3Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
ЖивотПоради тајфунот „Кратон“ во Тајланд евакуирани 4.000 лицаОколу 4.000 луѓе се евакуирани во Тајван поради тајфунот „Кратон“, кој донесе силен ветер и обилни врнежи. Во изминатите четири дена, најмалку 93 сантиметри дожд паднаа во крајбрежната област Таитунг, а 29 сантиметри паднаа во пристанишниот град Каосиунг пред тајфунот „Кратон“. Тајфунот, кој генерира ветрови со брзина од 209 километри на час, се очекува утре наутро да стигне до густо населениот западен брег на Тајван, соопшти Централната метеоролошка управа. Тајфуните ретко се случуваат на западниот брег на Тајван, наместо тоа често ја погодуваат планинската, источна страна на островот. Властите ги затворија училиштата и владините канцеларии низ островот и ги откажаа сите локални летови. Во источниот дел на округот Хуалиен, повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од населбите подложни на свлечишта. Речиси 200 луѓе во југозападниот град Таинан и повеќе од 800 жители на јужниот дел на округот Пингтунг, исто така, беа евакуирани. Утринава центарот на тајфунот беше на околу 130 километри југозападно од Каосиунг, движејќи се североисточно со брзина од околу осум километри на час. Градоначалникот на Каосиунг, Чен Чимаи, претходно ги предупреди жителите да не се приближуваат до областите подложни на поплави и лизгање на земјиштето во близина на реки, мориња и планини. Тој го спореди интензитетот на „Кратон“ со тајфунот „Телма“, кој го опустоши Каосиунг во 1977 година и уби 37 луѓе. Во Каосиунг, повеќето продавници и ресторани се затворени втор ден по ред. Речиси 40.000 војници се подготвени за да помогнат во спасувањето. Тајфунот ги погоди северните филипински острови во понеделникот, при што загинаа четири лица, а најмалку 5.000 се евакуирани, соопштија властите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена. До крајот на работнава седмица и почетокот на викендов, времето претпладне ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди. А попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во пораст.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 6. јули 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 6. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе биде потребна дипломатија зџа вие и саканата личност да ги усогласите ставовите на кој начин ќе уживате. Кариера Пазете се од илузии и заблуди . Денеска нема да бидете објективни во проценките. Здравје и совет Не претерувајте со алкохолот. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се нови предизвици , што ќе ве инспирираат за поголема активност во љубовта. Ќе најдете рамнотежа. Кариера Малите финансиски издатоци ќе го направат овој ден малку нестабилен , но тоа е минливо. Здравје и совет Можна е кашлица. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои ќе бидат доста слаткоречиви и брзи во делењето комплименти. Не забаровајте да бидете убедливи. Кариера Ќе знаете да се прилагодите кон секоја нова ситуација , зашто вашиот шарм и способност за дипломатија ќе бидат на завидно ниво. Здравје и совет Останете свои. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот живот ќе биде уреден ; а вие ќе бидете оптворени за секој предлог на партнерот. Ќе ја користите и интуицијата во љубовта. Кариера Се наоѓате во фаза на истраѓување на малите нешта , што би можеле да придонесат кон поголем успех во работењето. Здравје и совет Доаѓате до нови решенија. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе добиете можност заедно да се тргнете од вообичаените места на движење било преку излет или патување. Кариера Веројатно уште подобро ќе се поврзете со колегите , кои не се од местото каде што работите. Тоа ќе биде конструктивна соработка. Здравје и совет Проверете го автомобилот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе блескате и ќе се обидете да ја привлечете личноста што ви е симпатична. Ќе настојувбате што побргу да преминете од зборови на дела. Кариера Без оглед што можете да сметате на поддршката од колегите , вие и натаму ќе имате потреба да се докажувате. Тоа е професионализам. Здравје и совет Смирете ги страстите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се прашувате колку вреди вашата врска или односот. Очекувавте нешто повеќе , а до тоа треба уште да поработите. Кариера Минливи издатоци што не биле планирани , малку ќе ве загрижат. Сепак , набргу ќе најдете начинза тоа да го надоместите. Здравје и совет Планирајте ги работите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во попладневните часови вашата сакана личност ќе престане да ги повторува своите барања и ќе се симне на земја. Кариера Ќе бидете кооперативни , иако нема во се да се согласите со соработниците. Но , овој зрел пристап подоцна ќе донесе резултати. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата љубезност и шарм ќе ви донесе уште некое познанство или дополнителни поени во веќе постоечката врска. Кариера Треба да се потпрете на конкретните резултати , што можат да се измерат. Само така ќе може да продолжите кон успесите. Здравје и совет Бидете умерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се фокусирате на својата смиосла за хумор, ќе успеете да победите и да ги оттргнете своите љубовни грижи. Кариера Иако изгледа како еден наизглед неважен проблем да е решен , но вие сте личноста која треба да се потруди за се да биде како што треба. Здравје и совет Бидете сериозни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот љубовен план би можел да ве изневери. Не е ниту паметен , ниту морален. Подобро да ги послушате пријателите. Кариера Денеска нема да бидете реални во проценките на работата. Потребно е што повеќе да се поврзете со другите и да ги следите. Здравје и совет Претерувате со консумација на слатки. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Поголем дел од денот ќе го минете во разгледување на вашите приоритети во љубовниот живот. Ќе има тука големи дилеми. Кариера Нема да бидете целосно задоволни од со финансиската состојба , а во исто време ќе бидете склони кон трошење. Здравје и совет Најдете златна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДрагана Бојковска, Јованка Тренчевска, Павле Арсоски и Амар Мециновиќ вечерва во „Само вистини“ Вечерва во „Само вистини“ гости ќе бидат Драгана Бојковска, Јованка Тренчевска, Павле Арсоски и Амар Мециновиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter