Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена - Канал 5

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена

Поради маглата која и денеска е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот денес напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета.

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена

Поради маглата која и денеска е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот денес напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат еден лет. По 11 часот слетаa авионите од Дортмунд и од Виена, а во моментов се очекува да полета авионот за Хамбург, информираат од ТАВ Македонија.

Од ТАВ Македонија посочуваат дека согласно временската прогноза од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во преостанатиот дел од денов, како и во текот на утрешниот ден.

-Сепак, со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција на намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија. За патниците и јавноста повторуваме - Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен. Аеродромот е отворен, без разлика на временските прилики. Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи се подготвени да ги услужат и авионите и патниците, нагласуваат од ТАВ Македонија.

Појаснуваат дека аеродром се затвора само со посебна одлука при што се испраќа авијациска порака НОТАМ до сите чинители во авиосообраќајот, а тоа се прави само во исклучителни ситуации кога некој капацитет на аеродромот поврзан со опслугата на авионите не е во функција, или пак ако станува збор за општа вонредна состојба.

-На Меѓународниот Аеродром Скопје сите капацитети му се во функција, оттука ние сме отворени за авиосообраќај. Во сите случаи со магла, Меѓународниот Аеродром Скопје не се затвора, туку е отворен. Притоа чекаме Метео-службата на М-НАВ, како институција во чија надлежност се навигациските системи во авиосообраќајот, да нè извести дека има подобрување на временските прилики - и нас како аеродромски оператор и авиокомпаниите, чии пилоти ги носат одлуките дали ќе слетаат или ќе се пренасочат на друг аеродром зависно од моменталната минимална видливост која самата авиокомпанија одлучила дека ја прифаќа, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.

Сите промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време на веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/, а патниците може да се информираат за статусот на нивните летови и на пултот за информации кој работи 24/7 со персонал кој е присутен на аеродромот и на телефонскиот број 02 3148 333.

Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, вчера од 00:00 часот до 18 часот, како што информираа од ТАВ Македонија имло 16 откажани и 11 пренасочени летови, додека три авиони слетале и три авиони полетале после пладне, кога се подобриле временските услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)

Керис Даглас за состанок во Њујорк избра топ кој е постар од неа. 

Ќерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)

На настанот на „Гучи“ и „Мода Операнди“, 23-годишната девојка носеше проѕирен црн топ од чипка со длабоко деколте, заедно со мини здолниште и хулахопки. Парчето е од времето кога Том Форд дизајнираше за „Гучи“, а Керис не го бараше во продавниците за винтиџ. Како што објавува „Пејџ Сикс“, таа го позајмила од плакарот на нејзината мајка, Кетрин Зета-Џонс.

Кетрин Зета-Џонс, го носеше истиот топ во 1996 година на премиерата на филмот „Долгото збогување“, но го комбинираше поинаку. Под проѕирната чипка носеше црн топ без прерамки, со панталони направени од истата чипка.

Топот на „Гучи“ е од деведесеттите години, но проѕирната црна чипка е во тренд оваа есен. Сен Лоран ја покажа во раскошни вечерни фустани, додека Кајт искомбинираше црн топ од чипка со кадифени панталони.

Чипка видовме и надвор од пистата. Зои Кравиц пристигна на ревијата на Сен Лоран во проѕирен црн кардиган со врзување и здолниште од чипка во иста боја, а Хејли Бибер носеше топ од чипка со хулахопки со ист цветен дезен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. 

Во МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан

Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс.

Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот.

Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс.

Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP).

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан.

Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека запленило повеќе од 1,2 милијарди долари во криптовалути, кои се пријавени како украдени минатиот месец од Binance, најголемата светска берза за криптовалути.

ФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс

Кражбата од околу 6,3 милијарди долари од Бајненс се смета за најголема кражба во историјата на криптовалутите, а ФБИ претходно ја обвини севернокорејската хакерска група позната како TraderTraitor за тоа.

Владата на САД и приватниот сектор досега колективно замрзнаа повеќе од 2,7 милијарди долари украдени средства, а Министерството за правда на САД во четврток соопшти дека сега добило судско одобрение да заплени или блокира повеќе од 1,2 милијарди долари од таа сума.

Во такви случаи, владата на САД обично поднесува барање до судија за запленување на средствата, по што судијата утврдува кој има легитимно право да ги поврати повратените средства.

ФБИ, исто така, ја обвини Северна Кореја за посебна измама со шверц на луѓе, за која официјалните лица велат дека довела до кражба на 400 милиони долари во криптовалути во текот на изминатите 18 месеци. Измамата, позната како FaceStealer, вклучува сложена низа активности што вклучуваат преземање контрола врз популарните апликации за пораки и снимање deepfake видеа.

Американските претставници постојано ја обвинуваат Северна Кореја дека користи сајбер измами за собирање средства за режимот, вклучително и за нејзината програма за нелегално оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер