ЗабаваПоради оваа грешка усните „ви висат“ Славна шминкерка предупредува на грешката што ја прават повеќето жени во своите 40-ти годиниСекоја жена посакува да има убави и пополни усни, но постои еден трик кој не важи за сите жени. Убаво обликуваните усни се желба на многумина од нас. Иако некои жени одлучуваат да побараат помош од естетичар кој ќе им ги пополни усните или ќе им направи трајна шминка, сепак повеќето се потпираат на моменталниот ефект на шминката. Исцртувањето на усните со молив е тренд со децении, но ефектот што го дава ваквата шминка се менуваше низ годините. Ерика Тејлор е позната шминкерка за брендот „Loreal Paris“, која на жените постари од 40 години на Тикток им кажа што да избегнуваат при шминкањето на усните. Таа во првиот дел од видеото покажува дека острите агли и контури не се пожелни и дека не ги обликуваат убаво усните, особено кај жените во позрела возраст. Наместо остри рабови, усните треба да бидат благо врамени со молив, односно да исцртате линија малку над нив. Откако ќе исцртате благи линии, потребно е да ја изедначите нијансата на моливот со останатиот дел од усните, тоа ќе им даде понежен и пософистициран изглед. Не треба со моливот да одите многу над усните, потребно е само да ја следите нивната линија и да направите нежни и меки контури. Веднаш потоа, шминкерката нанесува сјај за усни, што ги направи пополни и поубави. Повеќето жени преку коментар се согласиле дека овој начин на исцртување на усните изгледа многу поприродно од она што го гледаме секојдневно на улица и дека секако на жените ќе им даде поприроден и понежен изглед, а можеби дури и ќе ги подмлади. Извор:srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возењеВластите во Србија вчера уапсиле 43-годишен државјанин на Македонија кој е осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, објавија српските медиуми.Припадници на министерството за внатрешни работи на Србија, управата за криминалистичка полиција и службата за борба против корупцијата, по налог на посебното одделение за сузбивање корупција при вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле осомничениот, со иницијали З. А., за кривично дело давање поткуп.Тагови: мито Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter