МакедонијаПоради пожари за сообраќај затворени регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово и ГП МеџитлијаСообраќајот на регионалниот пат Р1204 во правец Свети Николе – Куманово од 13:30 часот е во прекин за сите видови на возила поради пожар покрај самиот пат, информира АМСМ. Сите видови возила се пренасочуваат кон автопатот А-4. Поради пожар, додава АМСМ, од 14:30 часот за секаков вид сообраќај е затворен и граничниот премин Меџитлија. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
МакедонијаМицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и МерцПремиерот Христијан Мицкоски изјави дека од самитот во Тиват се враќа задоволен и охрабрен, оценувајќи дека пораките од европските лидери биле најсилни досега кога станува збор за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.Според него, на самитот било потврдено дека процесот на проширување на Европска Унија останува активен и дека паралелно со него се подготвува нов механизам за продлабочување на односите меѓу Унијата и земјите од регионот. Макеодонскиот премиер истакна дека од разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц добил уверување дека се работи на документ кој ќе овозможи користење на одредени европски алатки и механизми од страна на земјите од Западен Балкан. „Тој документ не е во конфликт со проширувањето. Станува збор за два паралелни процеси – едниот е нов механизам за соработка, а другиот останува процесот на проширување“, рече премиерот. „Мојот оптимизам се темели на тоа што јас бев единствениот кој од земјите од западен Балкан имаше билатерални состаноци и со францускиот претседател Макрон и со германскиот канцелар Мерц. И точно знам што се зборуваше на тие состаноци и точно знам што ќе следи во периодот којшто е пред нас. Од страна на соговорниците добив одговори на некои од дилемите и кога ќе го имаме сето ова во предвид, оттаму доаѓа мојот оптимизам и инспирација, истакна Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Колку пари требало да добие Богоев за местениот тендер вреден 18 милиони денари?110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито за местениот тендер во Царина од 18 милиони денари.Џемо од Прилеп, сивата еминенција на СДС, договорил фирма која требала да добие тендер во Царина, па преку неговото влијание кон Богац успеал во намерата, а за возврат му ветил подарок во форма на банкноти. 18 милионскиот тендер за хигиена наменет за блиска фирма на Џемо, Богац го овозможил. Но, прашањето коешто треба да го одговори Богоев е колку пари требал да добие како награда за завршената работа? Дали е точно дека му биле ветени 10 проценти од тендерот, односно 1,8 милиони денари? Дополнително, дали е точна информацијата добиена од свиркачи дека ова не е последниот наместен тендер во Царина под раководство на Богоев? Децата на СДС си го покажаа вистинското лице. Иднината на Заев го падна првиот тест. Со вакви кадри СДС треба да се распушти, а не да води политики. Одговорност за криминалите на СДС мора да има. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
ФудбалСлот отфрлил понуда од Премиер лигата Поранешниот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, ја отфрлил понудата на Фулам да ја преземе функцијата тренер на првиот тим. Холанѓанецот, кој беше отпуштен на „Енфилд“ минатата недела, брзо стана главна цел на лондонскиот клуб, но одлучил да ја одбие шансата да остане во Премиер лигата, објави Goal.com. Фулам активно бара наследник на Марко Силва, кој го напушта клубот за да го преземе кормилото на португалскиот гигант Бенфика. Слот стана достапен откако Ливерпул го отпушти само една година по освојувањето на англиската титула, а Андони Ираола брзо е назначен за негова замена на „Енфилд“. Со оглед на тоа што Слот сега официјално е надвор од трката, Фулам мора да бара други кандидати за да може да започне со реконструкцијата на тимот пред новата сезона. Менаџерот на Ипсвич Таун, Киран Мекена, наводно е сè уште заинтересиран за слободната позиција, иако неговата клаузула за ослободување од 8 милиони фунти ќе треба да се активира. Во меѓувреме, друга цел, Томас Франк, се повлече од трката, вршејќи притисок врз лондонскиот клуб да најде решение пред да се затвори летниот преоден рок.Тагови: Слот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter