3Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“
ЗдравјеПоради непријатна ситуација во лунапарк, ослабела 83 килограми (фото/видео)Губењето на тежината ја довел до нов проблем поради што ја нарекуваат летечка верверица! Кимберли Несторик (27) е жена од Пенсилванија која во еден момент се соочила со фактот дека тежи дури 140 кг. Таа го променила личниот опис, но сепак трпи негативни коментари на социјалните мрежи. Нејзината четиригодишна ќерка бара големо внимание, а Кимберли поради својата тежина честопати не можела да ја следи својата ќеркичка, па била принудена да ја пушта сама. Најмногу килограми добила за време на пандемијата, кога не излегувала никаде и јадела исклучиво купена храна. Цел живот живеелa на брза храна, а тоа резултирало со фактот да тежи дури 140 кг. Во еден момент, сфатила дека мора да ослабе за да учествува во животот и растењето на својата ќерка. Едно летно попладне Кимберли ја одвела својата ќерка во лунапарк, но таму се соочила со голема непријатност. - Сакав да се качам на вртелешката со ќерка ми за да не биде сама, но вработените ми рекоа дека сум претешка. Не можеа да ми стават ни безбедносен појас, зашто „таков“ не постои. врзат појас, пошто „таков“ појас не постои. Тоа беше црвено светло за тревога, аларм дека морам итно да променам нешто. Отидов дома и бев решена да започнам со план за исхрана и вежбање. Почнав да јадам само храна што сама ја приготвувам. Го намалив месото и внесов повеќе зеленчук, што ме заситуваше. Почнав да тренирам четири пати неделно. Ослабев дури 83 килограми за рекордно време – објаснила Несторик за „Мирор“. Таа сега има 57 кг., но се соочува со проблем настанат поради вишокот кожа. Според Кимберли, виснатата кожа не само што е естетски проблем, туку ја спречува во секојдневното функционирање. Таа мора да носи стегачи, од кои добива осип кога е топло. Операцијата за отстранување на вишокот кожа изнесува од 8 до 15 илјади долари, и штом собере пари, таа е решена да се ослободи од неа. Како што кажува, шест месеци откако ослабела, успеала да најде нов партнер. Поради проблемот со вишокот кожа, на социјалните мрежи ја нарекуваат летечка верверица или падобран. Иако партнерот ѝ вели да не обрнува внимание, сепак на оваа млада жена ѝ е тешко кога ќе прочита такво нешто за себе и своето тело. @shrinking.kim My smile was so big 🥺 It makes me want to cry. The progress I have made over the past two years is incredible and the hardest thing I have done in my entire life. 175lbs and over 90% of my excess body weight ARE GONE. It took me 27 years, but I finally got healthy. #weightloss #looseskincheck #weightlosscheck #weightlosstransformation #weightlossjourney #weightlossmotivation #wls #nsv #vsg #healthy #bodypositivity #caloriedeficit #gymtok #fittok #momtok #weightlossprogress #beforeandafter #transformation #progressphoto ♬ it's been a year - Ashley Cooke Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДржавниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДПДржавниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП во вториот квартал од 2026 година, соопшти статистичката служба на ЕУ – Евростат. Во парична вредност, владите во еврозоната должат околу 14,4 трилиони евра. Италија и се приближува на Грција која е најзадолжената земја-членка со долг од 140% од БДП-то, додека зад нив е Франција чиј долг се искачи на 119%. Според правилата на ЕУ, долгот не треба да надминува 60% од БДП, а годишните буџетски дефицити не треба да надминуваат 3%. Меѓутоа, според Евростат, комбинираниот дефицит на владите во еврозоната е зголемен и изнесува 3,3% од БДП-то во вториот квартал од годинава. Минатата година, 12 земји-членки имаа долг над границата од 60 % утврдена од ЕУ, а 11 земји забележаа дефицити од 3 % или повеќе.Тагови: Евростат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштијаСе најавува нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети со повисоки сметки за струја и парно од Нова година. МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, се споменува и новото поскапување на парното, трето по ред годинава. Трошоците за живот од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари. Вкупната потрошувачката кошничка во октомври надминува 70.000 денари, а со кирија достигна над 90.000 денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Минималната плата не мрда од 26 илјади денари. 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Граѓаните имаат крпен живот - одат на работа, вложуваат труд, а се повеќе осиромашуваат. До ова дно ги донесе Мицкоски. Одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Ја одби секоја мерка на СДСМ за да им помогне на граѓаните да се справат со овие ценовни шокови. Наместо да ги зголеми платите арамијата Мицкоски размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници, а Мицкоски зголемува на над 100.000. Ова е смислена политика, ова е одлука. И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците. Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации. Прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураГоран Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор.По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта, духовноста и културата. Во своето обраќање, Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува исконската човекова приказна за љубовта. Тој ја нагласува и одговорноста на оперските уметници да ја зачуваат живата врска со публиката, како најважен примател на ова уметничко наследство. „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае. Каков успех!“ - порачува Диновски. Неговата порака е потсетник дека гласот, музичкиот театар и културата не се само уметнички изрази, туку и вредности што го поврзуваат човештвото и опстојуваат низ времето. Со оваа објава, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA продолжува да ги промовира уметниците и нивните размислувања за значењето на изведувачките уметности денес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook