Поради климатските промени, цените на кафето ќе продолжат да се зголемуваат - Канал 5

Поради климатските промени, цените на кафето ќе продолжат да се зголемуваат

Цената на кафето на полиците на супермаркетите во Велика Британија се зголеми за околу 15 отсто од 2023 година.

Поради климатските промени, цените на кафето ќе продолжат да се зголемуваат

Цените на кафето за крајните потрошувачи ќе продолжат да се зголемуваат бидејќи климатските промени, нарушувањата во снабдувањето и новите регулативи на ЕУ доведуваат до зголемени трошоци за пржилниците, изјави денеска претседателот на одборот на директори на италијанската компанија „Лаваца“, Џузепе Лаваца.

„Цените на кафето нема да паднат, ќе останат многу високи. Синџирот на снабдување со кафе е под сериозен притисок“, изјави тој за Фајненшл Тајмс.

Цената на кафето на полиците на супермаркетите во Велика Британија се зголеми за околу 15 отсто од 2023 година.

„Компаниите за кафе беа принудени да ги зголемат цените и да ги намалат маржите бидејќи се зголемуваат трошоците за суровините“, рече Лавака, припишувајќи го падот на недостигот на снабдување како резултат на климатските промени.

Цената на фјучерсите за сортата „Арабика“ надмина 2,4 долари за фунта (0,45 кг) и се приближи до двегодишниот максимум од 2,5 долари за фунта забележан во април, објави „Трејдинг економикс“.

Тоа, меѓу другото, е последица и на намалувањето на залихите од Виетнам поради неповолните временски услови.

Во првата половина од годината извозот на кафе од Виетнам е намален за 10,6 отсто во однос на истиот период лани - на 902.000 тони, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Глобалните цени на кафето значително пораснаа во вториот квартал поради екстремните жештини во клучните региони во Азија. Фјучерс квотите за сортата „робуста“ во Лондон до крајот на јуни се зголемени за 18,1 отсто во однос на крајот на март, а фјучерсите за „Арабика“ – за 20,6 отсто./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфунот Бави предизвикува хаос во Јапонија, Кина објави највисока тревога (ВИДЕО)

Моќен тајфун Бави денес ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, носејќи ветрови со сила на ураган, обилни врнежи од дожд и прекини во воздушниот сообраќај.

Тајфунот Бави предизвикува хаос во Јапонија, Кина објави највисока тревога (ВИДЕО)

Кина издаде црвена тревога, највисоко ниво на тревога, додека се приближува тајфунот.

Моќен тајфун Бави денес ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, носејќи обилни врнежи од дожд и силни ветрови, при што пет лица беа полесно повредени, соопштија локалните власти.

Според Јапонската метеоролошка агенција, тајфунот достигна брзина на ветерот до 144 километри на час над островот Мијако во Окинава, објави Кјодо.

„Џапан ерлајнс“ и „Ол Нипон ервејс“ ги откажаа летовите до и од Окинава, како и до регионот Амами во југозападната префектура Кагошима.

Кина издаде црвена тревога

Кина издаде највисоко ниво на тревога за дожд додека тајфунот Бави денес се приближува кон североисточниот дел од кинескиот регион Тајван, прекинувајќи ја работата и наставата во повеќето области.

Кинеската Национална опсерваторија издаде црвена тревога за дождовни бури, највисоко ниво во систем со четири нивоа, предупредувајќи дека обилни, па дури и екстремни врнежи од дожд би можеле да погодат неколку региони во земјата, објави Ксинхуа.

Се очекува тајфунот Бави да стигне до брегот на источна Кина во раните утрински часови во недела.

Обилни врнежи од дожд се прогнозираат за Жеџијанг, северен Фуџијан, североисточен Џангси, јужен Анхуи, како и делови од Пекинг и Хебеј во следните 24 часа.

Според прогнозите, акумулираните врнежи од дожд би можеле да достигнат од 250 до 500 милиметри во делови од источен и јужен Жеџијанг и северен Фуџијан, додека се очекува некои области во регионот Тајван во централна и северна Кина да добијат помеѓу 250 и 800 милиметри дожд.

Тајфунот Бави, деветтиот тајфун оваа година, рано утрово стигна до копното во регионот Тајван во североисточна Кина, предизвикувајќи откажувања на летови во Тајпеј и Тајчунг и прекини во работата и училиштата низ целиот остров.

Метеоролошкиот орган на регионот соопшти дека центарот на тајфунот е околу 360 километри југоисточно од Тајпеј и се движи кон северозапад со брзина од 27 километри на час.

Регионот пријавил обилни врнежи од дожд и ветрови, како и изолирани случаи на штети, вклучувајќи прекини на електричната енергија и лизгање на земјиштето.

Властите ги предупредија граѓаните да го избегнуваат брегот поради високите бранови, а се очекува врнежите од дожд на островот постепено да се намалуваат во недела.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на Општина Охрид

Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“.

Мицкоски во посета на Општина Охрид

Денес во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“, а потоа и на реконструираната улица „Кленоец“ во Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра.

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски - човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово. Така изгледа кога криминална организација е на власт.

Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра.

Организираната криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски како нејзин шеф и денес го слават Груевски.

Не бараат негова екстрадиција, ниту ја осудуваат неговата политика на страв и системска кражба на државата.

Месеци наназад нема одговор на прашањето дали се испратени документите за негово испорачување.

Наместо тоа, Мицкоски продолжува по стапките на својот ментор - носи скапи часовници, купува владини авиони и ја одржува културата на недопирливост и лично богатење на грбот на граѓаните.

Се сеќаваме на Мерцедесот од 650.000 евра, наочарите од 60.000 евра и луксузот во кој пловеше Груевски.

Денес истото го гледаме и кај Мицкоски, само во понова и поагресивна верзија.

Ова не е минато.

Ова е сегашноста на ВМРО-ОКГ.

Додека народот се бори да преживее, криминалците од минатото и нивните наследници и понатаму се движат слободно.

Имотот на Груевски во Македонија е само ситница.

Вистинската сума од над две милијарди евра се наоѓа надвор од земјата. Наместо Груевски да биде испорачан и да одговара за изгубените години на цела генерација Македонци, да се конфискува тој имот и тие пари, Владата продава само неколку станови. Така изгледа правдата со Мицкоски и неговата банда.

Народот не заборава. И не простува.

Наскоро доаѓа време за отчетност. Наскоро доаѓа време за правда. Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните.

Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер