3Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава
КултураПоповиќ: „Охридско лето“ и годинава понуди квалитет препознатлив и надвор од нашите границиОхридско лето запиша уште едно успешно фестивалско издание во богатата фестивалска историја, изјави денеска на завршната прес-конференција од годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“ , директорката Наташа Поповиќ.Како што рече Поповиќ, на фестивалските сцени годинава продефилираа 500 уметници од 23 земји од светот, но и гости од земјава и странство кои допатуваа за да ја следат фестивалската програма. -Огромен беше бројот на оние кои бараа резервација за свеченото отворање што за нас е доказ дека „Охридско лето“ и годинава понуди квалитет што го препознаваат и надвор од нашите граници. Антички беше претесен да ја собере неколку илјадната публика која беше воодушевена од спектакуларниот настап на светки славната Ванеса Меј.Четириесет и седумте настани кои се одржаа на неколкуте сцени, Антички театар, црква Света Софија, Предворјето на црквата Света Софија, Долни Сарај, во Центарот за култура, беа исполнети до последното место. За дел од настаните се бараше и карта повеќе. И вечерашната претстава, со која ќе ја спуштиме завесата на ова 59-то издание, е веќе распродадена, додаде Поповиќ. Осврнувајќи се на концептот на фестивалот кој е традиционален, со класична музика и театар, директорката потсети дека во рамките на дополнителната програма годинава беа воведени содржини кои беа привлечни и атрактивни за пошироката публика. -Како новини кои ги воведовме беа Подиумот на млади што се одржа пред официјалниот почеток на фестивалот со што дадовме шанса нашите музички таленти да ја почуствуваат магијата на овој голем фестивал, рециталот како нова уметност во програмата, како и настани што се одржаа надвор од фестивалската рамка во текот на целата година. Тоа се покажа како успешен проект и верувам дека во годините кои следат ќе прерасне во една убава традиција, рече директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ која потсети дека под мотото „Звукот и бојата на езерото“, фестивалот годинава како новина воведе и туристички водич со што бројни уметници имаа прилика, покрај својот настап, да се запознаат со убавините и историјата на градот. Со тоа, според неа, „Охридско лето“ се потврди како најдобар презентер на македонската култура и развојот на културниот туризам. Селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов на последниот фестивалски ден истакна дека и годинава се реализира уште едно квалитетно, врвно, атрактивно фестивалско издание, и како што рече, достојно за паметење. -На врвните и маестрални изведби на брилијантните уметници, многубројната фестивалска публика им возвраќаше со долги стоечки овации на што уметниците се оддолжуваа со по три или четири биса. Задоволни беа и изведувачите, гости на фестивалот, кои упатија голем број пофалби до фестивалот за прекрасната организација на сите учесници за реализација на фестивалот, гостопримството, топлата и внимателна публика, како и неповторливата акустика на сценските простори,посебно во црквата Св.Софија. Тие постојано ја искажуваа својата почестеност што се дел од ова фестивалско издание фестивал кој е еден од најзначајните европски фестивали, со голема традиција и одличен рејтинг.Воодушевени и од убавините на Охрид, уметниците изразија желба повторно да се вратат и да бидат дел од оваа манифестација, рече селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов. Драмската програма на 59-тото фестивалско издание исто тaка понуди квалитетни театарски претстави со исклучително добри театарски куќи кои внесоа свежина на фестивалот и оставија силен печат врз публиката. Веднаш по завршувањето на ова, ќе започнаат подготовките за следното фестивалско издание, најави селекторот на драмската програма на „Охридско лето“, Александар Поповски. -„Охридско лето“ е врвот кога станува збор за културните манифестации во нашата земја. И она што не’ чека догодина се 60 години и навистина една преубава можност да започнеме нов круг и нова приказна со „Охридско лето“, рече Поповски. На завршната прес-конференција, директорката и програмските селектори најавија дека следната година, по повод јубилејот на шеесеттото издание, „Охридско лето“ ќе биде збогатен со нови содржини кои ќе ги потврдат и продолжат високите позиции што ги има оваа најголема музичко-сценска манифестација во Република Северна Македонија која е дел од Европската асоцијација на фестивали. -Охридско лето следната година слави голем јубилеј, 60 години од неговото постоење. Тоа за нас е голема чест но и обврска да одбележиме достојно како што заслужува оваа наша најголема музичко-сценска манифестација која се одржува под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија. Подготовките веќе се започнати и можам само да најавам врвни уметници и беспрекорна организација. Изразувам голема благодарност, пред се’ до Владата на Република Македонија и ресорното Министерството за култура без чија поддршка не може да се замисли успешната реализација на фестивалот, до Општина Охрид и општинските јавни претпријатија за нивната ангажираност и одличната соработка која ја имавме во изминатиот период, до нашиот генерален спонзор Македонски телеком, останатите спонзори и помагатели, пријатели на фестивалот. Благодарност и до медиумите кои придонесувате „Охридско лето“ да биде нашиот најголем бренд по кој не препознаваат и по кој не вреднуваат и надвор од државата, рече директорката на оваа национална установа Наташа Поповиќ. Завесата на годинешното фестивалско изание ќе биде спуштена вечерва на Античкиот театар со театарската претстава „Одисеј“ од Горан Стефановски и во режија на Александар Поповски. Се работи за копродукциски проект на театрите „Гавела“ од Загреб, „Улисис“ од Бриони, Српскиот народен театар од Нови Сад, „Драма“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград, Стериин театар и Театар „Навигатор“ од Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МетеоУтре променливо облачно и врнежливо време Времето утре ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд, информира УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 10 Лазарополе, 11 Маврови Анови, 12 Попова Шапка, Крушево, 14 Претор, Охрид, 17 Прилеп, 18 Крива Паланка, Берово, Струмица, Пожаране, Ѓуриште, Гевгелија, 20 Битола, Зајчев Рид, Виница, 21 Тетово, Скопје Петровец, 22 Демир Капија, Штип, 23 Кавадарци, 24 Велес. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 2 Лазарополе, Крива Паланка, 1 Маврови Анови. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со сончеви периоди. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Дуваше умерен до засилен ветер од југозападен правец. До крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Шоу бизХулио Иглесијас под истрага: Две жени тврдат дека биле жртви на сексуално злоставувањеШпанскиот пејач Хулио Иглесијас (83) повторно се најде во центарот на обвинувања за сексуално злоставување. Шпански суд покрена истрага откако две негови поранешни вработени поднесоа пријава, обвинувајќи го за сексуален напад. Пејачот ги негира сите обвинувања, пренесува „The Sun“. Поранешни вработени тврдат дека биле изложени на закани и насилство Според британскиот таблоид, две жени кои работеле на имотите на Иглесијас на Бахамите и во Доминиканската Република во 2021 година, го обвиниле пејачот за сексуално злоставување. Во својата пријава, тие опишале работна средина која – според нивните наводи – се одликувала со принуда, закани и насилство. Тие понатаму тврдат дека однесувањето на Иглесијас создало атмосфера во која злоставувањето се третирало како нормален дел од секојдневието. Шпанскиот суд отвори истрага врз основа на сомневања за кривични дела против сексуалната слобода. Иглесијас ги негира обвинувањата Пејачот негира какво било незаконско однесување. Оваа нова истрага доаѓа по отфрлањето на претходните обвинувања против него. Засега не се објавени дополнителни детали во врска со постапката, можните докази или следните чекори што ќе ги преземат правосудните органи. Важно е да се нагласи дека станува збор за обвинувања кои моментално се предмет на истрага, а не за судска одлука за вина.Тагови: Хулио Иглесијас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски бара евакуација на повеќе цивили, предлага десет локации под окупацијаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски предложи десет нови операции за хуманитарна евакуација во регионите Херсон и Запорожје.Неодамнешното примирје, кое им овозможи на стотици цивили да го напуштат Олешки – украински град под руска окупација – ќе послужи како модел за овие операции, пренесува „Еуроњуз“. Во вторникот, Зеленски објави дека за предлогот се разговарало на состанок посветен на исходите од неодамнешните трилатерални преговори во Абу Даби. „Украина предложи 10 дополнителни локации на привремено окупираните територии во регионите Херсон и Запорожје, каде што е потребна слична хуманитарна операција“, напиша тој на социјалните мрежи. Тој не прецизираше за кои населени места точно станува збор. Украинската дипломатска делегација ќе разговара за овој предлог со американските посредници. Моделот за евакуација од Олешки Примирјето во Олешки, кое траеше од 27 октомври до 1 ноември, беше воспоставено на иницијатива на првата дама на САД, Меланија Трамп, и им овозможи на жителите да заминат преку безбеден коридор. Меланија Трамп изјави дека вкупно биле евакуирани речиси 800 луѓе. Оние што одбрале да преминат на територијата под украинска контрола биле превезени преку Гомел, Белорусија, до регионот Чернигов. Други, наводно, избрале да бидат евакуирани во Русија. Ниту Украина, ниту Русија не објавија точни бројки за ниту една од групите. Киев подоцна тврдеше дека Русија го искористила примирјето за ротација на своите трупи на левиот брег на Днепар, во регионот Херсон. Паралелни предлози Комесарот за човекови права при Врховната рада, Дмитро Лубинец, изјави дека се договорил со својата руска колешка Јана Лантратова да упатат апел до првата дама на САД, со цел моделот од Олешки да се примени и во други окупирани населени места. Рускиот претседател Владимир Путин изнесе паралелен предлог за време на средбата со Трамп и американскиот пратеник Стив Виткоф во Кремљ, на 12 ноември. Тој предложи слична операција во Константинивка, во регионот Доњецк, тврдејќи дека градот е под руска контрола. Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, изјави дека Русија веројатно предлага примирје од истата причина како и во Олешки – за да изврши ротација на своите војници. Спор околу статусот на Костјантинивка Извештаи од украинската војска и анализи засновани на отворени извори укажуваат на тоа дека руските сили држат само делови од источниот и југозападниот раб на градот. Значителен дел од градот се наоѓа во зоната на конфликтот, додека остатокот е под контрола на украинските вооружени сили. Путин во повеќе наврати тврдеше дека руските сили веќе го зазеле тој град. Извор: Индекс.хрТагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook