Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
ЗабаваПоради атрактивната Ванда, Икарди направи хаос, ја видел гола со друг маж (ВИДЕО)Сагата за Икарди продолжува и се повеќе наликува на шпанска серија, што дефинитивно може да се каже по последните случувања.Ванда Нара неодамна уште еднаш објави дека таа и Мауро Икарди се разделуваат, а неодамна заврши гола во кревет со пејачот Л-Ганте. Станува збор за видео за неговата песна, но е и потврда за она што се шпекулираше некое време, а тоа е дека двајцата се заљубени. Според познатиот аргентински новинар, Хуан Ечејоген, фудбалерот целосно полудел кога ја видел Ванда со нејзиното ново момче. Медиумите пренесуваат дека Икарди веднаш го напуштил Истанбул за да замине во Аргентина да ја посети Ванда, меѓутоа, пред хотелот во кој таа престојувала, фудбалерот бил приведен од обезбедувањето, што наводно се гледа во продолжение. El momento en el que la seguridad del edificio donde Wanda tiene su depto, impide el ingreso de Mauro Icardi. El video fue publicado por Gossipeame en IG pic.twitter.com/NkioM9zMAS — Revista PRONTO (@Revista_PRONTO) October 18, 2022 Според извори до кои дошле аргентинските медиуми, постои можност Ванда да му забранила на Мауро да дојде на гости и затоа центарфорот наишол на проблеми. „Денот кога Мауро пристигна во Аргентина, му беше објаснето дека му е забрането да влезе во хотелот, но сепак тој тргна. Ванда побара во случај на негово пристигнување да биде известена пред да го пуштат во хотелот, според локален таблоид. Таблоидот Ечејоген донесе и информација дека Мауро ѝ се јавил на Ванда за да ја замоли да се врати во Турција, каде што ги оставила со нивните пет деца, а тој исто така рекол дека Галатасарај воопшто не е среќен поради оваа постапка и дека Икарди ризикува ненавремен крај на кариерата поради Ванда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
СветЗеленски: Можна е средба со Русите во МајамиОфицијални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места. „Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“. Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс. „САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали. Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.Тагови: Володимир Зеленски русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрогаНа ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин. За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter