Поради војната по Евролигата и ФИБА одложи натпревари - Канал 5

Поради војната по Евролигата и ФИБА одложи натпревари

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги одложи сите натпревари од групите Ц и Д од азиските квалификации за Светското првенство во Катар 2027 година.

Поради војната по Евролигата и ФИБА одложи натпревари

Оваа одлука е донесена по случувањата на Блискиот исток и со цел за запазување на мерките за безбедност на играчите, тренерите и официјалните лица.

Во соопштението е наведено дека се одложени дуелите кои требаше да се играат во понеделник 2.март и ќе биде одреден нов термин.

Одложени се натпреварите: Иран – Сирија, Ирак – Јордан, Либан – Индија и Катар – Саудиска Арабија.

ФИБА е во постојан контакт со националните федерации, а новиот термин ќе биде одреден пред одигрувањето на дуелите од „третиот прозорец“.

Претходно Евролигата ги одложи јуниорскиот турнир во Абу Даби и натпреварот меѓу Хапоел Тел Авив и Париз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари – годинава

На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари – годинава 11 заплени на злато, девет завршија со кривични пријави.

Царинска управа: На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари – годинава

На граничниот премин Богородица, царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари, откако открија двајца косовски државјани во обид да го криумчарат. Златниот накит, четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката.

Случајот е предаден на Одделението за истраги кое против сторителите поднесе кривична пријава до ОЈО Гевгелија.

Ова е 11-та заплена на злато годинава од страна на Царинската управа, при што досега се одземени вкупно два килограми златен накит. Четири од случаите се откриени токму на Богородица, пет на Меѓународен Аеродром Скопје, а по еден случај на Табановце и Блаце. Во девет случаи, десет лица се кривично гонети од страна на Одделението за истраги за сторено кривично дело криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик.

Нашата порака е јасна, без разлика на начинот на кој се криумчари, нашите служби ќе го разоткријат и ќе се погрижат криминалот да биде најстрого казнет. Ваквите случаи јасно ја покажуваат цврстата посветеност на Царинската управа за сузбивање на сите форми криминал, заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешката Џеј Ло цел на критики за најсекси изданието што го покажа: „Премногу вулгарно“

Фотографиите на светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез од Кан се уште се актуелна тема на социјалните мрежи, иако поминаа неколку дена откако беа објавени...

Фото:  Жешката Џеј Ло цел на критики за најсекси изданието што го покажа: „Премногу вулгарно“

Латино дивата Џенифер Лопез ужива невидена популарност откако нејзиниот најнов филм „Канцелариска романса“ ги сруши сите рекорди.

Повторно, нејзината завидна фигура се најде во центарот на вниманието, а потоа Џеј Ло „зачини“ сè со интересни објави на мрежите.

Сите ги видоа и коментираа фотките на атрактивната пејачка од Кан, на кои таа позираше во (можеби) најпровокативниот костим, целиот со отвори.

И покрај многуте фотки и коментари сите пропуштиле еден детаљ... Во серијата фотографии, има и една на која латино дивата позира во огледало, а тоа е многу провокативно.

Имено, Џеј Ло седеше на стол, додека ги крена нозете на масата и ги рашири, што им пречеше на многумина.

Иако е голема ѕвезда, многумина сметаа дека не треба да претерува, кога сигурно не и недостасува популарност. -

„Зошто користиш филтри ако си толку убава?“ „Ова е непотребно“, „Премногу вулгарно“, „Држи ги нозете заедно“, „Не ѝ треба ваков маркетинг“, беа само некои од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Убавата Алесандра навива за Бразил

Легендарната манекенка и модел, Алесандра Амброзио воодушеви во бикини во боја на знамето. Убавицата дефинитовно е „Горда на своето потекло“.

Фото: Убавата Алесандра навива за Бразил

Следбениците на Инстаграм ја „затрупаа“ со комплименти за нејзината совршена фигура.

Алесандра Амброзио повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи позирајќи покрај базенот во жолто-зелен костим за капење, додека во раката држи бразилско знаме.

Со коментар „Напред Бразил“, познатата манекенка повторно гордо го истакна своето потекло, што предизвика лавина од позитивни реакции.

Следбениците на Инстаграм ја обсипаа со комплименти за нејзината совршена фигура, оставајќи бројни пораки за поддршка, емотикони во форма на срце и бразилски знамиња.

Иако со години гради успешна меѓународна кариера, убавицата родена во Ерехим, која стекна светска слава како ангел на Викторија Сикрет и соработуваше со водечки модни куќи, докажа дека не ги заборава своите корени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер