеваат во прашањето. Не само еднаш сме изјавиле дека ги подржуваме нашите сограѓани Македонци во овој значаен процес и сметам дека и бугарската страна ќе има предвид дека во овие значајни процеси, затоа што Бугарија навистина има инвестирано целиот регион да биде интегриран во ЕУ и веруваме и верувавме дека Бугарија ќе најде сила за да ги надмине овие емотивни ситуации. Затоа што ако на Балканот се внесеме во историјата, ќе треба навистина да изградиме нов Балкан. Затоа од голем интерес е ние да не го изгубиме чекорот од зачленување во Европската унија, затоа што унијата е механизмот кој што ќе ги доближи заедниците и државите, додава Ахмети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер