Поповиќ со прва изјава, откако Северина го загуби стрателството над нивниот син: Задоволен сум - Канал 5

Поповиќ со прва изјава, откако Северина го загуби стрателството над нивниот син: Задоволен сум

Врховниот суд во Хрватска целосно му го врати старателството на 10 годишниот Александар Поповиќ на неговиот татко Милан Поповиќ, што значи дека ѝ е одземено на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.

Поповиќ со прва изјава, откако Северина го загуби стрателството над нивниот син: Задоволен сум

Сега по донесувањето на одлуката првпат проговори Милан Поповиќ.

- Врховниот суд е највисоката судска инстанца во Република Хрватска. Пресудата беше донесена со едногласна одлука на советот од 5 врховни судии. Одлуката е праведна и јас сум задоволен, но приказната се уште не е завршена. Жупанискиот суд во Сплит и другите судии во овој случај му нанесоа непоправлива штета на нашето дете - изјави Милан Поповиќ за РТЛ, а потоа додаде:

- Ќе продолжам да ги користам сите законски средства за да ги демаскирам сите кои учествувале во тоа и да бидат соодветно санкциониран за тоа. И конечно, оваа одлука не значи дека мајката нема да може да го види детето. Во тие 20 месеци кога детето живееше со мене, мајката не дојде да го земе детето повеќе од половина од терминот, а што е уште полошо, не ни бараше да биде со детето. Ова е само уште еден медиумски циркус на Северина Вучковиќ, сезона 156.“

Откако изјавата била објавена на РТЛ, таа набрзо е отстранета, а причината не е позната, објави Телеграф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем шумски пожар во Франција, евакуирани 12 000 луѓе

Хаос во Франција: Властите издадоа итна наредба, луѓето бегаат.

Голем шумски пожар во Франција, евакуирани 12 000 луѓе

Шумскиот пожар што вчера зафати област во близина на басенот Аркашон, во францускиот департман Жиронд, се прошири на околу 2.000 хектари, а речиси 12.000 луѓе се евакуирани од претпазливост, соопшти префектурата.

Утринава властите наредија евакуација на уште околу 7.000 луѓе, а мерката се однесува на шест кампови и една станбена зона северно од Кап Фере – популарна туристичка дестинација во текот на летната сезона – објави „Фигаро“.

Префектурата синоќа соопшти дека најмалку 4.600 луѓе веќе биле евакуирани од своите домови и од сместувачките капацитети во загрозеното подрачје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари

Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари, поднесена кривична пријава против едно лице.

Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари.

Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.

Годинава се откриени 13 случаи на криумчарење злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Лавров во Манила

Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Лавров  на маргините на самитот на АСЕАН во Манила.

Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Лавров во Манила

Американскиот државен секретар Марко Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила во утринава

Ниту еден од нив не одговори на прашањата од новинарите за тоа дали Русија го поддржува Иран со тоа што помага во таргетирањето на американските трупи или дали Москва планира да ја запре својата целосна инвазија на Украина.

Во соопштението од Стејт департментот подоцна беше потврдено дека двајцата претставници разговарале за „односите меѓу САД и Русија и потребата од прекин на војната меѓу Русија и Украина“.

Претходно, Рубио беше прашан дали планира да изврши притисок врз Лавров за Украина за време на нивниот состанок.

„Очигледно е дека војната во Украина во многу аспекти ја попречи способноста на Русија и САД да се договорат за други теми, но тоа не значи дека нема да бараме да најдеме други области за потенцијална соработка“, рече тој.

На прашањето каква улога играат САД во постигнувањето крај на војната меѓу Русија и Украина, со оглед на тоа што разговорите се распаднаа, Рубио рече: „можеби сега постојат нови услови што ќе овозможат тој разговор да се случи“.„

Тоа е една од работите што ќе ги истражиме утре во нашиот разговор“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер