Поради оваа грешка на родителите, дебелината е сè поприсутна кај децата - Канал 5

Поради оваа грешка на родителите, дебелината е сè поприсутна кај децата

​Иако прекумерната количина храна и недостатокот на физичка активност кај децата е закана за дебелина и дијабетес, сепак не е само до храната.

Поради оваа грешка на родителите, дебелината е сè поприсутна кај децата

Ширум светот воочлив е порастот на дебелина кај децата. Таа со себе носи бројни опасности по здравјето на детето, а сè повеќе деца добиваат дијагноза дијабетес.

Истражување спроведено во САД покажа дека децата кои секојдневно поминуваат 3 или повеќе часа пред екраните имаат значително висок ризик за појава на дијабетес тип 2.

Стручњаците кои ја спровеле студијата дошле до загрижувачки резултати. Децата кои подолго седат пред екраните, во просек имаат поголем процент на телесни масти, поизразена инсулинска резистенција и хормонален дисбаланс, пред сè нарушени вредности на хормонот лептин кој е одговорен за регулација на апетитот и чувството на ситост.

Со други зборови, долготрајното седење пред екраните не само што води до дебелина, туку го нарушува природниот баланс во организмот, отворајќи ја вратата за развој на сериозни метаболички заболувања.

И додека родителите сметаат дека детето ќе порасне и со спорт ќе се компензира седењето, за жал, не е така. Истражувачите откриле дека ни воведувањето физичка активност не ги анулирало целосно штетните последици настанати поради предолгото седење пред екраните.

Метаболичките промени, особено придружени со дебелина и неправилна исхрана, може да останат присутни и по ограничување на времето поминато пред екраните. Со други зборови, превенцијата е клучна.

Стручњаците нагласуваат дека без оглед на полот, долгото седење пред екраните еднакво влијае на развојот на инсулинската резистенција и зголемувањето на телесната маса.

Стручните лица ги повикуваат родителите да реагираат веднаш и да го ограничат времето кое децата го поминуваат пред екраните, таблетите, телефоните, видеоигрите...

Еве што советуваат:

  1. Однапред одредете кога и колку време детето може да гледа цртани или да игра видеоигри
  2. Заменете го екранот со вистинска друштвена игра, цртање, готвење, прошетка или спорт
  3. Воведете ритуали без екран – на пример, вечерна прошетка без мобилен телефон
  4. Бидете пример затоа што децата учат од односот на родителите, ако вие постојано гледате во телефонот и детето ќе гледа

Не заборавајте дека здравјето и здравите навики на децата почнуваат од дома. Дијабетес тип 2 не е болест резервирана за постарите затоа што сè почесто ги погодува и децата, а прекумерното седење пред екранот е еден од тивките виновници кој лесно се занемарува.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер