Поради снег, би можело да се откаже и петтата трка за Светскиот куп

Во распоредот на Светскиот куп во скијање во тековниот дел од сезоната беа закажани седум трки, но поради временски проблеми се одржаа само две, слаломот во Гургл, Австрија и велеслаломот во Вал д'Изер, Франција. .

Поради снег, би можело да се откаже и петтата трка за Светскиот куп

Вториот тренинг во спуст требаше да се одржи денеска во Италија, во Вал Гардена, но тој беше откажан поради премногу снег.

Во текот на минатата ноќ наврнале големи количества снег, па луѓето од Меѓународната скијачка федерација (ФИС) во договор со локалните организатори на трката решиле да го откажат тренингот за да ја спасат патеката за утрешната трка. Временската прогноза за утре исто така не е идеална.

Постои можност за понатамошни врнежи, па се уште е можно откажување на трката. Претходно беа откажани велеслаломот на отворањето на сезоната во Солден, Австрија, спустот што требаше да се одржи во ски-центарот Зермат-Цервинија, спустот и супер Џи во американскиот Бивер Крик и слаломот во Вал д'Изер.

Завршија разговорите на делегациите на САД и Русија во Ријад- следува усогласување

Делегациите на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави го договараат текстот на заедничката изјава по завршувањето на преговорите во Саудиска Арабија, изјави за РИА Новости извор запознаен со преговорите.

Завршија разговорите на делегациите на САД и Русија во Ријад- следува усогласување

„Усогласувањето е во тек“, рече изворот, појаснувајќи дека станува збор за заедничка изјава.

Преговорите за делегација траат повеќе од 12 часа. Претседателот на меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Григориј Карасин, изјави дека претставниците на Русија и на САД ги завршуваат преговорите во Ријад, пренесе Скај Њуз.

Експертскиот состанок меѓу рускиот и американскиот технички тим започна утрово, а се одржува зад затворени врати во хотел.

Како што претходно соопшти Кремљ, средбата главно била посветена на темата Црноморска иницијатива, која била предмет на разговор и при последниот телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп на 18 март.

Протестен марш во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Под мотото „Доста бевме ние, системот е следен!“, вечерва во Скопје се одржува протестен марш во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“...

Протестен марш во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

Протестот започна во 18 часот и 59 минути, симболично за 59-те жртви, на плоштадот Македонија, па продолжи пред Собранието и Владата...

Таму е Дејан Трајковски... Дејан, кои се пораките и барањата на граѓаните?

Сијарто: Повеќето земји- членки на ЕУ сакаат да продолжи војната во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека повеќето либерални бриселски лидери сакаат војната во Украина да продолжи.

Сијарто: Повеќето земји- членки на ЕУ сакаат да продолжи војната во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека повеќето либерални бриселски лидери сакаат војната во Украина да продолжи, но дека Унгарија останува посветена на својата позиција дека се потребни преговори, врз основа на американско-рускиот договор, за да се запре војната.

Сијарто рече дека Брисел ја покренал идејата за заобиколување на унгарското вето за да може да обезбеди дополнителна помош за Украина. Тој за РТ изјави дека Унгарија во текот на изминатите три години јасно стави до знаење дека нема решение на бојното поле за украинскиот конфликт, кој може да се запре само преку преговори.

„Претходната американска администрација фаворизираше војна, додека претседателот Доналд Трамп сака мир“, рече Сијарто, пренесе агенцијата МТИ.

Тој нагласи дека Унгарија високо ги цени тековните преговори меѓу САД и Русија. Сијарто истакна дека добрите односи меѓу Вашингтон и Москва се добри за глобалната безбедност.

„Светот стана многу побезбедно место благодарение на Трамп. Ризикот од ескалација е далеку помал отколку за време на администрацијата на Бајден“, оцени Сијарто.

Според него, Централна Европа „сега е многу поблиску до мирот отколку кога било во изминатите три години“. Сијарто рече дека лидерите на ЕУ спроведоа „многу лоша стратегија“ од избувнувањето на војната во Украина, нанесувајќи им штета на европската безбедност и економијата. „Секогаш ќе постапуваме во согласност со нашите национални интереси“, рече Сијарто, оценувајќи дека тоа е „непријатно за повеќето европски либерали“, пренесе Телеграф.

притисни ентер