Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина
2Лефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина
ЗдравјеПоради топлото време зголемен бројот на колапси и скршеници кај граѓанитеВисоките температури ги наполнија и ортопедските и трауматолошките одделенија. При колапсите и падовите многу често граѓаните се здобиваат со повреди на рацете, нозете. Дел завршуваат со гипс, кај други треба и операција. Директорот на ТОАРИЛУЦ Игор Мерџаноски објаснува дека загрижувачка е бројката на повредени од пад со тротинет. Неделно имаат до шест пациенти со тешки повреди од тротинет, каде и една од причините е и возењето тротинет на топлото време. Малолетник со тешки повреди на главата по здобиени повреди од тротиент е најтешкиот пациент. „Детето беше примено со тешки повреди на главата, имаше долго лекуање сега е во стабилна состојба. Најчесто повредите од пад од тротинет се скршеници на екстремитетите, но и краварење на мозокот при удар на главата“, изјави д-р Игор Мерџаноски директор на ТОАРИЛУЦ. Мераџаноски објаснува дека алармантно се зголемува бројот на малолетни пациенти од повреди со тротитент и во соработка со МВР бараат измени на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во делот на управување на тротинет. „Потребен е закон што ќе ги регулира овие тротинети ние имаме комуникација со МВР и мислам дека законот е веќе изготвен“, објасни д-р Игор Мерџаноски директор на ТОАРИЛУЦ. Според најавата во измените на законот родител ќе добие глоба од 80 евра доколку неговото дете направи прекршок да вози повеќе од 25 киломтери на час и доколку се движи по тротар и пешашка патека со брзина поголема од 6 км на час.Тагови: колапс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаОпштина Илинден додели еднократна парична помош за набавка на велосипедиГрадоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша 67 Решенија за доделување еднократна парична помош за набавка на велосипеди.И оваа година Општина Илинден ја реализира мерката за субвенционирање на велосипеди, со цел да се поттикне нивно почесто користење како еколошко и здраво превозно средство, како и да се промовираат здравите животни навики кај граѓаните. Преку оваа мерка, општината продолжува активно да придонесува за заштита на животната средина и намалување на загадувањето. Мерката е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2026 година. По завршувањето на јавниот повик, кој траеше до 30 април, право на финансиска поддршка остварија 67 граѓани кои ги исполнија утврдените критериуми и доставија комплетна документација. Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на набавениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по корисник. Се известуваат граѓаните кои го оствариле правото на субвенција да ги подигнат Решенијата од архивата на Општина Илинден, со цел да се реализира исплата на одобрените средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Богоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во ЦаринаБогоев по стапките на менторот Заев си побарал мито од 2.000 евра за да намести тендер во Царина вреден 300 илјади евра.Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката. Детето на Заев, Стефан Богоев продолжи по неговите стапки. Како првиот, така и другиот. Едниот бараше евро за брат му, овој за себе. Александар Спирковски – Џемо, поранешен претседател на ОО на СДС во Прилеп, од јавно достапните информации, заедно со поранешниот потпретседател на СДС, Стефан Богоев, договарале која фирма треба да го добие тендерот за одржување на хигиена на граничните премини и терминали, а со тоа директно овозможиле правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари. Но, тука не завршува приказната. Богац по стапките на Заев, си побарал и подарок за себе, а Џемо истиот му го овозможил. Затоа, поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, се товари и за примање на награда за противзаконито влијание, вредна околу 2.000 евра. Почитувани, Со тоа што е побаран притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, јасно е дека има цврсти докази за ова кривично дело. Богац е дете на СДС, поточно на Заев. По се изгледа одлучил да чекори по неговите стапки. Тоа е во матрицата на СДС. Криминали, тендери, афери, рекети. Очекуваме од надлежните институции, дека овој пат ќе ги разгледаат сите докази со кои располагаат и ќе го седнат на обвинителната клупа, несудениот наследник на Заев, Стефан Богоев. Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМал авион се урна во Хрватска Помал авион се урна во областа Медулин во Хрватска. Во 11:25 часот, истарската полиција добила пријава за пад на помал авион во областа Медулин. „На 4 јуни во 11:18 часот, пристигна пријава за пад на мал авион во областа Кампанож (во близина на аеродромот Медулин). Пријавата е потврдена, сите служби за итни случаи (полиција, брза помош и пожарникари) се на терен и преземаат мерки и активности во рамките на нивната надлежност“, соопшти полицијата. Според првите неофицијални информации, загинале неколку лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter