Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина
1Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина
БалканПоплави во Србија, најдраматично во Нови Пазар, вонредна сосотојба во седум општиниДраматични сцени по излевање на реката Ибар во Србија, спасвачките служби извлекоа машко тело од реката Рашка во Нови Пазар, каде состојбата беше најалармантна. И натаму трагаат по другиот исчезнат. Поплавени се куќи, индустриска зона и предучилишни установи лоцирани во близина на реката Ибар Над 140 литри дожд наврнал во текот на ноќта. Вонредна состојба е прогласена во седумте српски општини Пријепоље, Сјеница, Нови Пазар, Брус, Тутин, Куршумлија и Прокупље. Реката Ибар се повлекува во коритото, засега нема опасност, но причинета е огромна материјална штета, велат локалните власти. „Проблем е дека се предизвикани многу одрони на територијата на општина Брус. И онака имавме проблем со одроните, сега проблемот е двојно зголемен и со тоа е загрозена безбедноста на граѓаните, загозени се голем број стамбени објекти и деловни простории.“--Валентина Милосавлевиќ, претседателка на општина Брус. Противпожарните служби и комуналните претпријатија ја подигнаа целата механизација за помош на поплавените, формирана е и Комисија за проценка на штети. Мештаните сведочат за траорните слики, кај дел од нив водата која навлегла во домовите достига до 1метар. „Ако има уште врнежи, ќе биде многу лошо. Навистина е алармантно.......Кога и да има поплава ние тука сме први на удар, први се поплавуваме. Вчера мислев дека се извелковме, водата дојде само во предсобјето. Утринва реката се спушти, беше се мирно. Но утрово околу 4.30 беше хаос жив, надојде вода и куќата цела се поплави“. Поради свлечиште во прекин е и сообраќајот на пругата од Пријепоље до Бар. Обилните дождови и бурните ветрови кои во средината на неделата ги зафатија Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора и предизвикаа големи поплави, утрово се претворија во снег и лапавица. Кај нас пак за сега метеоролозите најавуваат врнежи од дожд во текот на утрешниот ден кои што нема да бидат од обилен каракер. Од ЦУК апелираат до граѓаните да внимаваат на евентуални поројни дождови и предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот и утрешниот ден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна срединаОпштина Центар ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување. „Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски. Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина ЦентарКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин ХададНа маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат. Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција. На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “ Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп. На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook