Поради коронавирусот нема да се откаже светскиот конгрес за авиосообраќај во Мадрид

Светскиот Конгрес на авиоиндустријата (World ATM Congress) , сепак ќе се одржи во март во Мадрид, како што беше предвидено, и покрај стравот од ширење на коронавирусот од Кина.

„Партнерите на Светскиот Конгрес внимателно ја следат состојбата со коронавирусот и воведуваат мерки за да се минимизира какво било потенцијално влијание врз World ATM Congress 2020 година“, се вели во соопштението на конгресот.

„Конгресот ќе се одржи според планираното, од 10-12 март, во Мадрид“.

Соопштението беше објавено откако во Барселона беше откажан Светскиот Конгрес за мобилни телефони (MWC), годишната конференција на технологијата и телекомуникациската индустрија која носи повеќе од 100.000 посетители. Саемот беше откажан поради масовното откажување на изложувачите кои се плашат од можна инфекција со вирусот од Кина. Требаше да се одржи од 24 до 27 февруари.

Шпанските здравствени власти велат дека нема причина да се откажат настаните во Шпанија.

Менаџментот на World ATM Congress соопшти дека ќе биде преземена секоја претпазливост за изложувачите и посетителите да бидат во „безбедно и здраво опкружување“ и ги следи препораките на Светската здравствена организација (СЗО), центрите за контрола и спречување на болести (ЦДЦ), како и шпанските власти.

Организаторот очекува зголемување од 10% на бројот на посетителитете во однос на минатата година и повеќе од 250 излагачи.

На посетителите, изложувачите и персоналот на штандовите ќе им бидат поделени здравствени брошури, а дополнително ќе бидат засилени мерките со чистење и дезинфекција на местата за храна, тоалетите, местата за состаноци и влезови и излезите од просториите, се вели во соопштението. На посетителите ќе им бидат обезбедени санитарни и средства за дезинфекција. Покрај тоа, на саемот ќе има и дежурна медицинска служба.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер