Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на европска иднина заснована на кредибилитет реформи и резултати - Канал 5

Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на европска иднина заснована на кредибилитет реформи и резултати

Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот настан под мотото  „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, говореше за процесот на европска интеграција.

Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на европска иднина заснована на кредибилитет реформи и резултати

Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот настан под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, говореше за процесот на европска интеграција, за што истакна дека истата е неопходна, но мора да се темели на вистински реформи, функционални институции како и владеење на правото. Попов вели дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на кредибилен и одговорен пристап.

,,За земји како нашата, европскиот пат не е прашање на политичка мода, туку стратешка неопходност. Сепак, овој пат мора да се базира на кредибилитет. Реформите мора да бидат реални, институциите мора да функционираат, а владеењето на правото мора да се зајакне во пракса, а не само да се декларира во политички документи. Во исто време, процесот на европска интеграција мора да го задржи и сопствениот кредибилитет. Мора да се базира на јасни критериуми, еднаков третман и предвидлив напредок. Без оваа заедничка одговорност, процесот ризикува да го изгуби своето значење, особено кај младите луѓе кои очекуваат јасност и праведност“, вели Попов.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозен и структуриран пристап кон предизвиците, и како што вели тој, не ја третира европската интеграција како симболична цел, туку како процес кој бара длабока внатрешна трансформација.

,,Ова вклучува зајакнување на институциите, обезбедување правна сигурност и создавање услови за економски развој. Исто така, вклучува градење систем во кој заслугите, компетентноста и одговорноста се главни критериуми за успех. Ова е единствениот начин да се создаде одржлива и веродостојна европска иднина“, истакна Попов.

Попов вели дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на европска иднина заснована на кредибилитет, реформи и резултати

,,Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, ние сме исто така целосно свесни дека кредибилитетот не се гради преку изјави, туку преку доследна акција. Овој настан претставува четврти меѓународен настан на кој сме домаќини во изминатите три години. Овој континуитет не е случаен. Тој одразува јасна стратешка посветеност на меѓународната соработка, на градење партнерства и на позиционирање како сигурен и сериозен актер во рамките на европскиот политички простор. Токму преку ваков вид одржлив ангажман се воспоставува кредибилитет и се гради доверба со нашите партнери низ цела Европа“, рече Попов и додаде:

,,Како ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили, ние остануваме цврсто посветени на европска иднина заснована на кредибилитет, реформи и резултати. Подготвени сме активно да придонесеме во овој процес, со јасно разбирање дека одговорноста не може да се одложи“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер