Поплавите во Германија открија муниција од Втората светска војна

Повеќе од 350 килограми муниција од Втората светска војна се откриени по големите поплави што погодија делови од Западна Германија кон средината на јули, објави државната агенција за надзор (АДД) во Трир.

Муницијата откриена од поројните води во федералната провинција Рајнска област-Пфалц за време на поплавите е главно муниција за малокалибарско оружје, но и гранати.

Само во долината на реката Ахр, која се излеала по обилните врнежи, биле пријавени 22 наоѓалишта на муниција.

Во меѓувреме, муницијата е уништена од експерти од провинциската служба за уништување на воените материјали.

Се претпоставува дека муницијата била закопана или фрлена во реката од страна на припадниците на германските сили за време на повлекувањето.

Во овие делови на Германија, имало жестоки борби меѓу германските сили и сојузнички трупи од запад во последните месеци од Втората светска војна.

Полицијата постојано апелира до граѓаните да бидат внимателни при наоѓањето муниција, која е нестабилна и опасна поради долгото складирање на отворено.

Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение

 Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет.

Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца.

- Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото Предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството, вели за МИА професорот на Богословскиот факултет во Скопје, Ратомир Грозданоски.

Објаснувајќи го значењето на црвеното јајце и зошто е земено за традиција, Грозданоски појаснува дека велигденското јајце црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение. Првите Христијани и современици на апостолите почнале да вапцуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувјаќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе!

Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден -денес е запазена во Светото Православие, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Бојата на јајцето не потсетува и на крвта Христова и на спасението.

[Новиот коронавирус беше една од темите на денешниот состанок на Светиот синод на Грчката православна црква и соопштуваат дека „причестувањето не може да биде причина за пренесување на болести]

Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна Причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристијата е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причесна ги украсува и Велигденските јајца.

Како што бојадисаните црвени јајца од Велики Четврток се јасна најава на блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики Четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.

– Според Светото Предание, се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносици прва го започнала овој обичај за Велигденските црвени јајца, вели Грозданоски, говорејќи за почетокот на традицијата на вапцување велигденски јајца.

Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господа Исуса Христа. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите: Христос Воскресе. Потоа му раскажала за се што ги учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.

Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат: Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

Православните христијани на Велигден подарувајќи си црвено јајце еден на друг или кршејќи се со него, всушност го симболизираат Христовото Воскресение и нашето спасение: победата над смртта – смрт на смртта. Затоа, овој обичај е израз на вера во Христовото Воскресение и вера во воскресение на мртвите. Тоа е надежта во спасението и идниот живот. /МИА

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница

Уставниот суд  денеска ќе ја одржи 15. седница, на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост и четири предлози за одлучување со нацрт-одлуки.

Меѓу нив и предметот во кој е оспорен член од Законот за Академија за судии и јавни обвинители кој се однесува на бодирањето од усниот дел од испитот при прием на нови слушатели.

Подносители на иницијативата се Александар Огненовски, адвокат од Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“- Скопје

Според наводите во двете пооделно поднесени иницијативи со извршената измена во членот 45 став 13, и тоа во делот на измена на бројот „30“ со бројот „35“ се врши измена на бодовите кои се однесуваат на усниот дел од практичниот испит, кој е дел од целокупниот приемен испит за почетна обука на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, информираат од Уставниот суд.

Подносителите на иницијативите сметаат дека законодавецот во ист член од еден закон овозможува збирот од писмениот и усниот дел од практичниот испит предвиден во ставовите 9 и 13 од член 45 од оспорениот закон, да изнесува вкупно 105 бода, што се во спротивност со вкупниот број на бодови кој го предвидел во практичниот дел од приемниот испит во ставот 14, а кој вкупно изнесува 100 бода и на овој начин практично е оневозможена примената на овој дел од Законот во делот на бодувањето на усниот дел од приемниот испит. Со ваквата измена на оспорениот член, подносителите на иницијативите сметаат дека законодавецот создал правна несигурност кај учесниците/кандидатите за прием на почетна обука во Академијата, при добивањето на крајната оцена од приемниот испит која се добива преку пресметување на аритметичкиот збир од бодовите кои ќе се добијат од двата дела на приемниот испит.

На дневниот ред се иницијативата со која е оспорен член 88 став 8 и 9 од Законот за дивечот и ловството, поднесена од Игорчо Точев. Во иницијативата се наведува дека членувањето на службените лица во Прекршочната комисија не може да се смета за нивен дополнителен ангажман туку претставува нивна работна обврска за чиешто извршување добиваат надомест во вид на плата за извршена работа, а не дополнителен надоместок во вид на награда што е спротивно на начелото на владеење на правото.

На денешната седница се и предметите оформени по иницијатива од Уставниот суд, а се однесуваат за член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ бр.16 од 23.11.2006 г.), за член 26 алинеја 5 и Глава VIII точка 9 „Автентично толкување на општ акт“ членовите 107, 108, 109 и 110 од Деловникот на Советот на Општина Дебар бр.07-312/3 од 8.08.2005 година („Службен гласник на општина Дебар” бр. 4 од 11.08.2005), за член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Oпштина Карпош бр.07-1299/2 од 13.03.2006 година („Службен гласник на Oпштина Карпош“ бр.3/2006), за член 15 алинеја 3 од Деловникот за работата на Советот на Општина Чашка бр. 08-913/5 од 30.06.2022 година и иницијативата за член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општината Центар Жупа бр. 07-315/4 од 28.06.2007 година („Службен гласник на Општина Центар Жупа” бр. 03/2007).

притисни ентер