Поради Ковид-19, околу 67 милиони деца во светот пропуштија да добијат вакцини - Канал 5

Поради Ковид-19, околу 67 милиони деца во светот пропуштија да добијат вакцини

Околу 67 милиони деца во светот делумно или целосно ги пропуштиле рутинските вакцини на глобално ниво помеѓу 2019 и 2021 година поради заклучувања и нарушувања на здравствената заштита предизвикани од пандемијата „Ковид-19“, соопштија ОН.

Поради Ковид-19, околу 67 милиони деца во светот пропуштија да добијат вакцини

„Повеќе од една деценија тешко стекнати придобивки во рутинската имунизација во детството се еродирани“, се вели во новиот извештај на агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ, додавајќи дека враќањето на вистинскиот пат „ќе биде предизвик“.

Од 67 милиони деца чија вакцинација беше „сериозно нарушена“, 48 милиони целосно ги пропуштија рутинските вакцини, соопшти УНИЦЕФ, истакнувајќи ја загриженоста за потенцијалните епидемии на полио и сипаници.

Вакцинација кај децата се намали во 112 земји, а процентот на вакцинирани деца ширум светот се намали за 5 поени на 81 процент - ниско ниво што не е забележано од 2008 година. Африка и Јужна Азија беа особено погодени.

„Загрижувачки е тоа што назадувањето за време на пандемијата дојде на крајот на една деценија кога, генерално, растот на имунизацијата во детството стагнираше“, се вели во извештајот.

Вакцините спасуваат 4,4 милиони животи секоја година, бројка според која ОН би можеле да скокнат на 5,8 милиони до 2030 година доколку се исполнат нивните амбициозни цели да не остават „никого зад себе“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе се одложи ли финалето Аргентина - Шпанија во недела во Њу Џерси?

Финалето на Светското првенство можеби ќе биде одложено, причината е повеќе од опасна?!

Ќе се одложи ли финалето Аргентина - Шпанија во недела во Њу Џерси?

Финалниот натпревар во Њу Џерси меѓу Шпанија и Аргентина е закажан за в недела во 21:00 часот, но се чини дека можеби нема да биде така.

Светското првенство се ближи кон самиот крај; остануваат уште само два натпревара.

Сепак, временската прогноза им создава сериозни проблеми на организаторите. Финалето треба да започне во 15:00 часот по локално време, при температура од околу 28 степени, но метеоролозите најавуваат грмотевици.

Според безбедносните правила што важат во САД, доколку гром удри во радиус од 13 километри од стадионот, натпреварот мора да се прекине најмалку 30 минути.

Вакво сценарио веќе беше видено на ова Светско првенство – почетокот на второто полувреме од натпреварот меѓу Франција и Ирак, како и почетокот на натпреварот меѓу Мексико и Англија, беа одложени за речиси еден час токму поради временските услови.

Во случај временските услови да бидат уште понеповолни, не се исклучува можноста за промена на датумот на финалето, што би претставувало голем организациски и финансиски удар за ФИФА.

Покрај дополнителните трошоци за организацијата, би настанале и проблеми за телевизиските куќи што го резервирале терминот со најголема гледаност, како и за спонзорите и комерцијалните партнери на финалниот натпревар на турнирот.

Доколку финалето навистина се одложи, тоа би бил преседан - прв пат во историјата на Светското првенство натпреварот за титулата да не се одржи на закажаниот датум.

Контроверзиите околу ова Мундијал се веќе бројни, од проширениот формат на натпреварувањето до продолжената пауза помеѓу полувремињата поради музичкиот спектакл, а евентуалното одложување на финалето само дополнително би го зајакнало впечатокот дека крајот на турнирот е далеку од идеален.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени

СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа не се донесе Изборниот законик.

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени

Провидна е играта на опозицијата.

СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик.

Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии.

Иако како никогаш досега имаше простор за консензус и слух од Владата, тие одбраа опструкции.

Иако како никогаш досега, имаат партија на власт која им вели договорете се што сакате и токму тоа ќе ви биде прифатено, тие тоа го одбија.

Европските функционери велат Македонија е лидер во Реформската агенда и ќе добие најмногу финансиски средства од Планот за раст токму поради испорака на реформи, истите повикаа и на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДС, Левица и ДУИ одлучија да го блокираат напредокот на државата.

Прочитани се и оваа политика на жртва нема да им помине.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев оствари средба со сопственици на дотраени и склони на уривање објекти

Денес градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со дваесет сопственици на дотраени и склони на уривање објекти.

Јанчев оствари средба со сопственици на дотраени и склони на уривање објекти

Во наредните два месеци, со поддршка од Општината и јавните комунални претпријатија, ќе започне отстранувањето на овие објекти, со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните и да се создаде поуредена и поурбана средина.

Со конкретни чекори и одговорен пристап, локалната самоуправа продолжува да решава долгогодишни проблеми и да создава побезбедна и поубава општина за сите, објави на својот фејсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер