Попов: СДСМ создаде апатија и незадоволство кај младите, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати енергијата - Канал 5

Попов: СДСМ создаде апатија и незадоволство кај младите, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати енергијата

На денешната трибина „Македонија сојузник на младите - перспектива и иднина“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Валандово свое обраќање имаше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов.

Попов: СДСМ создаде апатија и незадоволство кај младите, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати енергијата

На денешната трибина „Македонија сојузник на младите - перспектива и иднина“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Валандово свое обраќање имаше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов, кој што истакна дека СДСМ ветуваше многу но не исполни ништо и создаде апатија и незадоволство кај младите а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати енергијата и креира многу проекти и мерките за млади како ослободувањето од данок за компаниите кои ќе вработат младо лице, 0 % данок за фриленсери, изградба и реконструкција на студентските домови, нови студентски домови, подобрување на условите во основното и средното образование.

„Можам да констатирам дека апсолвирана тема во Македонија е дека младите немаат партнер во државата, дека државата Македонија не е мајка за своите млади луѓе туку мажеа и природно и следствено на тоа младите луѓе не чувствувајќи партнер во државата, гледајќи дека државата не им го чува грбот, не вложува во нив во се поголем број се одлучуваат да ја напуштат. СДСМ ги излажа сите категории на граѓани во Македонија и младите и земјоделците и млекарите и лекарите буквално сите но зошто е страшно начинот на кои беа излажани пред 6, 7 години наназад СДСМ јаваше на незадоволството на младите па веројатно и логично им се виде во тоа време многу и да им ветат на истите“ нагласи Попов.

Попов додаде и дека СДСМ ветуваше многу но не исполни ништо и создаде апатија и незадоволство кај младите но ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати енергијата и ќе креира мерки и проекти за млади.

„СДСМ не исполнија ништо и со тоа предизвикаа апатија кај младите луѓе а со тоа младите луѓе да чувствувааат одбивност и незаинтересираност кон политиката и политичкиот активизам. Сето тоа како УМС на ВМРО-ДПМНЕ изминатите 6 години се трудиме да го промениме и да ја вратиме енергијата и сметаме дека ја враќаме бидејќи се поголем број на млади луѓе се одлучуваат да пристапат кон унијата на млади сили. СДСМ не се партнер на младите луѓе ветија студентски град не исполнија ништо и токму затоа најголемиот удар оваа власт ќе го доживеат токму од младите. Мислам дека она што ги брка младите од Македонија е ненормалностите во македонското општество, целосната неправда која што ја чувствуваат во секој еден дел од живеењето. Основна работа која ќе треба да ја направиме како влада освен мерките за млади како ослободувањето од данок за компаниите кои ќе вработат младо лице, 0 % данок за фриленсери, изградба и реконструкција на студентските домови, нови студентски домови, подобрување на условите во основното и средното образование е младите луѓе да се разбудат во една нормална држава“ истакна Попов, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Нова технологија за поефикасен инспекциски надзор

  Општина Карпош продолжува да ги унапредува своите капацитети преку воведување на современи технологии во секојдневното работење. 

О. Карпош: Нова технологија за поефикасен инспекциски надзор

Во таа насоја, четворица вработени во општинската администрација успешно ја завршија обуката за управување со беспилотни летала (дронови), при што се стекнаа со сертификати за управување со ВБЕ (воздухоплов без екипаж). Сертификати за управување со беспилотно летало добија Душко Андонов и Жарко Радически, општински градежни инспектори, Јованче Цветановски, вработен во Одделението за екологија и енергетска ефикасност, и Саше Трајковски, камерман.

Со успешно завршената обука, дронот е ставен во употреба во рамки на Секторот Инспекторат и истиот ќе претставува значајна технолошка алатка за поефикасно, побрзо и попрецизно вршење на инспекцискиот надзор на терен. Неговата употреба ќе овозможи полесно согледување на состојбите на тешко достапни локации, визуелна документација на теренот, како и подобар увид во конкретни ситуации при спроведувањето на инспекциските постапки. Дронот ќе им биде достапен на сите инспектори во Секторот Инспекторат кои имаат потреба од ваков вид теренски надзор, а согласно потребите, неговата примена ќе може да се прошири и во работењето на останатите сектори во Општина Карпош. Оваа обука е особено значење, бидејќи не станува збор само за стекнување нови знаења и сертификати, туку и за создавање современи и поефикасни начини на работа во локалната самоуправа.

Примената на беспилотните летала отвора нови можности за подобро следење на инфраструктурата, урбанистичките состојби, јавните површини и состојбите во животната средина, како и за побрзо и поквалитетно собирање информации од терен. Со воведувањето на оваа технологија, Општина Карпош создава дополнителни перспективи за дигитализација и модернизација на своето работење, со цел инспекциските и другите општински служби да располагаат со посовремени алатки, а граѓаните да добиваат поефикасна, поодговорна и поквалитетна услуга.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција продолжува со плановите за забрана на социјалните мрежи за лица под 15 години

Француската влада до Европската комисија поднесува нова верзија на предлогот за забрана на социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, откако Уставниот совет претходно отфрли клучен дел од законската регулатива.

Франција продолжува со плановите за забрана на социјалните мрежи за лица под 15 години

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека, по детална техничка работа, владата пронашла решение што треба да ги задоволи забелешките на Уставниот совет и да биде во согласност со европското право.

„Оваа заштита мора да стане стандард и за сите европски деца“, рече Макрон, нагласувајќи ја желбата на Франција да види слична забрана спроведена низ целата Европска унија.

На 14 август, Уставниот совет ја отфрли забраната за социјални мрежи за лица под 15 години, оценувајќи дека таа претставува непропорционално ограничување на слободата на изразување.

Претходно, на 21 јули, францускиот парламент усвои закон со кој се забранува креирање нови профили за корисници под 15 години почнувајќи од 1 септември и се наложува затворање на постоечките профили во рок од четири месеци, како и задолжителна проверка на возраста.

По одлуката на Уставниот совет, Макрон му наложи на премиерот Себастиен Лекорну да подготви нов предлог.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029

Минхен и Барселона ќе бидат домаќини на финалните натпревари во Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година, објави УЕФА на своите официјални канали.

УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029

Истовремено, финалните натпревари во Лигата на Европа во овие сезони ќе се играат во Букурешт и Белград.

Белград ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа, на новиот стадион во Сурчин кој треба да биде изграден во 2027 години

Финалето во 2028 година од најважното европско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот на Баерн во Минхен, кој во соопштението на УЕФА е именуван како „Фудбалска арена Минхен“.

Една година подоцна, домаќин ќе биде „Камп Ноу“, стадионот на Барселона.

УЕФА ја објави веста придружена со фотографии од двата стадиона и порака во која се истакнуваат овие два култни фудбалски објекти, повикувајќи ги навивачите да изберат кое финале би сакале да го гледаат.

Белград го очекува финалето на Лигата на Европа, Националната арена во Букурешт ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа за сезоната 2027/28.

За сезоната, 2028/29, како домаќин е наведен Националниот стадион во Белград, кој моментално е во фаза на изградба. Тоа значи дека во 2029 година во Барселона и Белград ќе се одржат две големи европски клупски финалиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер