Поради војната во Иран, кинескиот извоз на чиста енергија руши рекорди - Канал 5

Поради војната во Иран, кинескиот извоз на чиста енергија руши рекорди

Војната во Иран ги принуди земјите зависни од нафта да се борат за гориво, поттикнувајќи многумина да се свртат кон алтернативни извори на енергија и кон светскиот лидер во обновливата енергија, Кина. 

Поради војната во Иран, кинескиот извоз на чиста енергија руши рекорди

Кинескиот извоз на соларна технологија, батерии и електрични возила достигна рекордни нивоа во март, знак дека големото нарушување на снабдувањето со нафта го забрзува глобалниот премин кон чиста енергија, објавува CNN.

Откако САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран кон крајот на февруари, иранската војска го блокираше Ормутскиот теснец, прекинувајќи околу една петтина од глобалните испораки на нафта и природен гас.

Цените на нафтата станаа исклучително нестабилни бидејќи конфликтот се прошири низ Блискиот Исток, а разговорите за прекин на војната се заглавени. Во меѓувреме, азиските земји кои се потпираат на увоз на енергија од Блискиот Исток се обидуваат да го ублажат недостигот со поттикнување на заштеди и скратување на работното време.

Додека земјите сè повеќе инвестираат во обновливи извори на енергија, Кина, најголемиот светски производител на електрични возила, ветерни турбини и соларни панели, има најголема корист.

Во извештај објавен во четврток, аналитичката фирма „Ембер“ соопшти дека Кина извезла 68 гигавати соларна технологија во март, што е скок од 50% во однос на претходниот рекорд поставен во август.

Педесет земји забележаа нови рекорди за кинески увоз на соларни панели, а најголемите зголемувања доаѓаат од пазарите во развој во Азија и Африка, кои се најтешко погодени од енергетската криза. „Шоковите на цените на фосилните горива го поттикнуваат брзиот раст на сончевата енергија“, рече Јуан Греам, виш аналитичар во „Ембер“. „Сончевата енергија веќе стана двигател на глобалната економија, а сегашните нарушувања на цените на фосилните горива ја носат на ново ниво.“

Според податоците на кинеската царина, извозот на соларни панели, батерии и електрични возила се зголемил за вкупно 70% во март во однос на претходната година. Трите категории, познати во Кина како „новите три“, се главни придонесувачи во БДП-то на земјата, заменувајќи го извозот на облека, апарати за домаќинство и мебел што претходно го поттикнуваа растот.

Извозот на батерии достигна 10 милијарди долари во март, со особено високи стапки на раст во Европската унија, Австралија и Индија, според „Ембер“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија

Врховниот суд ја укина пресудата за Ласкарци, каде загинаа 16 лица, и Стевчо излегува на слобода – сè што треба да знаете за судството под контрола на СДС и ДУИ, со 2 отсто доверба.

ВМРО-ДПМНЕ: Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија

Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај Ласкарци, каде загинаа 16 лица. 16 лица загинаа, а нема одговорни. Исто како што во правосудниот систем нема одговорност и за запалената модуларна болница на Венко Филипче, каде живи гореа луѓе. Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни?

Во исто време, на слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба.

Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДС и ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни. Затоа талогот останува најдолу.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица загинаа, а 67 други се ранети, руски дрон погодил трговски центар во Павлоград

Украинските власти соопштија дека пет лица загинале, а 67 други се ранети кога руски дрон погодил трговски центар во Павлоград, град во регионот Дњепропетровск.

 Пет лица загинаа, а 67 други се ранети, руски дрон погодил трговски центар во Павлоград

Продавници и возила беа погодени во нападот, кој се случи вчера „кога улиците беа полни со луѓе“, рече министерот за внатрешни работи Иван Вихивски. Според украинските медиуми, уште два трговски центри - во градовите Запорожје и Суми - беа цел на руски воздушни напади претходно оваа недела. Русија пријави украински поморски напад со беспилотно летало врз туристичкиот град Сочи во текот на ноќта во средата, во кој беа повредени 28 лица,а имаше и три смртни случаи. Новите мировни напори на претставниците испратени од американскиот претседател Доналд трамп за време на викендот се чини дека дадоа малку конкретни резултати, по разговорите во Москва со Путин и во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хутите го контролираат јужниот излез на Црвеното Море и еден од најважните бродски патишта во светот

Хутите кои се поддржани од  Иран, ја презедоа контролата врз пристанишниот град Моча во Јемен.

Хутите го контролираат јужниот излез на Црвеното Море и еден од најважните бродски патишта во светот

Хутите кои се поддржани од Иран, ја презедоа контролата врз пристанишниот град Моча во Јемен и напредуваа по брегот на Црвеното Море кон Стратешките Острови, соопштија воени извори за Ројтерс неколку часа откако претседателот Доналд трамп изјави дека очекува војната во Иран да заврши по изборите во САД.

Хутите добиле дополнителна моќ над теснецот Баб Ел-Мандеб , јужниот излез на Црвеното Море и еден од најважните бродски патишта во светот. Доколку хутите ја преземат контролата врз водниот пат на спротивната страна од арапскиот полуостров од Ормутскиот проток, тоа би можело да му даде на нивниот поддржувач Иран клучна предност во војната со САД, намалувајќи ги испораките преку вториот голем транзитен коридор и предизвикувајќи скок на цените на нафтата. Исто така, тоа би можело да му го отежни на Трамп наоѓањето излез од војната што може да им наштатеи на Републиканците пред изборите во ноември. Хутите преку соопштение соопштија дека пловидбата по Црвеното Море е безбедна за сите бродски компании, освен за саудиските бродови. Саудиска Арабија, најголемиот извозник на нафта во светот, се потпира на рутата преку Црвеното Море откако конфликтот со Иран ефикасно го затвори Ормуз, низ кој порано течеше една петтина од глобалната нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер