МВР заедно со ФБИ уапси 20- годишник од тетовска Голема Речица- произведувал и продавал детска порнографија
1МВР заедно со ФБИ уапси 20- годишник од тетовска Голема Речица- произведувал и продавал детска порнографија
3Тошковски на регионален состанок на УНОДЦ: Борбата против трговијата со луѓе бара силна прекугранична соработка и заштита на секоја жртва
Веб ТВПопов:Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решениеДипломатските напори на владата и продолжувањето на дијалогот со Бугарија оценети како позитивен чекор од страна на МАНУ. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Црна хроникаМВР заедно со ФБИ уапси 20- годишник од тетовска Голема Речица- произведувал и продавал детска порнографија Успешна заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, кривична пријава против 20-годишник од Тетовско.Како резултат на успешна координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро (ФБИ), откриен е администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки за извршување компјутерски криминал. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Е.А. (20) од Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Акцијата е резултат на првично добиени информации од ФБИ, по што следувала заедничка, координирана истрага насочена кон откривање и сузбивање на криминалните активности поврзани со нелегалниот онлајн пазар „OLVX“. Според обезбедените докази, пријавениот во периодот од 2023 до 2025 година бил администратор на домени и веб-страници поврзани со платформата „OLVX“, која служела како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела. Главни корисници на платформата биле сајбер-криминалци кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки и компјутерски мрежи на жртви. Во периодот на функционирање на платформата биле понудени над 1.500 украдени пристапни акредитиви. Истрагата дополнително утврдила дека во периодот од 2025 до 2026 година пријавениот администрирал и нелегална онлајн група под името „ONEMILI“ на комуникациската апликација „Телеграм“. Преку оваа група биле нудени услуги и софтверски алатки за извршување компјутерски криминал, вклучително и измами поврзани со незаконско враќање парични средства. Дополнително, обезбедени се докази дека пријавениот преку апликацијата „Телеграм“ набавувал и поседувал за себе материјали со сексуална злоупотреба на деца. Оваа операција претставува прва заедничка координирана сајбер-операција меѓу МВР и ФБИ, потврдувајќи го значењето на меѓународната полициска соработка во откривањето и сузбивањето на современите форми на организиран компјутерски криминал. Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, останува цврсто посветено на борбата против сајбер-криминалот, заштитата на личните податоци и безбедноста на граѓаните во дигиталниот простор. Успешната соработка со ФБИ претставува значаен чекор во зајакнувањето на капацитетите за справување со транснационалниот компјутерски криминал и испраќа јасна порака дека дигиталниот простор не смее да биде засолниште за криминални активности, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПредизборен шок во Израел: Нетанјаху го исклучува Бен-ГвирИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се противи на евентуален американско-израелски напад врз Иран пред изборите и изјави дека министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир нема да биде дел од новата влада доколку неговата партија победи.„Според мене, тоа [евентуални напади врз Иран] не ни одговара“, рече Нетанјаху, според весникот „The Times of Israel“. Во врска со Бен-Гвир, Нетанјаху призна дека „Бен-Гвир сака“ да биде дел од следната влада, но истакна дека тој не е оној што ја носи таа одлука. Претходно, повикувајќи се на американски и израелски официјални лица, израелскиот „Канал 12“ објави дека Нетанјаху разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за можноста за започнување војна против Иран пред изборите во Израел и во САД, наведувајќи ги како една од причините загрижувачките нови потези на Техеран во врска со неговата нуклеарна програма. Според тој извештај, Нетанјаху неколку пати разговарал со Трамп во текот на изминатите две недели за можноста за обновување на воени операции од големи размери против Иран, вклучително и заеднички американско-израелски напади врз воени цели и нуклеарни постројки. Изборите за Кнесетот се закажани за 27 октомври. Извор: Б92Тагови: Бен Гвир Бенјамин Нетанјаху Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамНОВИОТ ГЛОБАЛЕН АВТОМОБИЛСКИ БРЕНД CHANGAN ОФИЦИЈАЛНО ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈАЕуроимпекс станува дом на три глобални автомобилски брендаКомпанијата Еуроимпекс, позната како генерален застапник на 7 брендови, а како најпознати двата глобални автомобилски бренда Peugeot и Opel, од денес официјално станува дом на уште еден автомобилски бренд. „Еуроимпекс“ со официјално го претстави брендот CHANGAN, отворајќи ново поглавје во своето повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и дополнително збогатувајќи ја понудата со возила кои ги комбинираат луксузот, дизајнот, безбедноста и врвната технологија. Со ова клиентите во Македонија ќе добијат поголем избор, а во рамките на компанијата „Еуроимпекс“, ќе имаат на располагање сеопфатна понуда на едно место. Факти за CHANGAN Во автомобилската индустрија – CHANGAN е еден од четирите најголеми автомобилски производители во Кина и еден од најбрзо растечките глобални брендови во сегментот на интелигентната и одржлива мобилност, официјално пристигнува на македонскиот пазар. Со повеќе од 60 години искуство во автомобилската индустрија, CHANGAN денес е присутен во над 100 пазари ширум светот, располага со глобална мрежа на истражувачко-развојни центри во Кина, Италија, Германија, Велика Британија, Јапонија и САД, како и со десетици производствени капацитети и илјадници инженери и експерти кои работат на развојот на мобилноста на иднината. CHANGAN е глобален автомобилски производител кој континуирано инвестира во иновации, електрификација и паметни технологии, со јасна визија да стане еден од водечките автомобилски брендови во светот. Неговата филозофија „Smart Your Future“ ја отсликува посветеноста кон создавање возила кои нудат безбедно, интелигентно и поврзано возачко искуство. „Со особена чест и гордост воведуваме нов бренд во нашето портфолио. Кинескиот автомобилски гигант, CHANGAN. Овој бренд претставува совршен спој на иновација, технологија и квалитет, а нашата цел е на клиентите да им понудиме автомобили кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди. Убедени сме дека CHANGAN ќе биде освежување на домашниот автомобилски пазар и ќе постави нов праг на очекувања кај потрошувачите“, изјави Извршниот Директор на Еуроимпекс – Зоран Серафимовски „Во првата фаза, клиентите ќе имаат можност да се запознаат со моделите кои веќе успешно се претставуваат на европските пазари, нудејќи напредни системи за безбедност, современи дигитални технологии, електрифицирани погонски решенија и врвно ниво на комфор. Со официјалното пристигнување на CHANGAN, купувачите во Македонија добиваат не само нов автомобилски бренд, туку и целосно корисничко искуство кое вклучува професионална продажба, овластен сервис и постпродажна поддршка, согласно највисоките стандарди на производителот.“ – изјави Ивана Мначева Михајловска – Заменик извршен и Маркетинг Директор во Еуроимпекс За CHANGAN CHANGAN Automobile е еден од најголемите автомобилски производители во Кина, со повеќе од четири децении искуство во развојот и производството на патнички возила. Компанијата е присутна во над 100 земји и региони, располага со глобална мрежа на истражувачко-развојни центри и е препознаена како еден од лидерите во областа на интелигентната и одржлива мобилност. За Еуроимпекс Еуроимпекс е првата приватна компанија во автомобилската индустрија во Македонија и е една од водечките компании со 35 годишно искуство во увоз-извоз, продажба и сервисирање на возила. Со воведувањето на брендот CHANGAN, компанијата продолжува да ја реализира својата визија за лидерство на македонскиот пазар како и обезбедување на најсовремени глобални автомобилски решенија за клиентите. Лице за контакт: Ана Јовановска Менаџер за медиуми и односи со јавност [email protected] тел.: 072/260-206Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00