Поради купување јахта, сослушани сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ и Александар Папиќ - Канал 5

Поради купување јахта, сослушани сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ и Александар Папиќ

Легендарниот екс  тенисер Слободан Живојиновиќ Боба и контроверзниот бизнисмен Александар Папиќ се сослушани во Третото основно јавно обвинителство во Белград во врска со кривичното дело измама, поврзано со набавката на јахтата „Першинг 54“.

Боба Живојинивиќ

Легендарниот екс тенисер Слободан Живојиновиќ Боба и контроверзниот бизнисмен Александар Папиќ се сослушани во Третото основно јавно обвинителство во Белград во врска со кривичното дело измама, поврзано со набавката на јахтата „Першинг 54“.

И обвинителството го објави целиот случај.

„Поради измама поврзана со купопродажба на пловен објект – јахта од марката „Першинг 54“, за која правното лице „Харвинтер д.о.о. поднесе кривична пријава до јавното обвинителство, јавниот обвинител ги сослуша осомничените Слободан Живојиновиќ и А.П.Београду за околностите на кривичното дело од член 208 од Кривичниот законик, ја сослуша жртвата М.С. информатичко-телекомуникациско вештачење и за графоскопско вештачење на ракописи“, се наведува во соопштението на обвинителството, пренесува Нова. Како што понатаму наведуваат, јавниот обвинител во понатамошниот тек на постапката ќе ги преземе сите потребни дејствија од негова надлежност за правилно утврдување на фактичката состојба и ќе донесе одлука врз основа на законот.

Боба Живојинивиќ

Според дел од српските медиуми, станува збор за Папиќ и Живојиновиќ.

Поранешниот тенисер и бизнисменот се осомничени дека два пати продале една иста јахта и за мтаа купопродажба добиле два пати по 300 000 евра.

Инаку, Александар Папиќ неодамна беше приведен за проневера во ЕПС, односно дека бил со Милорад Грчиќ, поранешен в.д. директор на ЕПС, го оштетил тоа претпријатие за повеќе од 100 милиони динари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните

„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи.

Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните

„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи, оставајќи зад себе светски метрополи и технолошки лидери како Сингапур, Дубаи и Абу Даби.

Што точно значи ова признание, колку се намалени жртвите на патиштата и како системот „Safe City“ ќе се шири низ целата држава, дознаваме од разговорот на колегата Дејан Трајкоски со министерот за внатрешни работи - Панче Тошковски.

Во видеото погледнете го целиот разговор со министерот Тошковски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката

Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба.

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката

Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, ниту како Министерство за финансии сме помогнале да се случи продажбата и сопственикот да се стекне со мнозинскиот пакет, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.

Таа потсети на постапките што се преземени од страна на Народната банка, Комисијата за хартии од вредност до објавување на јавната понуда на 11 септември и дека на 23 септември имајќи ја предвид јавната понуда на Владата се дискутира на тема на тоа дали во државата има одредени институции кои што имаат акции во оваа банка.

„На 1 септември Народната банка дава претходна согласност за квалификувано учество. Што значи тоа? Тоа значи дека до 1 септември целокупната постапка околу лиценцирање на лицата, банка или било физички лице, тоа Народната банка си знае, го имала завршено. На 10 септември Комисијата за хартии од вредност дава дозвола за јавна понуда за превземање, којашто јавна понуда за превземање, односно јавна понуда и проспект, се објавени на 11 септември. Во таа јавна понуда и во тој објавен проспект, стои датум, кој што вели дека секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите, има обврска тоа да го направи до 10 октомври, што значи дека нема апсолутно никаква врска со претходните изнесувања, дека записникот бил поврзан со некакви датуми, туку исклучиво со датумот кој што стои во јавната објава, повторно тоа е на Македонска берза. На 19 септември имаме објава во Службен весник, согласно која, сопственикот се стекнал со 74 и нешто проценти, на сопственост иако прагот на успешност во тој период бил 70%. Значи, до овој момент постапката се одвива, така што Народната банка е вклучена, Комисијата за хартии од вредност, заинтересираната банка и тука веќе имаме објава во Службен весник дека продажбата е успешно завршена“, појасни министерката.

При тоа посочи на информацијата од седницата на Владата во која од страна на Министерството за финансии е објаснета постапката, но при тоа да се има предвид дека станува збор за изборен период. При тоа таа се повика на записник од владината седница.

Министерката повтори дека клучниот момент е фактот дека Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, купување, коешто завршува на 19 септември и е објавено во Службен весник, од каде што ние во Министерството, всушност, ги добивме и информациите, па врз основа на тоа почнаа постапките за да видиме дали прво државата има некаква сопственост и да предупредиме дека имаме избори и дека немаат можност да вршат продажба“, истакна министерката.

Таа заклучи дека во однос на надлежност како Министерство за финансии, Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба, затоа што ние, освен тоа што го подготвуваме и предлагаме законот, кој преку Владата се усвојува во Собранието во конкретната ситуција немаме никава надлежност бидејќи целата контрола, супервизија и надзор на банкарското работење е од страна на Народната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново судско рочиште за случајот со Државна Лотарија

Со испрашување на вештото лицe кое го работело економското вештачење за набавката на ВЛТ апарати во државна лотарија, продолжи денешното судење за Државна лотарија, чиј предмет на обвинение е токму оваа спорна набавка.

Ново судско рочиште за случајот со Државна Лотарија

Вештакот Анита Поповска пред судот образложуваше што стоело во финансискиот план за набавка на овие ВЛТ апарати, а рече дека вкупниот износ на набавката изнесувал над 9ипол милиони евра.

Во финансискиот план за набавка на ВЛТ апаратите, се покажани сите расходи на друштвото и платите на вработените. Конкретно за набавка на ВЛТ апарати вкупната вредност која што било издвоена изнесува 596. 125.511 денари.

Понатаму обвинителите продолжија да го испрашуваат сведокот во делот на даденото мислење од Министерството за финансии, на што одбраната постојано реплицираше дека вештакот не може да вади правни заклучоци. Според одбраната вештачењето не е спорно, но тврдат дека обвинителите со своите прашања се обиделе да го натераат вештакот да одговори на работи кои не се содржани во вештачењето.

Судењето за државна лотарија ќе продолжи на 18 ноември со испитување на Александар Климовски, актуелниот директор на државна лотарија и последен сведок на обвинителството, пред да започнат во судница да се појавуваат сведоци предложени од одбраната.

Во судското рочиште за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра првообвинет е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, а обвинението ги опфаќа и поранешните прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот генерален секретар во владата Методија Димовски и уште пет лица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер