НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
1НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
ЗдравјеПоради опасност од рак, во Европа се забранува тетовирање во бојаЕвропската агенција за хемикалии (ECHA) поради одредени супстанции кои ги содржат боите за тетоважа, предложи да бидат повлечени од промет.Со забраната се опфатени пигментите сино 15 и зелено 7, кои се содржани во две третини од сите бои за тетоважи, пишува Дојче веле. ЕСНА посочува дека според регулативите на ЕУ, овие пигменти во козметиката веќе се забранети. И она што не треба да се применува на кожата, не треба да се нанесува под кожата, смета Агенцијата. Боите за тетоважа има сомневања дека содржат карциногени материи , но малку се знае за долгорочните ефекти на честичките боја во организмот. Дури и ЕСНА признава дека хемикалиите се штетни за здравјето, но дека последиците од нивната употреба не се познати. Во Германија, уметниците за тетоважи, нивните клиенти и креаторите на бои заеднички се спротивставуваат на планираната забрана. Кон средината на јануари, мајсторот за тетоважи Јорн Елсенбрук покрена онлајн петиција, „Зачувај ги тетоважните во боја“. Целта е да се реши проблемот со владата и да се изврши притисок врз Европската комисија за спречување на забраната. До крајниот рок за потпишување на петицијата на 16 февруари, тој успеа да собере повеќе од 150.000 потписи. Така, се исполни условот неговото барање да се најде на маса на Комисијата за петиции во Бундестагот. Студијата на германското списание „ Apotheken Umschau “ покажа дека 21 отсто од Германците биле тетовирани. Ова значи дека процентот на тетоважи кај популацијата скоро двојно се зголемил во последните седум години - 11,4 проценти во 2012 година. Ако пигментите сино 15 и зелено 7 исчезнат од пазарот, тоа би имало огромни последици за индустријата за тетоважи. „Тетоважите без бои не одат“, раскажува тату мајсторот Свен Шинке за ДВ. Тој се плаши дека уметниците за тетоважа сега би можеле да започнат да работат незаконски, на пример, со нарачување боја од САД и да работат во скриени простории. „Повеќе би сакал да ја завршам мојата работа без една нога во затвор“, вели Шинке. Неговиот колега Денис Клотен смета дека планираната регулатива е всушност скриена забрана за работа. Тој вели дека не постојат долгорочни студии, но дека постои долго искуство на многу мајстори кога станува збор за ефектот на бојата врз кожата. Земјите на ЕУ ќе одржат консултации за забраната во април. Ако се случи тоа, ќе има преоден период кога пигментите сè уште ќе бидат во употреба. Во исто време, ќе се бараат алтернативи на пигментите сина 15 и зелена 7. Но, производителите на бои и занаетчиите се сомневаат дека потрагата ќе вроди со плод. „Пигментите не можат да се заменат со нешто друго и забраната би го уништила тетовирањето во боја“, напиша еден производител на бои. И Денис Клотен смета дека транзицијата е безначајна. „Ако пигментите се навистина толку штетни и канцерогени, тогаш зошто може да се користат во преодниот период? Ништо од ова не е правилно осмислено“, заклучува Денис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор. Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби. „Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина. Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор. Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба. „Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп. Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор. Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор. „Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател. На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна. „Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44