Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември
1Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
2Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември
МакедонијаПоради дефект без вода центарот на Охрид Поради дефект на водоводната мрежа од изутринава без вода е голем дел од централното подрачје на Охрид.Надвор од водоснабдителниот систем се корисниците на улиците „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици , „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „Димитар Влахов” со сите споредни улици, како и долната зона од Стариот дел на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид. Екипи на Јавното претпријатие се на терен каде се интервенира на отрстранување на дефектот, но оти се работи на тешко пристапен терен под објекти така што санацијата може да потрае. Тагови: охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЧетири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУЕвропската комисија има намера да предложи нов заем од 45 милијарди евра за помош на Украина, кој би бил покриен со гаранции од заедничкиот буџет на Европската унија. Овој предлог доаѓа во момент кога Киев се подготвува за својата најтешка зима од почетокот на руската инвазија, пренесува „Фајненшел тајмс“. Се проценува дека буџетот на Украина следната година ќе се соочи со дефицит од 70 милијарди евра. Европската комисија вети дека ќе покрие две третини од овој износ и ги повика другите западни сојузници, исто така, да ја засилат својата поддршка. Според четворица соговорници запознаени со планот, Комисијата во среда ќе им претстави на земјите-членки предлог за задолжување гарантирано од буџетот на ЕУ. Моделот на финансирање би бил ист како оној што се користеше за постојниот заем од 90 милијарди евра за Киев. Тие средства беа наменети за покривање на потребите на Украина во текот на оваа и следната година, но ескалацијата на уништувањето предизвикано од војната создаде дополнителен финансиски јаз. Во случајот со претходниот заем од 90 милијарди евра, на три земји – Чешка, Словачка и Унгарија – им беше одобрено ослободување од плаќање на трошоците за камата. За нов заем од 45 милијарди евра потребна е согласност од сите 27 земји-членки. Сепак, истите три земји – на кои сега им се придружи и Бугарија – веќе најавија дека немаат намера да учествуваат во идното финансирање на Украина. Овој став го наведе германскиот политичар Фридрих Мерц минатата недела да се закани со блокирање на договорот за буџетот на Унијата за периодот 2028–2034 година. Тој својата согласност ја услови со учество на сите земји-членки во финансирањето на Украина, како во текот на следната година, така и во иднина. Германија е најголемиот придонесувач во буџетот на ЕУ и најголемиот европски билатерален донатор за Киев. Од друга страна, четирите земји што се противат на учеството во финансирањето се, всушност, земји кои добиваат повеќе средства од буџетот на Унијата отколку што уплаќаат во него. Според тројца поединци запознаени со преговорите, по заканата на Мерц, одлуките во врска со помошта за Украина и заедничкиот буџет на Унијата станаа цврсто поврзани. Лидерите на ЕУ треба да разговараат за двете прашања на состанок во Брисел на 26 и 27 ноември, со цел да се постигне договор до крајот на годината. Поврзувањето на овие теми се гледа како начин да се обезбеди идно финансирање за Украина и да се заштити процесот од потенцијални вета. Следствено, земјите што зависат од средства од буџетот на ЕУ ќе бидат принудени да избираат меѓу поддршка за Киев и ризик од губење на европската финансиска помош. „Ова ги зголемува влоговите, но исто така значи дека нема шанси овие прашања да се решаваат одделно. Сè е дел од еден голем пакет“, изјави еден од изворите запознаени со ситуацијата. Портпарол на Европската комисија одби да ја коментира оваа информација. Брисел и Берлин стравуваат дека обезбедувањето средства за Украина ќе стане сè потешко, со оглед на претстојните избори во Шпанија, Франција, Италија и Полска. Марин Ле Пен, лидерката на француската десница – која според анкетите води пред претседателските избори во април – веќе најави дека ќе ја прекине поддршката за Украина доколку стане претседател.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНародната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноемвриВо насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работење на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај. Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција. Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10% во однос на почетната цена на претходната аукција. Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови. Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 годинаСобраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите. По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook