3Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
ТехнологијаПоради бесплатно симнување на нова видео игра, падна страницата на The Epic Games The Epic Games одбројуваше до започнувањето на неименувана бесплатна игра која требаше да биде објавена во 17 часот по наше време.Синоќа беше откриено дека играта ќе биде Grand Theft Auto V, но иако помина 17 часот, играта сè уште не беше таму. Имено, се сруши страницата на „Epic Games“, а се претпоставува дека е урната од огромниот број корисници кои сакале да ја преземат бесплатно видео играта. We are currently experiencing high traffic on the Epic Games Store. We are aware that users may be encountering slow loading times, 500 errors, or launcher crashing at this time and we are actively working to scale. We'll provide an update as soon as we can. — Epic Games Store (@EpicGames) May 14, 2020 Понеколку минути одложување, признаа дека имаат проблеми. Според претходниот твит, Grand Theft Auto V ќе биде достапен за бесплатно симнување до 21 мај. Here's the ad confirming that tomorrow's free Epic Games Store title is Grand Theft Auto V https://t.co/xWeuRNFtUm — Wario64 (@Wario64) May 14, 2020 Напливот на корисници кон страницата на Epic Games, влијаела и на другите негови услуги, а на официјалниот Твитер на Фортнајт беше објавено дека ги проучуваат проблемите што ги имаат на персоналните компјутери. Мобилната игра на Epic, Battle Breakers исто така има проблеми. We're investigating issues on PC and Mac that may impact Launcher logins and in-game purchases. We'll provide an update as we have more info. pic.twitter.com/YlFUP3vQEy — Fortnite Status (@FortniteStatus) May 14, 2020 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале. По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај. Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација. Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта. Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје24 пациенти, повредени во пожарот во „Пулс“ имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи24 пациенти, повредени од пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани имаа нови операции од страна на израелскиот тим хирурзи со д-р Моти Харац во делот на ортопедски и реконструктивни интервнеции и зачување на екстремитети. Шест операции се направени во Кочани и 16 посложени операции на клиниката за пластична хируригија заедно со македонските хирурзи. Изралеските хирурзи објаснуваат дека тимот на доктори во Македонија се одлични и направиле одлични интервенции. „Со сигурност можам да кажам дека начинот на кој овие неверојатни лекари овде се грижат за пациентите, начинот на кој ги следат, како и љубовта и грижата што ја покажуваат, е нешто што не може да се научи од книга. Не се работи за технологија, ниту за нешто друго. верувам дека сè се сведува на грижата и посветеноста, а тоа е навистина неверојатна работа. можам само да кажам дека ова е извонредна работа што сте ја завршиле тука“, изјави . д-р Моти Харац Националниот центар за изгореници при „Шеба“. Министерот посочи дека се што е потребно ќе биде продолжено со работа и дека станува збор за подолг процес на лекување кај повредените. Во пожарот во Кочани беа повредени над 200 луѓе, голем дел останаа без делови од тело и големи лузни, душевната лузна е најдлабока на кои им се дава и психолошка нега. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: СДСМ не ја напаѓа Владата, туку ги оспорува и оценките на Светската банка и ММФПретседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече:Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече: „Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на државата. Среќа што немаат кредибилитет кај граѓаните па тоа што го зборуваат, ретко кој верува, освен во тој круг во кој што тие се движат. Па така тоа што го зборуваат повеќе наидува на одбивање, отколку на одобрување. Па зарем вие ќе можете да препознаете, а сте дел од Светска Банка или Меѓународен Монетарен фонд подобри перформанси во македонската економија и да ги нивелирате вашите проценки за 2026та, ако Владата фингира? Не. Нормално дека не. Тие на тој начин ја обвинуваат Светска Банка и Меѓународниот Монетарен фонд, не Владата. Затоа велам кога испраќате таква порака, тоа не е само политичка порака, туку порака која што директно удира во темелите во државата. Ќе повторам, среќа е што немаат никаков политички кредибилитет лицата кои што испраќаат таква порака. Затоа повторно ќе се обратам до граѓаните, да бидат спокојни, точно знаеме што правиме и каде ја водиме државата, а резултатите се препознаени од сите наши партнери. Еве и денеска неговата екселенција амбасадорот тоа го кажа и сите кои што доаѓаат тука и за напредокот кој што го правиме и за економските резултати кои што оваа Влада ги прави.“, рече Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter