3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
СветПоради кавга за вода го изрешетал соседот во луксузен комплекс (Вознемирувачко видео)Отониел Ороске Мендоза (53) бил убиен на прагот од семејната куќа во луксузен станбен комплекс во градот Есказ, Костарика од сосед по име Рамирез, а сето тоа поради расправија за вода.Видеото од убиството го снимила надзорна камера во куќата, објави Њујорк Пост. На видеото што го објавија може да се види како маж вперува пиштол во правец на соседот, а според медиумите во следниот момент се испукани неколку истрели. Предупредување, следи вознемирувачка содржина! Excessive? Neighbor vs Neighbor. He won't be invited to the BBQ. pic.twitter.com/mr6ahl2Gad — R_Reels🔞 (@RestrictedReels) June 4, 2024 На престрелката ѝ претходела пресметка за вода меѓу сопругата на жртвата и осомничениот. Имено, сопругата на Рамирез дошла до славината каде што течела водата и коментирала дека „го чека да дојде и да ја исклучи славината“ алудирајќи на друга жена, сопругата на жртвата. Набргу по тој коментар, сопругата на жртвата излегува од соседната куќа и и приоѓа, а тепачката околу славината станува жестока. Неколку секунди подоцна се појавува и Рамирез кој стои покрај сопругата зад автомобилот, очигледно за да подготви пиштол, кој потоа го сокрил зад кошулата. Дискусијата помеѓу двата пара започнува и достигнува точка на вриење кога ќе се спомне клучот за запирање вода. Разменуваат неколку навреди и Отониел прв го нападнал Рамирез кој потоа се повлекува, вади пиштол и пука во него неколку пати. Сопругата на жртвата бега од местото на настанот, додека Рамирез го грабнува сопругата од зад грб и го одвлекува настрана. По овој немил инцидент, властите го уапсиле Рамирез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банкиГраѓански обврзници од 4-тата Емисија граѓаните можат да запишат до 1 декември во филијалите и експозитурите на деловните банки во земјата.Граѓаните можат да запишат минимум една Граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари. Каматната стапка на граѓанската обврзница од оваа емисија е 4,6% и рок на доспевање 2 години. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2028 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2027 и за втората година на 11 декември 2028 година. Проспектот е објавен на 100 милиони денари. Аукцијата за 4-тата емисија Граѓанска обврзница ќе се реализира на 3 декември. Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКатастрофа за Баерн М: Хари Кејн поради повреда надвор од теренот неколку месециГолем шок за германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен. Најдобриот фудбалер во светот според „Франс фудбал“, Хари Кејн , , се здоби со сериозна повреда на глуждот поради која ќе отсуствува најмалку три месеци.Англискиот напаѓач се повреди за време на натпреварот против Келн, кој заврши со резултат 1:1, а по натпреварот спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, ја потврди лошата вест. Кејн претрпе кинење на лигаментите на синдезмозата и нема повторно да игра годинава. „Хари Кејн има скинати лигаменти на синдезмозата“, изјави Еберл по натпреварот, а тренерот Венсан Компани потврди дека неговиот напаѓач ќе отсуствува неколку месеци. Според информациите на германски „Билд“, се очекува Кејн да биде надвор од терените три до четири месеци. Тоа значи дека тој нема да може да се врати сè до февруари или март 2027 година, пропуштајќи голем дел од сезоната, вклучително и голем број важни натпревари во Бундеслигата и во Лигата на шампионите. Англискиот напаѓач се повреди во 15-тата минута од натпреварот против Келн. По центаршутот на Мајкл Олисе, тој се обиде да стигне до топката во шеснаесетникот, но одбранбениот играч на гостите, Жоел Шмид, се лизна и го закачи за левиот глужд. Шмид прво ја допре топката, поради што судијата не досуди прекршок. Кејн остана да лежи на теренот со болна гримаса на лицето, а потоа се обиде да продолжи со играта. Сепак, набрзо стана јасно дека тој не може да продолжи. Во 20-тата минута, со помош на медицинскиот тим, тој го напушти теренот, а на негово место влезе Том Бишоф. По натпреварот беше потврдена сериозноста на повредата. Баерн остана и без Олисе. Французинот го напушти стадионот на патерици. Повредата на Кејн не беше единствената лоша вест за Баерн. Поради повреда, на полувремето беше заменет Мајкл Олисе, еден од најважните играчи во тимот на Компани. Французинот доби удар во левата нога кон крајот на првото полувреме, а според извештаите на германските медиуми, тој ја напуштил „Алијанц Арена“ на патерици. „Што се однесува до Мајкл, сè уште не знаеме ништо“, изјави Еберл за неговата здравствена состојба.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБез струја, денеска и утре делови од Кисела Вода, Аеродром и КатлановоСпоред најавените прекини, во недела (22 ноември), од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците во делот од трафостаницата „Скопје 4 – МЕПСО“ до новиот кружен тек на патот Драчево – Батинци, во општина Кисела Вода.Во понеделник (23 ноември) се планирани прекини на две локации. Во Катланово, од 8 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улица „1“. Причина за прекинот е планираната замена на три електрични столбови. Во Аеродром, прекинот ќе трае од 8:30 до 11 часот и ќе ги опфати куќите помеѓу „Порта Супериум“ и „Алкалоид“ на улицата „Трета македонска бригада“, зад гимназијата „Димитар Влахов“, како и куќите зад Тутунска банка, кон паркиралиштето на Македонски железници и делот зад „Алкалоид“. Прекините се најавени поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook