3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ЖивотПоради бизарен ритуал, родители си ги отсекле главите на гилотина- телата ги нашле нивните децаИндиски пар наводно извршил ритуално самоубиство, користејќи домашна гилотина.Парот се обезглавил во бизарен ритуал на жртвување, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека Хемубхаи Маквана (38), за кого се вели дека е фармер, и неговата сопруга Хансабен (35) очигледно го користеле импровизираниот уред во нивната колиба некаде помеѓу саботата навечер и неделата попладне. „Двојката прво подготви огнен олтар пред да ги стави главите под механизам налик на гилотина што го држи јаже“, изјави полицискиот потинспектор Индраџитсих Јадеја за Hindustan Times. Hemubhai Makwana, 38, and his wife Hansaben, 35, reportedly died by suicide after using a homemade guillotine to sever their own heads in a sacrificial ritual, police in India have said https://t.co/TNBu4FFtyS — Sky News (@SkyNews) April 18, 2023 „Се верува дека тие самите го активирале сечилото на гилотината, така што главите им паднале во хаван кунд“. Хаван кунд е традиционална огнена јама која понекогаш се користи во ритуал што се изведува за да се смират боговите. Una coppia sposata in India ha usato una ghigliottina fatta in casa per decapitarsi insieme in un sacrificio rituale. VIDEO Hemubhai Makwana, 38 anni, e sua moglie Hansaben, 35 anni, si sono tagliatila testa con un "meccanismo simile a unahttps://t.co/qE528gMyq9 pic.twitter.com/Guo0KLJQDE — Grullo Grulli (@GrulliGrullo) April 18, 2023 Според извештаите, во близина е пронајдена белешка во која се бара од нивните родители да се грижат за нивните 12- и 13-годишни деца, кои ги пронашле обезглавените тела по враќањето дома. Во пораката се наведува и дека нивната смрт е самоубиство и дека никој друг не е вмешан, пишува Тајмс оф Индија. Весникот додава дека децата биле испратени да живеат кај нивниот вујко по мајка. Јадеја рече дека парот му се молел на Шива, хинду богот на уништувањето, во изминатата година секој ден во светилиштето што го изградиле на нивниот имот. Во тек е истрага за да се утврди дали обезглавувањето било дел од ритуал на „црна магија“, а Јадеја рече дека не го исклучува тоа. 📝 Hindistan‘ın Rajkot kentinde yaşayan 38 yaşındaki çiftçi Hemubhai Makwana ve 35 yaşındaki eşi Hansaben, bir Hindu tanrısına kendilerini kurban etmek için yaptıkları aletle kafalarını keserek can verdi. pic.twitter.com/T6KZ1wmi0w — Halkın Portalı (@HalkinPortali) April 18, 2023 Ритуалното човечко жртвување не е непознато во Индија, каде што официјалните бројки покажуваат дека имало повеќе од 100 пријавени случаи помеѓу 2014 и 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето местоПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи Кримскиот мост за префрлање голема количина воена опрема на тој полуостров и додаде дека мостот „нема да остане на своето место“.Во интервју за „Ен-Би-Си њуз“ (NBC News), одговарајќи на констатацијата дека Путин го изградил мостот како доказ оти Крим засекогаш ќе остане дел од Русија, Зеленски изјави дека „не треба да им се придава значење на изјавите на рускиот лидер“. „Не е важно што вели Путин за нашата земја и за Крим. Ова е наша земја. Таа е привремено окупирана. Тоа покажува целосно непочитување кон територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Токму вака тој почна да се однесува по 2014 година“, рече Зеленски. Тој нагласи дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади врз украинските објекти, додавајќи дека Москва мора да разбере оти Кримскиот мост нема да опстане. Зеленски изрази надеж дека ќе се најде дипломатски начин за ставање крај на војната, но порача дека Украина ќе ја оствари таа цел „дипломатски или воено“. Тој повтори дека Киев никогаш нема да ги прифати окупираните украински територии како дел од Русија, ниту пак ќе се согласи на натамошна милитаризација на својата земја. Кримскиот мост повторно беше нападнат во текот на ноќта на 19 ноември, по што железничкиот сообраќај преку него беше прекинат.Тагови: Володимир Зеленски Крим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТехеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но... Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека Техеран сè уште верува оти дипломатијата би можела да ја стави крај на војната со Соединетите Американски Држави.Арагчи изјави за државниот весник „Иран“ дека Техеран бара „договор со кој ќе се осигура дека нема да има повеќе војна“ и дека, пред преземањето на натамошни чекори, бара гаранции оти Вашингтон сериозно пристапува кон преговорите, пренесе Ројтерс. Тој додаде дека Иран со посредниците разговарал за формата и природата на мерките за градење доверба. Како една од „црвените линии“ за Иран, тој го наведе задржувањето на збогатениот ураниум во земјата, но изрази уверување дека е можно да се постигне „праведно решение“. Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Иран сака договор, но не под услови што би биле прифатливи за него. „Тие сакаат договор, но не сакаат договор што би бил прифатлив за мене“, рече Трамп на прес-конференција . Катарски и ирански претставници се сретнаа во вторникот на разговори насочени кон „усогласување на ставовите и намалување на разликите меѓу предлозите изнесени на терен“, изјави портпарол на катарското Министерство за надворешни работи.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
НБАВидео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант! НБА ѕвездата Џејмс Харден одигра еден од најдобрите натпревари сезонава досега во најсилното светско првенство, и со дури 51 поен го предводеше тимот на Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128:119, во натпревар од НБА Лигата.На тој начин, искусниот бек стигна до својот 26-ти натпревар во НБА кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант и го зазеде третото место на вечната листа на најдобри стрелци според овој критериум во НБА. Сега, пред Харден се наоѓаат само легендите Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан. Ова беше и неговиот прв натпревар со 50 или повеќе поени по 22 ноември 2025 година, кога постигна 55 поени против Шарлот Хорнетс, настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс. Против Индијана, Харден имаше шут од поле 15 од 26, погоди седум тројки од 11 обиди и беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања (14 од 14). Покрај 51 поен, тој забележа и шест скока и шест асистенции. JAMES HARDEN. 51 POINTS. IT'S HIS MOST POINTS AS A CAVALIER 🤯 CAVS MOVE TO 2-1 IN EMIRATES NBA CUP GROUP PLAY! https://t.co/twWJ4G70Nk — NBA (@NBA) November 21, 2026 Ова беше неговиот најдобар поентерски учинок за Кливленд откако му се приклучи на тимот во февруари, а исто така стана и само шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој постигнал 50 поени на еден натпревар.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook