Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост - Канал 5

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Како резултат на невремето кое во попладневните часови го зафати Градот Скопје, на бројот за итни повици 112 биле пријавени паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и во мал дел оштетување на приватна сопственост (моторни возила, настрешници и др.)

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Пријавите се однесуваат на следните локации:

1. Ул. Теодосиј Гологанов кај АМСМ (паднато дрво врз возило)

2. Ул. Париска бр. 18 (паднато дрво врз барака)

3. Ул. Никола Русински бр. 3б (паднато дрво врз возило)

4. Ул. Димитар Туриманџовски кај ПС Аеродром (паднати две дрва)

5. Ул. Ѓорче Петров 8в (паднато дрво врз возило)

6. Ул. Самоилова бр. 101 до фурна „Сирма“ (паднато дрво врз струен кабел)

7. Бул. Партизански одреди бр. 74А (паднато дрво врз повеќе возила на паркинг спроти слаткарница „Палма“)

8. Ул. Струма бр. 1/2/10 (паднато дрво врз балкон)

9. Топаана – паднато дрво врз куќа спроти фурната

10. Ул. Волгоградска бр. 11 (паднато дрво на дел од зграда)

11. Ул. Руѓер Бошковиќ (паднато дрво врз Драмски факултет)

12. Ул. Драгиша Мишовиќ бб, двор на градинката „Орце Николов“ (паднато дрво врз возило)

13. Ул. Питу Гули (паднато дрво)

14. Ул. Ацо Шопов бр. 80 (паднато дрво)

15. Ул. Методија Митевски бр. 8, Топаанско Поле (паднато дрво)

16. Ул. Лука Геров бр. 31 (паднато суво дрво врз кабли на ЕВН)

17. Ул. Христо Татарчев 71/1 (паднато дрво на пешачка патека)

18. Ул. Варшавска (паднато дрво кај кружниот тек со ул. Париска)

19. Ул. 1, Булачани (паднато дрво врз кров)

20. Ул. Радика бр. 5 (паднато дрво на пешачка патека)

21. Ул. Јуриј Гагарин бр. 54 (паднато дрво пред влез од зграда)

22. Бул. Јане Сандански бр. 70 (навалено дрво со опасност од пад)

23. Ул. Методија Митевски (паднато дрво и навалена бандера)

24. Ул. Бриџис Метана бр. 2 (навалено дрво со ризик од голема штета)

25. Ул. Васко Карангелески бр. 21 (паднати дрва, едното го блокира влезот)

26. Ул. 808, кај Пивара (паднато дрво врз паркинг)

27. Ул. Даме Груев бр. 14 – пред Министерство за труд и социјална политика (паднати дрва)

28. Ул. Самоилова бр. 43 (навалени дрва, скинати жици на ЕВН)

29. Капанан, Стара Чаршија (паднато дрво)

30. Ул. Атинска бр. 13 (навалено дрво во кабли на Телеком)

31. Ул. Митрополит Теодосиј бр. 18 (паднато дрво до Клуб на пратеници)

32. „Старо Буре“ (паднато дрво врз кабли на ЕВН)

33. Ул. Шар Планина бр. 85 (електрична бандера со искрење)

34. Ул. Лука Геров бр. 31 (паднато дрво врз кабли на ЕВН, со искрење)

35. Ул. Скупи бр. 22/39 (навалена бандера со жици под напон)

36. Ул. Виниче бр. 94 (влез кон Страцинци, потребна интервенција од ЕВН и БППЗ)

37. Ул. Ферид Мурати (материјална штета врз возила, лавален кров претставува опасност)

38. Ул. Јордан Мијалков бр. 55 (паднати три контејнери, блокирана улица)

39. Ул. Боро Петрушевски бр. 12 (оштета на куќа од паднат кров од зграда во изградба)

40. Шишево – Грчец, кај гробишта (падната бандера на струја)

41. Ул. 2 бр. 33, Илинден (жици под напон со искрење)

42. Ул. Бутелска бр. 44 (бандера која искри)

43. Бул. Босна и Херцеговина (оштетени семафори со ризик од пад)

44. Ул. Димче Милошевски (искрење на жици од бандера)

45. Ул. 21, Сопиште (споени жици на ЕВН со искрење)

46. Маркова Сушица, кај православни гробишта (паднат кабел под напон)

47. Ул. Никола Русински бр. 29 (искрење на кабел на ЕВН, кај кафеана „Сидро“ – Лептокарија)

48. Ул. Јуриј Гагарин бр. 4, Козле (гори бандера, пријава до БППЗ)

49. Ул. Даскал Камче (тенда која претставува опасност)

50. Ул. Христо Татарчев бр. 119 (искрење на бандери)

51. Ул. Кичевска (паднати кабли на ЕВН)

Сите наведени пријави се проследени до надлежните служби, кои интервенираат по приоритет со цел надминување на настанатата состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Како што пренесува гренландскиот весник „Сермитсиак“, до крајот на 2027 година, поголемиот дел од Гренланд ќе се врати во својата претходна временска зона, GMT-3.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Ова следува по одлуката донесена вчера од локалниот парламент за промена на начинот на сметање на времето.

Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми за еден час – на четири часа – додека разликата во однос на Вашингтон ќе се намали за еден час – на два часа. Гренланд и понатаму ќе го применува летното сметање на времето.

Прашањето за тоа кон која временска зона треба да припаѓа овој арктички остров со години е предмет на дебата на Гренланд. Дури во 2023 година, поголемиот дел од Гренланд премина во временската зона GMT-2, со цел да го усогласи своето време со Данска и остатокот од Европа. Иако Гренланд е дел од Кралството Данска, тој ужива висок степен на автономија.

Собрани околу 4.000 потписи како поддршка за промената

Во парламентот, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен се спротивстави на враќањето во претходната временска зона, предупредувајќи на можни негативни економски последици, со оглед на тоа што најважните трговски партнери на Гренланд се наоѓаат во Европа.

Тој исто така истакна дека промената ќе го скрати временскиот прозорец во кој здравствениот систем на Гренланд може да се консултира со медицински специјалисти во Данска, а предупреди и на можни компликации во авионскиот сообраќај кон и од Европа.

Сепак, според „Сермитсиак“, многу жители на Гренланд се залагаат за враќање во претходната временска зона. Граѓаните собраа околу 4.000 потписи како поддршка за оваа промена. На Гренланд живеат околу 56.000 жители.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Демократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.

Епидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртви

Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај.

Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход.

За овој сој не постои одобрена вакцина или третман

Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“.

Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда.

Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер