ЖивотПоповски: Изработувањето на виолини е комплексна материјаНајважно е да се постигне квалитет на звукот, вели Поповски за МИА.Изработувањето на виолини е комплексна материја, која бара многу истражување, знаење, упорност и посветеност, вели за МИА Вејчеслав Поповски, самоук изработувач на виолини од Скопје. Негов ментор е Светозар Богданоски од Велес, кој е признат творец во светот. За своите дела, Поповски има добиено музичка награда на натпреварот за изработка на виолини во САД. Поповски е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек соло пеење. До сега има изработено многу виолини и неколку виоли, а во план му е и да изработи и виолончело. Првичната инспирација за изработка на овој инструмент му била виолината од неговиот прадедо. Уште од најрана возраст покажувал воодушевување кон инструментот, а неговата упорност и истрајност резултирале со тоа првата виолина да ја изработи на 17 години, за време на летниот распуст. -Од многу рана возраст, уште како дете, имав виолина од мојот прадедо и бев воодушевен од самиот инструмент. Така се разбуди интересот кај мене за оваа област. Кога им кажав на родителите дека сакам да изработувам виолини, тие се зачудија, укажувајќи ми дека тоа е многу комплексно и тешко. Но, со текот на времето се запознав со мајсторот од Велес, Светозар Богдановски, кој подоцна ми стана ментор. Првото дрво за изработка всушност го земав од него. Кога бев прва година во средно училиште, за време на летниот распуст, на 17 години, ја изработив првата виолина, објаснува Поповски за МИА. Најважно нешто во процесот на изработка, како што појаснува, е да се достигне квалитетот на звук. -Јас сум самоук градител, така што многу години посветив на истражување на самиот звук на инструментот. За ова, користам лак што сам го изработувам. Не купувам лак, бидејќи старите мајстори од 17 век користеле веќе купен лак што го изработувале мајстори за правење на бои и лакови. Денес не можам да си дозволам да купувам таков лак бидејќи е од комерцијална природа. Целта е да се надмине, а не да се достигне квалитетот на старите виолини, посочува Поповски. Првично почнал сам да се занимава со достигнување на звукот, но благодарение на мајсторот од Велес, научил многу повеќе за тоновите и звуците. Имал намера звукот на виолината да биде посебен и да се издвојува од звуците на виолините на другите мајстори, па дури и од оние кои денес се изработуваат од модерните мајстори. -Бидејќи виолината се изработува од дрво, мора да се набави високо квалитетно акустичко дрво. Дрвото го набавуваме од Босна. Користиме дрво јавор, а на горниот дел на виолината се користи смрека. Оваа комбинација е најпогодна за изработување на виолина, но и за сите други гудачки инструменти, појаснува Поповски. Во однос на тоа колку време му е потребно да изработи една виолина, Поповски вели дека тоа е непишано правило. -Времето кое е потребно за изработка на виолина е во зависност од тоа колку си посветен на процесот. На пример, ако работиш секој ден, приближно ќе биде потребен еден месец. Но, и откако ќе се изработи инструментот, потребно е да не се користи одреден период, за да може да се постигне вистинскиот тон, посочува Поповски за МИА. Во земјава нема традиција за изградба на гудачки инструменти. Пред Светозар Богданоски, имало уште двајца изработувачи кои исто така биле од Велес. Поповски е четврта генерација и се надева дека успешно ќе го наследи менторот. Не само кај нас, туку и во целиот регион не постојат училишта за изучување на оваа област. Најблиската школа за изработка на виолини е во Италија. -Постојат школи за изградба на виолини, но најблиската е во Италија. Исто така, има училишта во Чешка, Германија, Франција, Англија и во Америка. Сепак, јас бев дециден да не се запишувам на овие места, затоа што во овие училишта мораш да ги изработуваш виолините по правилата на мајстор, кој што е еден вид на авторитет, односно мораш да ги следиш неговите правила. Сметам дека ова е уметност и самиот треба да внесуваш креативност и да пристапуваш во процесот на изработка на свој начин, вели Поповски. Додава дека денес постојат многу мајстори во светот кои пишуваат научни трудови за изработка на виолини и дека се користат со разни техники и компјутерски помагала за мерење на звукот на виолина, со цел создавање на таков звук. -Јас не сакам да користам вакви техники, работам на природен начин исто како што работеле и старите мајстори, бидејќи звукот е материја што не може да се измери, тоа е чувство, појаснува Поповски. Минатата година, Поповски учествувал на VSA конвенција во Лос Анџелес, каде имал можност да види презентација на уникатни виолини од старите Кремонски мајстори како Гуарнери дел Џезу – Кремона. Оваа година, тој освои сребрен медал на Меѓународниот натпревар за изработка на виолини - VMAAI 2023 во Тусон во Аризона, САД, што се одржа од 3 до 6 октомври. -Да освоиш сребрен медал на натпреварот во САД за мене е големо достигнување, бидејќи доаѓам од држава која нема традиција за градење на инструменти, а таму мораш да се натпреваруваш со светски градители од Кина до Америка. На натпреварот присуствуваа многу мајстори кои треба да ги победиш, но со посебниот тон што го изработувам, успеав да земам сребрен медал, вели Поповски. Посочува дека е горд што со магичниот тон на неговата виолина, успеал да побуди посебно внимание како кај Комисијата, така и кај присутните слушатели во салата. Во моментот, Поповски е четврта година на Факултет, но неговите планови и амбиции се постојано да ја усовршува изработката и постигнувањето на квалитетен звук на гудачкиот инструмент. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДимитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуацијаСтоле Димитриевски за ВАР одлуката за пенал.“Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација. Ние никогаш не би добиле таков пенал”, изјави македонскиот голман Столе Димитриевски по поразот од Шкотска (1-2) во Глазгов во рамки на Лигата на нациите. Тагови: Столе Димитриевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКако настанала „коњската сила“?Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина. За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак. Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута. Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута. Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери. Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе. И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962. Извор: Б92Тагови: коњски сили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјатаСо свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата. Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината. -Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски. Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните. Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.Тагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00