Генијална тактика или случајност за доцнење на вакцините во Македонија? - Канал 5

Генијална тактика или случајност за доцнење на вакцините во Македонија?

Додека Македонија ја чека првата пратка на  Астра Зенека вакцини,  Австрија ја откажа последната пратка на оваа вакцина, поради смрт  на една 49 год.жена која починала а една 35 год. развила емболија по примање на оваа вакцина.

Генијална тактика или случајност за доцнење на вакцините во Македонија?

Агенцијата Ројтерс објави текст кој е малку загрижувачки. Имено агенцијата се обидела да ги контактира Астра Зенека за некаков коментар, ама до објавување на нивниот текст не добиле никаков одговор.Во текстот се вели:

„БАСГ добил два извештаи кои се поврзани со вакцина од истата серија на АстраЗенека, а пациентите ја примиле на клиника во градот Цветл во провинцијата Долна Австрија“

Според извештајот, 49-годишната жена починала како резултат на сериозно нарушување на коагулацијата на крвта, а 35-годишна имала белодробна емболија, но се опоравува.

Белодробна емболија е акутно нарушување предизвикано од ненадејна акумулација на згрутчена крв во пулмоналната артерија со последователна опструкција на протокот на крв во белодробното ткиво.

„Во моментов, нема докази за причинско-последична врска на гореспоменатите состојби со вакцината и вакцинацијата“, објави БАСГ.

Швајцарскиот весник Niederoesterreichische Nachrichten, телевизијата ОРФ и новинската агенција АПА објавија дека и двете жени биле медицински сестри, вработени на клиниката во градот Цветл.

Во соопштението на БАСГ се вели дека згрутчувањето на крвта не е меѓу познатите несакани ефекти на вакцината и се додава дека веднаш е покрената истрага за целосно исклучување на каква било потенцијална врска помеѓу вакцината и овие здравствени проблеми, односно фаталниот исход.

„Како претпазливост, повеќе не ги користиме преостанатите залихи од оваа серија вакцини на АстраЗенека“, се вели во соопштението.

Новинската агенција АПА го цитира портпаролот на АстраЗенека дека компанијата е во контакт со австриските власти и ја поддржува истрагата.

Агенцијата потсетува дека вакцината била одобрена и од Европската агенција за лекови и Светската здравствена организација врз основа на глобално клиничко испитување во кое учествувале 23.000 испитаници.

„Сите досегашни проценки покажаа дека вакцината на АстраЗенека против ковид-19 е безбедна и ефикасна“, објави АПА.

Регулаторите на Европската унија ја одобрија вакцината на 30 јануари, со објаснување дека е ефикасна и безбедна за употреба. Несаканите ефекти забележани за време на студијата главно траеле кратко и не биле забележани проблеми со коагулација на крвта.

линк до оригиналната вест

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со камери во училиштата во Албанија против насилство

20 училишта во Тирана се опремени со нов систем што ќе биде во останатите образовни институции во Албанија.

Со камери во училиштата во Албанија против насилство

Според премиерот Еди Рама, одлуката за воведување на интелигентните камери е донесена по трагичниот инцидент во едно училиште во Тирана, каде што малолетник го загуби животот по тепачка со врсници. „Тогашните камери не ни овозможија навреме да ја разбереме динамиката на настанот. Се обврзавме дека ќе ја подигнеме безбедноста во училиштата на највисоко технолошко ниво, а денес таа обврска почнува да се реализира“, изјави албанскиот премиер. Новиот систем, кој е дел од проектот „Smart city“, користи интелигентна технологија што овозможува автоматско препознавање на потенцијално ризични ситуации..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Септември почна со температури до 40 степени

Македонија денеска и утре е во жолта фаза поради високите температури, а летното време ќе продолжи и во првите денови од септември. 

Септември почна со температури до 40 степени

Денеска максималната температура ќе достигне до 37 степени, а високи температури се очекуваат и во среда.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа во попладневните часови ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 21, а максималните од 31 до 37 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 37 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши потерата во Црна Гора за тројниот убиец – пукал во полицијата и се самоуби

Рускиот државјанин Михаил Шабуњин, осомничен за тројно убиство што се случи вчера на стрелиште во близина на Даниловград, изврши самоубиство откако полицијата го пронајде и го опколи во шумата над Херцег Нови.

Заврши потерата во Црна Гора за тројниот убиец – пукал во полицијата и се самоуби

Потерата заврши рано утрово, околу 3:35 часот, во шумата над населбата топла во Херцег Нови. Според црногорските медиуми, полициските сили го лоцирале Шабуњин, а откако се нашол опколен, тој отворил оган врз полицајците. Потоа си пукал во главата. Директорот на полициската управа на Црна Гора, Лазар Шќепановиќ, ја потврди оваа информација. Во големата полициска операција учествувале членови на специјалните и специјалните полициски единици, секторот за гранична полиција и регионалниот центар за безбедност „југ“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер