Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
БалканПоради зголемениот број на случаи со морбили, отворени два пункта за вакцинација во СараевоПоради зголемениот број на заболени од сипаници (морбили), денеска во Сараево беа отворени два посебни пункта за вакцинација, каде во наредниот период ќе се врши вакцинација со МРП вакцината која штити од сипаници, заушки и рубеола.Педијатарот Мубера Хасановиќ изјави дека вакцинацијата против заразни болести е единствениот начин за спречување на болеста и дека последиците може да бидат тешка клиничка слика. -Сипаниците доаѓаат со тешка клиничка слика - многу висока температура која трае со денови, со лоша општа состојба, осип што се појавува дури на четвртиот или петтиот ден од болеста. Тогаш можеме само да кажеме дека тоа е сипаница. Болеста е многу сериозна, но може да се спречи и треба да го искористиме тоа што го имаме, а тоа е вакцинација, вели таа. Министерот за здравство Енис Хасановиќ посочи дека досега имаат потврдено 11 случаи и се уште не се во фаза на епидемија. -Едно дете е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести на КЦУС и денеска е отпуштено од лекување. Две други деца кои денеска беа примени имаат поблага клиничка слика, изјави министерот. Како што рече, приоритет е да се спречи ширењето и да се вакцинираат што повеќе деца, затоа ги повика родителите масовно да реагираат и да ги вакцинираат своите деца. Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека во последните 20 години е намален бројот на деца вакцинирани против мали сипаници. Според евиденцијата на организацијата, 74 отсто од децата во Босна и Херцеговина примиле втора доза од вакцината против морбили во 2000 година, додека во 2022 година биле евидентирани 60 отсто од вакцинираните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Првиот ден на „Октоберфест“ во сенка на инцидентПрвиот ден на „Октоберфест“ во сенка на инцидент. Посетители виселе наопаку, итните служби веќе згрижиле 600 лица.Посетителите на „Октоберфест“ во Минхен виселе наопаку околу пет минути за време на една атрактивна панаѓурска вожња, а причината за инцидентот сè уште е непозната, пренесе ДПА. Откако се симнале од високиот тобоган,неколку лица, главно помлади, се пожалиле на блага вртоглавица и проблеми со циркулацијата. По кратка лекарска контрола, сите се вратиле на фестивалот на пивото. Службата за итна помош соопшти дека првиот ден од 191-виот „Октоберфест“ згрижила околу 600 пациенти. Најголемиот фестивал на пивото во светот беше отворен вчера и ќе трае 16 дена, сè до 4 октомври. https://www.instagram.com/reel/DdeZBufocli/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: Октоберфест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисГригор Димитров: „Новак Ѓоковиќ ми призна дека се чувствува празно“Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров ги откри деталите од разговорот со најтрофејниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров се единствените преостанати членови на „старата гарда“ и сè потешко им е да најдат мотивација откако Роџер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мареј, Стен Вавринка и Гаел Монфис ги закачија рекетите на клинец... Ривалството што имавме можност да го следиме повеќе од една деценија беше само по себе инспирација за играчите. Бугаринот, кој е голем пријател со српскиот ас, неодамна откри што му кажал Ѓоковиќ за повлекувањето на Федерер и Надал, со кои ги водеше најголемите битки на АТП-турнејата. Тој призна дека се чувствува исто и дека му недостасува жарот што го имал додека се натпреварувал против најдобрите играчи во овој спорт. „Морам да бидам искрен. Веќе неколку години сум прилично дистанциран од сè што се случува на АТП-турнејата. Сè уште се натпреварувам, но веќе не ги следам случувањата во мојот спорт, ниту пак сум упатен во нив. Целиот мој живот се вртеше околу тенисот, а сега малку ме растажува сознанието дека дури и не ги познавам повеќето од активните играчи“, изјави Димитров. Во моментов, само 10 од најдобрите 100 играчи во светот се постари од 30 години, а само шестмина имаат 35 или повеќе години. Григор признава дека се чувствува осамено... „Годините можеби се само бројка, но во нашиот спорт имаат огромно влијание. Не се работи само за она што се случува на теренот, туку и за интеракцијата со другите за време на турнирот.“ Со години, Димитров беше еден од играчите кои им создаваа големи проблеми на „големата тројка“ и уживаше во тој натпреварувачки дух и во улогата на аутсајдер. „Дел од мене си замина од тенисот кога Федерер и Надал се повлекоа. Знам дека и Ѓоковиќ се чувствува исто, бидејќи разговарав со него за тоа. Се потсетивме колку беше возбудливо да се соочуваме со постојаните предизвици на таа ера“, рече тој и истакна: „Да се соочуваш со тројцата најдобри играчи на сите времиња речиси секоја недела беше неверојатно чувство, а во моментов е невозможно да доживеам нешто слично. Не сакам да навредам никого од сегашните играчи, но за мене ерата на 'големата тројка' секогаш ќе претставува најголем предизвик со кој може да се соочи еден тенисер“, изјави Бугаринот, кој успеа да стигне до третото место на АТП-листата и да освои девет титули во ерата на „големата тројка“.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, двајца загинати , тројца повредени-Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје.Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ управувано од М.М. (65) и автомобил „опел корса“ управуван од С.Н. (27) – двете со скопски регистрации. По наредба на јавен обвинител, возачот на „мерцедесот“ е приведен В о тешка сообраќајна несреќа што вчеравечер околу 21:35 часот се случила на автопатот Куманово-Скопје, во атарот на село Агино загинале две лица загинаа, а тројца се повредени .Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter