СДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар од министерот Клековски, директорката Андоновска, Миланов – одговорност мора да има
Интернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во Верона
1СДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар од министерот Клековски, директорката Андоновска, Миланов – одговорност мора да има
2Интернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во Верона
ТехнологијаПоради пожар,откажано лансирањето на јапонското вселенско летало (ВИДЕО)Лансирањето на јапонското вселенско летало без екипаж кон Меѓународната вселенска станица утрово беше откажано поради пожар.Пожарот избувнал во близина на лансирната рампа на космодромот ја југозападниот јапонски остров Танегашима. Ракетата Х-2Б што го носеше карго-авионот „Конотори8“ требаше да биде лансирана од вселенскиот центар Танегашима во 6:33 по локално време, изјави операторот „Митсубиши Хјун Индустрис“ (МХИ). Сепак, имало пожар во близина на рампата за лансирање. „Можеби ќе потрае некое време за да се утврди причината за пожарот и влијанието врз ракетата , па МХИ одлучи да го откаже лансирањето“, се вели во соопштението. Леталото во вселената требаше да испорача околу 5,3 тони резерви, вклучувајќи вода, храна, облека и опрема за тестирање, соопшти Јапонската агенција за вселенски истражувања. „Сè уште немаме нов датум за полетување, но тоа нема да се случи во наредните неколку дена“, рече портпаролот на МХИ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаСДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар од министерот Клековски, директорката Андоновска, Миланов – одговорност мора да имаВо Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност. Граѓаните мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено. Сите здравствени институции потфрлиле, тоа е факт. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни - значи 22 два дена гостиварчани пиеле загадена вода а никој не презел ништо. Зошто Центарот за јавно здравје не вршел редовни анализи на водата? Првите случаи, првите пациени биле забележани на 13 јули, од тогаш по 200 граѓани дневно се пријавувале секој ден. Зошто, кога бројот на пациенти почнал нагло да расте, никој навреме не ја истражил причината? Првите детални препораки на здравствени власти се издадени дури на 18 јули, од Институтот за јавно здравје. Значи 5 дена после тоа. Дополнително, само три дена пред да се открие дека гостиварци пиеле контаминрана вода, Центарот за јавно здравје доставил извештај дека водата може да се пие! Наместо брза реакција, итна координација, објавување на резулатите од водата и менаџирање - се случи хаос и целосен институционален колапс. И наместо здравствените власти да побараат испитување на водата и веднаш да преземат мерки, тоа го право по допрен глас Обвинителството. Така анализите на водата не се објавуваат, Обвинителството се повикува на „тајност на истрагата“, лекарите и граѓаните не знаат со што се соочуваат, се кријат информации кои мора да се знаат. Квалитетот на водата за пиење, основното човеково право не е доверлива информација, ниту истражна тајна. Тоа е прашање од највисок јавен интерес и секој граѓанин има право навреме да знае дали водата што ја користи е безбедна. Навременото предупредување и забраната за користење на водата поради утврдените микробиолошки отстапувања во ниту еден момент немаше да ја загрозат истрагата. Напротив, ќе придонесеа за заштита на здравјето на граѓаните. Но, институциите одбраа да тактизираат, а здравствените власти тие кои треба да се грижат за здравкето на граѓанте, молчеа. Цената на тоа молчење беше дополнително ширење на епидемијата. Денес повеќе од три илјади граѓани се регистрирани со симптоми на труење и уште многу кои се лекуваат дома. Затоа бараме да се утврди целиот синџир на одговорност, од локалните институции до Министерството за здравство. Бараме политичка одговорност - иитни оставки од: - Министерот за здравство, Сашо Клековски - Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска - Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство – Оливер Миланов - Одговорните на Локалните центри за јавно здравје И од сите одговорни лица кои со своето непостапување, доцнење или прикривање придонесоа оваа епидемија да добие размери какви што денес гледаме. Јавното здравје е над секој поединец. Здравјето на граѓаните е над секоја процедура. Одговорност мора да има. Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка Скопје, 22.07.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Кристијано и Георгина уживаат во базенот: Тој во гаќи, таа во прекрасен бикиниЕден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Португалецот Кристијано Роналдо го покажа своето атлетско тело додека плива во долна облека во друштво на својата поубава половина свршеницата Георгина Родригез во црно бикини. Познатиот пар уживаше во снимањето на видеото на кое се гледаат нивните извајани тела. Кристијано одвои време за својата свршеница откако неговата репрезентација беше елиминирана од Светското првенство. Иако ова беше неговото последно Светско првенство, 41 годишниот Кристијано се надева дека тоа нема да значи крај на неговата кариера, а дотогаш целосно ѝ се посветува на Георгина, со која е свршен веќе една година. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
КултураИнтернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во ВеронаСтоечки овации, долготрајни аплаузи и публика која не престануваше да ја поздравува екипата – тоа е најубавата слика од гостувањето на Битолскиот театар во Верона. Меѓународната изведба на „Кориолан“, во режија на Џон Блондел, на Verona Shakespeare Fringe Festival, беше пречекана со исклучителен интерес и воодушевување од публиката. Енергијата што се чувствуваше во салата за време на претставата, а особено по нејзиното завршување, покажа дека театарот навистина нема граници и дека силната приказна допира до секој, без оглед на јазикот и земјата од која доаѓа. Во Верона се случува и 12. Светски Шекспир конгрес, кој ја одбележува 50 годишнината на Интернационалната Шекспир асоцијација, а покрај тоа на повеќе сцени низ градот се одржува и музичка програма. Со ова градот од 20. до 26.07 прераснува во глобална театарска сцена која пречека илјадници уметници, истражувачи, од целиот свет. Фестивалот е организиран од Центарот Skenè на Универзитетот во Верона. Основачи на оваа платформа се: Џон Блондел кој е уметнички директор на фестивалот, Силвија Биљаци, Сидија Фјорато, Џон Блондел и Дејвид Скалквик. Фестивалот ги спојува делата на истражувачите и уметниците кои ги уриваат граници помеѓу сценската уметност и науката; овозможува нови начини на изведба, рецепција и пренесување; и создава можности публиката да доживее разновиден спектар на имагинативни одговори на делата на Шекспир. Фестивалот се реализира во соработка со Conservatorio di Verona и Teatro Scientifico – Teatro Laboratorio. „Искрено им благодариме на организаторите на фестивалот за беспрекорното гостопримство, професионалната организација и честа да бидеме дел од ова значајно меѓународно театарско случување“, истакнуваат од НТБ. Најголемата благодарност, сепак, им припаѓа на актерската, авторската и техничката екипа на НУ Народен театар Битола, која со својата посветеност, дисциплина и талент создаде претстава што достојно ја претстави македонската театарска уметност пред меѓународната публика. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска. На овој престижен меѓународен фестивал, Народниот театар Битола гостуваше после премиерата на 66.Охридско лето и ја позиционираше и потврди македонската театарска сцена високо на глобалната театарска мапа. На фестивалот учествуваат театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија. Во прилог го споделуваме видеото од поклонот и долготрајните аплаузи – момент кој засекогаш ќе остане запаметен како едно од најсилните сведоштва за успехот на ова гостување. „Благодариме, Верона! Ова беше вечер што ќе ја паметиме долго“, додаваат од Битолскиот театар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook