МакедонијаПоради топлотниот бран на сила препораките за заштита од високите температуриКај нас пак продолжува топлотниот бран, кој се очекува да потрае до вторник.Според УХМР денеска максималната температура ке достигне до 41 степен. На сила се препораките на здравствените власти за заштита од екстремно топлото време. Дури и во Градскиот парк во Скопје може да се забележи послаба раздвиженост.. Граѓаните велат дека се придржуваат до превентивните мерки. Тагови: топлотен бран УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДали ЕУ добива нова членка?Фон дер Лајен, денеска во своето обраќање за состојбата на Унијата изјави дека ЕУ сака да го „подигне партнерството со Канада на највисоко можно ниво“Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во своето обраќање за состојбата на Унијата изјави дека ЕУ сака да го „подигне партнерството со Канада на највисоко можно ниво“ и заеднички да работи на „отворање на вратата за Канада да стане прва придружна членка на ЕУ“. „Ова не е партнерство против некој друг, туку партнерство за нашата заедничка сила“, рече Фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент – на кое присуствуваше и канадскиот премиер Марк Карни – додека нејзиниот предлог беше поздравен со стоечки овации од присутните пратеници и комесари во салата во Стразбур. Фон дер Лајен му посака добредојде на канадскиот премиер, кој треба да се обрати пред Европскиот парламент утре, истакнувајќи дека неговото присуство е „симбол на трајното пријателство меѓу нашите народи“. „Марк, Европа и Канада веруваат во демократијата. Таа моќ не им припаѓа на најсилните, најбогатите или најгласните, туку на сите нас. Тоа значи дека демократиите имаат слобода да изберат со кого ќе соработуваат“. „Токму затоа доброволно ги здружуваме силите“, рече Фон дер Лајен. Таа изјави дека просперитетот и безбедноста на ЕУ – „во оваа ера на пресвртни моменти“ – нема да се градат само дома, наведувајќи ги како примери новите трговски договори со Австралија, Индија, блокот Меркосур, Мексико и Индонезија. „Овие партнерства се стратешки избор за Европа, но тие исто така одговараат на пукнатините во меѓународниот систем заснован на правила“, рече Фон дер Лајен. Според неа, иако некои можеби ќе изберат да дејствуваат самостојно, тоа не е опција за ЕУ. Таа додаде дека Европа секогаш ќе го предводи патот во одбраната на системот заснован на правила, но повеќе не може да се потпира само на тој систем за да ги обезбеди своите интереси, ниту пак да претпоставува дека правилата ќе ја заштитат од сложените закани со кои се соочува. Фон дер Лајен заклучи дека во овој нов свет, ЕУ мора итно да ги преиспита своите партнерства и да изгради глобални коалиции за да ја обезбеди својата отпорност и да ја зајакне демократијата. Фото: ВИТагови: ЕУ канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиХашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветАвстријка нападната од ајкула за време на екскурзија на БахамитеТриесет и седумгодишна Австријка се здоби со тешки повреди при напад од ајкула на Бахамите, додека учествуваше во туристичка екскурзија што вклучуваше пливање со делфини.Инцидентот се случил на околу 5,5 километри од брегот на островот Бимини, потврди бахамската полиција, пренесува „ABC News“. Според официјалните извештаи, жената претрпела тешка повреда на десниот скочен зглоб. Нападот се случил завчера, а веднаш потоа – околу 17:30 часот – таа била пренесена во Клиниката во Бимини. Поради сериозноста на повредите, 37-годишната жена набрзо била префрлена со хеликоптер во Њу Провиденс, главниот и најнаселен остров на Бахамите, на понатамошно лекување. Бахамската полиција започна истрага за да ги утврди сите околности на нападот.Тагови: ајкула Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиХашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Шоу бизТаен разговор во ВИП-ложата: Камерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпреварКамерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпревар, а експерт за читање од усни ја откри темата на нивниот разговор.Невообичаена средба меѓу светска поп-ѕвезда Тејлор Свифт и славен холивудски актер, Том Круз привлече огромно внимание во јавноста за време на неодамнешниот натпревар помеѓу Канзас Сити Чифс и Денвер Бронкос. Свифт пристигнала на стадионот за да го поддржи својот партнер, играчот на Чифс, Тревис Келс, а Круз ѝ се придружил во ВИП ложата, каде што се снимени како водат интимен разговор. Виралното видео брзо го привлече вниманието на експертите, а професионален читач на усни Ајриш Стар, успеал да дешифрира дел од нивниот дијалог . Според неговите наводи, Свифт го започнала разговорот коментирајќи ја импресивната атмосфера. „Она што навистина ми се допаѓа е енергијата и начинот на кој е организирана публиката“, рекла Свифт. Иако одговорот на Круз не е сосема јасен, експертот за читање од усни тврди дека славниот актер ѝ го свртел вниманието кон нејзините професионални обврски. 🚨| Taylor Swift and Tom Cruise at tonight’s Chiefs game! https://t.co/ApZZUA6p48 — The Swift Society (@TheSwiftSociety) September 15, 2026 „Можеби не си свесна за тоа, но имаш работа што треба да ја завршиш“, наводно рекол Круз. Откако накратко го спуштила пијалакот и потврдно кимнала со главата, Круз наводно упатил загонетна забелешка за „држење на еден “ и за тоа дека ова е „последен пат“, иако поширокиот контекст и точната цел на овие изјави остануваат целосно непознати за јавноста.Тагови: Тејлор Свифт Том Круз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter